Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
2Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
МакедонијаРегулаторна ги објави новите цени – дизелот поскапува за 3,5 денари, цената на бензините останува истаЦените на бенизните од ноќеска на полноќ остануваат исти, а дизелот ќе се покачи за 3,5 денари – регулаторната комисија за енергетика ги донесе новите цени на нафтените деривати. Во цената е вкалкулирано намаленото ддв од 18 на 10 %, одлука која владата ја донесен ан вчерашанта вонредна седница. Од РКЕ велат доколку останеше на сила ДДВ-то од 18 % цената на бензините ќе беше повисока за 6,50 денари за литар а дизелот ќе поскапеше за 10,50 денари за литар. Претходно Регулаторна го иземни и правилникот за формирање на нови цени, со кој доколку има потреба ќе може вонредно да се носи нова цена на нафтените деривати, без да се чека редовна седница. -Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,39 % во однос на одлуката од 16 март. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 13,592%, кај дизелот за 16,531%, кај екстра лесното масло за 15,222% и кај мазутот зголемувањето е за 9,207%. ЦЕНИ НА ГОРИВА ОД ПОЛНОЌ ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар) ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,50 (денари/литар) ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар) - РКЕ За да недојде до драматично зголемување на цените на горивата – владата интервенираше со намалување на ДДВто од 18 на 10 % - вели денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговарајќи на новинарско прашање рече дека Владата вчера покрај оваа мерка прогласила и кризна состојба во траење од 30 дена. Одлуката денеска беше објавен и во службен весник. Премиерот и денеска повтори состојабата се следи, немаме проблеми со снабдувањето, а доколку е потребно со цел дополнителна заштита на стандардот на граѓаните, ќе се интервенира и делот на акцизата. Со сегшаната мерка за намалено ДДВ која ќе важи во следните две недели според пресметките на Владата граѓаните на дневна основа ќе заштедат над 200 илјади евра, а на неделно ниво заштедата би била над 1 милиони евра. „Дојдовме до заклучок дека доколку би интервенирале во акцизите за бенизните тоа би било 1 денар по литар, а за дизелот 2 денара по литар. Затоа одлучивме да имаме поробусна акција и на овој начин ќе имаме за околу 6,5 до 7 денари по литар, но се разбира сотојбата ќе ја следиме и ние како владата како следна мерка кога тоа намалување би било позначајно ќе го имаме и тоа во предвид но сега сакавме поголема поробусна акција за веднаш да почувствуваат граѓаните да нема зголемување драматично.“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Дополнително во тек се и разговори меѓу министерката за енергетика Сања Божиновска и директорот на рафинеијата ОКТА, со кој се очекува да биде договорен и дополнителен попуст со цел да се интервенира кај цената на дизелот ... Предизвик според Мицкоски и натаму останува притисокот во пограничните во пограничните места, на кои точат гориво возачи од соседните земји, но засега не се планира некакво ограничување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетар Богојески во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Петар Богојески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во ГрцијаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНикол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог. Брак на 22 години Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа. За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“. Кариера и љубов Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа. Деценија брак и развод Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“. „Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време. Нов живот и поглед назад Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз. „Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа. Извор: Индекс.хрТагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook