Регулаторна алармира за можно поскапување на парното - Канал 5

Регулаторна алармира за можно поскапување на парното

Откако Уставен суд укина неколку членови од правилата за снабдување со топлинска енергија, со кои на граѓаните им се олеснува исклучувањето од системот на парно греење.

Регулаторна алармира за можно поскапување на парното

Откако Уставен суд укина неколку членови од правилата за снабдување со топлинска енергија, со кои на граѓаните им се олеснува исклучувањето од системот на парно греење, првиот човек на РКЕ Марко Бислимовски алармира дека тоа може да доведе до нагло исклучување на повеќе корисници, а со тоа зголемување на цената на услугата. Дополнително, тој објаснува дека доколку оние кои евентуално би се префрлиле од на парно на греење на струја би можело да се случи преоптерерување на дистрибутивниот систем во Скопје.

Во однос на барањето на РКЕ броилата да се читаат на месечно ниво, а по пресметките на електродистрибуција дека тоа би чинело 10 милиони евра вложување во опрема и кадар, Бислимовски информираше дека во периодов ќе се промовира концептот на самоотчитуање, за што ќе биде изготвен и веб сајт за поедноставно внесување на податоците, како и на инвестирање во смарт броила. Дополнително, се размислува и во сметките да биде наведено дали пресметката доаѓа од прочитано броило или паушално.

Од вчера во Службен весник беше објавен Новиот закон за енергетика, од кој за околу 1800 носители за вршење на енергетски дејности произлезе обврска во рок од 30 дена да поднесат барање за промена на лиценците. Бислимовски апелира тоа да го сторат во дадениот рок, бидејки во спротивно нивните лиценци ќе престанат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српски војник загина при напад на мисијата на ОН во Либан

Припадник на мировната мисија на Обединетите нации во Либан, кој беше убиен во гранатирање на југот од земјата, е српски државјанин, потврди либанското Министерство за одбрана.

Српски војник загина при напад на мисијата на ОН во Либан

Станува збор за виш водник Милован Јовановиќ (37), кој зад себе остави сопруга и две малолетни деца. Служел во српската армија од 10 декември 2011 година, а во мировната мисија во Либан од јануари оваа година, според министерството.

Починал од повредите здобиени во нападот врз базата на ОН во јужен Либан. Откако бил ранет, му била укажана итна медицинска помош во болница во базата, а потоа со хеликоптер бил префрлен во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што починал.

Уште двајца мировници се повредени

УНИФИЛ претходно објави дека еден мировник починал откако минофрлачки гранати ја погодиле неговата позиција во близина на Марџајун, во југоисточен Либан, доцна во среда навечер.

Двајца други мировници на ОН беа ранети во истиот напад. Тие беа лекувани во медицинска установа во базата на УНИФИЛ. Мисијата соопшти дека започнала истрага за да ги утврди точните околности на инцидентот.

УНИФИЛ не кажа кој е одговорен за нападот. Во соопштението се предупредува на зголемен број траектории и напади во јужен Либан и се вели: „Насилството мора да престане“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ за две години-Спречен влез на стотици тони небезбедна храна, вратени пратки од граница и изречени илјадници казни

Над 360 тони небезбедна храна било спречено да стигнат до трпезите на граѓаните во текот на изминатите две години.

АХВ за две години-Спречен влез на стотици тони небезбедна храна, вратени пратки од граница и изречени илјадници казни

Над 360 тони небезбедна храна била спречена да стигне во продажба на македонскиот пазар, во изминатите две години, информраше директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на одбележувањето на 15-годишнината од постоењето наАХВ и на Светскиот ден на безбедноста на храната.

минатата година АХВ ја заокружила со спроведени над 47.200 надзори, а за утврдените прекршоци изречени биле 6.770 инспекциски мерки.

Во однос на последниот скандал со млекарниците поврзан со контролите кјај 10 оператори но и укажувањата на експертите дека се потребни построги казни како гаранција за квалитет и безбедност на млечните производи. Миланов појасни дека ќе направат дополнителни контроли, со цел да се открие колку време траела праксата со проблематичните производи.тој најави дека ке се засилат контролите и кај месните производи.

И во следниот период ќе продолжат интензивните конторли од страна на ахв.. Од Агенцијата ги повикаа граѓаните да пријават доколку забележат сомнителни активности на субјектите кои работат со храна, затоа што, како што велат оттаму, безбедната храна не била привилегија, туку основно право на секој граѓанин.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преставниците на ЗНАМ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција

Од Движењето „За наша Македонија“ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција, но не исклучуваат можни персонални промени. 

Преставниците на ЗНАМ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција

Од Движењето „За наша Македонија“ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција, но не исклучуваат можни персонални промени. Велат задоволни се од работата и на Минчев и на Филков, но дека присуството на ЗНАМ во Владата не зависи од пероналниот состав на луѓето кои се дел од Извршната власт. Токму името на минстерот за правда Филков е едно од имињата кое наголемо се споменува во јавнсота дека ќе биде опфатено со реконструкцијата, но од ЗНАМ велат дека офцицијалните преговори се уште не се започнати.

„Органите и телата на ЗНАМ напавија евалуација на работата на сите јавни функционери од ЗНАМ и генерално ние сме задоволни од нивниот учинок во делот на спроведување на валдината програма. Нашиот мерит систем покажа дека нити еден јавен функционер не отстапува од програмските определби на владата. Не очекувам никакви измени во делот на ресорите на од страна на ЗНАМ. Консултации се вршат на дневна основана лидерско ниво меѓу Максим Димитриевски и Мицкоски, но официјалните преговори меѓу преговарачките тимови ќе започант негде кон средината на јуни“ – Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Започнуавње на преговори за промени во владините ресори во наредните денови најави и копрестедателот на Вреди, Изет Меџити.

„Деновиве треба да седнеме и разговараме за принципите и дали ќе одиме со промена на ресори, имиња и така натаму“– Изет Меџити, копретседателот на ВРЕДИ.

Кој минситри ќе бидат опфатени со реконструкцијата и дали ќе има рокади како што најави премеирот Мицкоски ќе биде познато до крајот на месецов. Промени најверојатно ќе има во Министерството за социјална политика откако Фатмир Лимани и јавно кажа дека им се разделија патиштата со Вреди, но неофицијално е можно премиерот да го ротира на функцијата на Иван Стоилковиќ во министерството за односи меѓу заедниците.

Се шпекулира и дека ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ќе си ги заменат здравство и образование, но од Вреди тврдат дека засега одлука за овие ресори нема. Изпразнето остана и вицепремиерското место за добро владеење во Владата по оставката на Арбен Фетаи, а засега неизвесно е кој ќе го замени и дали ресорот ќе остане во рацете на Вреди.

Фетаи, пак според информациите на Меџити ќе биде назначен за специјален претставник на владата во Брисел.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер