Регистрирани се 554 нови случаи на Ковид- 19, починале 17 заболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 309, Куманово – 44, Прилеп и Велес – по 20, Тетово, Битола и Кавадарци – по 17, Кочани – 16, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија и Ресен – по 6, Струмица и Штип – по 5, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 4, Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 3, Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип – по 2, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 891 оздравени пациенти од: Скопје – 360, Охрид – 132, Струга – 105, Куманово и Струмица – по 42, Тетово – 26, Велес – 20, Гостивар – 19, Прилеп и Штип – по 18, Битола и Кичево – по 16, Кавадарци – 9, Кочани, Радовиш, Дебар и Берово – по 8, Гевгелија и Ресен – по 6, Свети Николе и Кратово – по 5, Виница и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Валандово и Дојран – по 2, Делчево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се 17 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 82г, 73г, 71г, 62г, 44г, 40г, 36г, 34г и 33г), 2 починати лица од Прилеп (75г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (85г), Струмица (74г), Кичево (76г), Кочани (63г) и Демир Хисар (59г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Направени се 4.072 тестови преку: ИЈЗ-310, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–72, ЦЈЗ Куманово-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија – 6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-104, Авицена-255, Биотек-288, Систина-137, лабораторија Лаор-169, Синлаб-37, Ремедика-33, Плодност–40, Генеа-15, Никоб лаб-485, ВФВ Медикал-66, Ели Медика-81, Ројал Медика –9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.713.

Досега во земјата се направени вкупно 1.258.133 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 81431, Активни 5701

Куманово 11075, Активни 905

Тетово 10764, Активни 985

Прилеп 8929, Активни 275

Гостивар 7925, Активни 509

Битола 6958, Активни 246

Велес 6057, Активни 284

Охрид 5827, Активни 545

Кавадарци 5761, Активни 203

Струмица 5618, Активни 462

Штип 5567, Активни 225

Кичево 3888, Активни 427

Струга 3758, Активни 536

Кочани 3150, Активни 135

Гевгелија 2361, Активни 73

Неготино 2299, Активни 43

Свети Николе 1828, Активни 104

Ресен 1514, Активни 102

Радовиш 1481, Активни 106

Дебар 1444, Активни 127

Крива Паланка 1359, Активни 58

Берово 1195, Активни 33

Делчево 1110, Активни 66

Виница 1009, Активни 45

Пробиштип 897, Активни 42

Валандово 788, Активни 29

Богданци 544, Активни 20

Кратово 531, Активни 49

Крушево 518, Активни 15

Македонски Брод 462, Активни 32

Демир Хисар 426, Активни 16

Демир Капија 406, Активни 4

Пехчево 310, Активни 8

Македонска Каменица 293, Активни 21

Дојран 139, Активни 2

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива

„Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.

„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер