Регистрирани се 999 нови случаи на Ковид 19, починале 21 заболен

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.566 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 

Во Скопје – 465, Прилеп – 53, Куманово – 52,Велес – 48, Кавадарци – 43, Гостивар – 38, Неготино – 37, Тетово – 36, Битола – 35, Охрид – 33, Штип – 30, Гевгелија – 23, Кочани – 16, Крива Паланка – 10, Кичево – 9, Валандово – 8, Струмица и Радовиш – по 7, Берово, Богданци и Демир Капија – 6, Ресен, Дебар, Пробиштип и Виница – по 4, Струга, Крушево и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево и Македонски Брод – по 2.

Регистрирани се 711 оздравени пациенти од:

Скопје – 264, Прилеп – 72, Тетово – 44, Охрид – 40, Гостивар – 33, Куманово и Битола – по 32, Велес – 29, Струга – 26, Струмица – 23, Штип и Крива Паланка – по 17, Кочани и Гевгелија – по 14, Берово – 13, Крушево и Богданци – по 6, Кичево, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Кавадарци, Ресен, Валандово и Пехчево – по 2, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Пријавено е вкупно 21 починато лице, на возраст од 50 – 90 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, три починати лица од Велес, по две починати лица од Прилеп, Охрид, Струга и Гевгелија, и по 1 починато лице од Куманово, Гостивар, Струмица и Ресен. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3.566 тестови преку: ИЈЗ-543, ЦЈЗ Скопје-92, Авицена-420, Биотек-291, Жан Митрев (Филип Втори)-173, Систина -325, лабораторија Лаор–260, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Синлаб-65, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.271, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0.

Досега во земјата се направени вкупно 582.489 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 117.437, бројката на оздравени пациенти е 99.837, на починати е 3.424, а бројот на активни случаи изнесува 14.176.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 52179, активни 7138

Прилеп 6387, активни 923

Куманово 6153, активни 498

Тетово 5939, активни 425

Гостивар 4189, активни 351

Кавадарци 4033, активни 706

Штип 3936, активни 262

Велес 3936, активни 427

Битола 3887, активни 416

Охрид 3718, активни 509

Струмица 2991, активни 237

Струга 2548, активни 151

Кочани 2062, активни 200

Кичево 1858, активни 73

Неготино 1714, активни 458

Гевгелија 1575, активни 327

Свети Николе 1166, активни 49

Крива Паланка 1003, активни 133

Ресен 915, активни 113

Дебар 813, активни 19

Радовиш 816, активни 69

Делчево 789, активни 64

Берово 741, активни 77

Пробиштип 622, активни 65

Виница 552, активни 29

Валандово 452, активни 78

Крушево 399, активни 124

Богданци 360, активни 67

Кратово 306, активни 24

Демир Хисар 309, активни 43

Демир Капија 321, активни 83

Македонски Брод 265, активни 13

Пехчево 205, активни 15

Македонска Каменица 195, активни 3

Дојран 103, активни 7

Најмладите од Дебарско и Река со каланда го возвестија Лазаревото воскресение

 Света Бигорска обител денеска беше израдувана од прекрасното пеење на Лазаревата каланда „Кажи Лазаре“, којашто одекнуваше од устите на најмладите дечиња од реканскиот и дебарскиот регион.

-Овие прекрасни млади души, на чиишто лица сјаеше празничната радост, со чистина во срцата ни го најавија претстојното Пасхално торжество и преку каланда ни проговорија за Лазаревото Воскресение, кое е вовед во светлото и славно Христово Воскресение, рече сестра Ефимија.

Додаде дека дечињата, во придружба на своите родители, најпрво со воодушевување ги пееја каландите во манастирскиот двор, од каде што потоа се упатија кон работната игуменска одаја на нашиот старец епископ г. Партениј, за и нему да му ја пренесат сеопштата радост од Господовото воскреснување на четиридневниот Лазар.

-Таму тие беа срдечно и радосно пречекани од татковското срце и прегратка на дедото, а потоа и дарувани со традиционалните колачи Лазаринки, со велигденски ламбади и со други подароци, посочи сестра Ефимија.

Ким Кардашијан на средба со потпретседателката на САД, Камила Харис

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан разговарала со потпретседателка на САД, Камала Харис за реформите во кривичното право на тркалезна маса организирана од Белата куќа, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека тркалезната маса ги истакнала напорите на американската администрација кога станува збор за реформите во кривичното право.

Белата куќа на тркалезната маса покани и четири лица кои биле помилувани од американскиот претседател Џозеф Бајден претходната недела.

Кардашијан ја посети и Белата куќа и во времето на претседателот Доналд Трамп.

Во објава на својата социјална мрежа во ноември минатата година, Трамп ја нарече Кардашијан „најпреценетата славна личност во светот“, врз основа на анегдота од неодамна објавената книга на новинарот на ABC News Џонатан Карл, пренесува б92.

Коалицијата „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“

 „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“, ветуваат минимална плата од 800 евра

Нов устав со Албанците како второ мнозинство во државата, прекугранична економска зона со Албанија и Косово, инвестиции од 500 милиони евра за инфраструктура во албанските општини и 800 евра минимална плата се дел од десетте точки на изборната програма „План 2030“ на Коалицијата „Вреди“.

Коалицијата денеска во Тетово ја презентираше изборната програма со која се предвидува и забрана за коцкање и брзи заеми, ослободување на затвореници од монтирани случаи и нивно обесштетување, слободни економски зони за печалбари и за млади, зголемување на пензии, социјална помош и субвенции, како и капитални инвестиции да достигнат до 150 евра по глава на жител.

Десетте точки од „План 2030“ ги презентираа носителите на листите во изборните единици.

- Ние сме сигурни дека ја имаме најдобрата листа, имаме листа која ќе ги направи промените. Исто така, нашата програма се однесува на економскиот развој, интегрирање на државата во Европската Унија, како и на подобрување на меѓуетничките односи, подобрување на правата на албанците кои ги претставуваме. Сигурни сме дека на 8 мај оваа листа, и оваа програма ќе биде победничка и после 8 мај ќе биде дел од владината коалиција, истакна Биљал Касами, носител на листата во ИЕ6 и претседател на Движење Беса.

На новинарско прашање кој кандидат ќе се поддржи во вториот круг од изборот за претседател, Арбен Таравари, истакна дека нема дефинитивна одлука и таа ќе биде донесена во текот на наредните денови.

За можното коалицирање со ВМРО ДПМНЕ за состав на Влада, Биљал Касами рече дека се подготвени за разговор.

- Кажуваме дека сме подготвени да седнеме да разговараме за составување на идната влада со тоа што цениме дека сме единствени претставници на Албанците затоа што сме единствена коалиција која ги претставува Албанците, рече Касами.

притисни ентер