Регистрирани се 1.402 нови случаи на Ковид 19, починале 29 заболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 603, Битола – 105, Куманово – 84, Велес – 82, Прилеп – 70, Струмица – 52, Охрид – 46, Кавадарци - 40, Штип – 36, Гевгелија – 32, Тетово и Гостивар – по 28, Кочани – 23, Кичево – 21, Струга – 20, Неготино - 16, Ресен – 14, Свети Николе – 13, Радовиш и Виница – по 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Пробиштип – 8, Берово и Македонски Брод – по 7, Демир Капија – 5, Делчево, Кратово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Крушево, Пехчево и Богданци – по 2, Дебар и Дојран – по 1.

Регистрирани се 761 оздравен пациент од:

Скопје – 388, Прилеп – 51, Битола – 45, Кавадарци – 37, Гостивар – 28, Тетово – 27, Куманово – 26, Велес – 24, Штип и Неготино – по 19, Гевгелија – 18, Струмица – 13, Ресен – 9, Берово – 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Валандово и Крушево – по 3, Кратово, Демир Хисар и Богданци – по 2, Дојран – 1.

Пријавени се вкупно 29 починати лица: 10 од Скопје (49г, 61г, 2 лица со 62г,63г,68г, 69г,72г,74г,и 76г), 3 од Битола (62г, 64г, 71г), по 2 пациенти од Прилеп (75г и 92г), Гостивар (70г и 74г), Кавадарци (50г и 62г), Штип (72г и 83г), а по еден пациент е пријавен од Струмица (78), Куманово (84г), Кочани (76г), Кичево(74г), Неготино (84г), Ресен (65г), Радовиш(58г) и Демир Хисар(80г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3.978 тестови преку: ИЈЗ-777, ЦЈЗ Скопје-94, ЦЈЗ Битола-101, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–82, МАНУ-177, Жан Митрев (Филип Втори)-197, Авицена-334, Биотек-285, Систина-246, лабораторија Лаор-165, Синлаб - 63, Ремедика-46, Плодност – 62, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.331.

Досега во земјата се направени вкупно 629.233 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 131.424, бројката на оздравени пациенти е 107.740, на починати е 3.810, а бројот на активни случаи изнесува 19.874.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 58820, активни 9858

Прилеп 7131, активни 1095

Куманово 6944, активни 927

Тетово 6358, активни 613

Гостивар 4576, активни 487

Велес 4568, активни 754

Битола 4524, активни 802

Кавадарци 4491, активни 722

Штип 4307, активни 454

Охрид 4176, активни 796

Струмица 3306, активни 376

Струга 2698, активни 245

Кочани 2267, активни 253

Кичево 2032, активни 193

Неготино 1948, активни 391

Гевгелија 1859, активни 398

Свети Николе 1280, активни 127

Крива Паланка 1080, активни 110

Ресен 1015, активни 163

Радовиш 912, активни 120

Дебар 860, активни 56

Берово 850, активни 116

Делчево 845, активни 91

Пробиштип 703, активни 103

Виница 622, активни 83

Валандово 525, активни 89

Крушево 435, активни 124

Богданци 410, активни 74

Демир Капија 360, активни 82

Кратово 333, активни 29

Демир Хисар 326, активни 41

Македонски Брод 303, активни 38

Пехчево 235, активни 35

Македонска Каменица 211, активни 17

Дојран 114, активни 12

Мото ГП: Бањаја победи во Херез

 Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) победи во трката од Светскиот шампионат во мотоциклизам која денеска се возеше во шпанскиот град Херез елитната класа во Мото ГП.

Втор беше Шпанецот Марк Маркез (Гресини Дукати), а трет Италијанецот Марко Безки (Дукати ВР46),.

Лидерот во генералниот пласман на сезоната, Шпанецот Хорхе Мартин (Прамак Дукати) не ја заврши трката, што најдобро го искористи светскиот првак Бањаја.

Во генералниот пласман Мартин сега има 92 бода, 17 повеќе од Бањаја на второто место.

Следната трка се вози на 12 мај во француски Ле Ман.

Древниот дебарски храм заблеска за Цветници, благодарение и на христијаните и на муслиманите

По повод празникот Цветници, кој традиционално се одбележува во овој возобновен божји храм, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, денеска, како некогаш што било, беше преполн со верници, постојани и поранешни жители.

По повод празникот Цветници, кој традиционално се одбележува во овој возобновен божји храм, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, денеска, како некогаш што било, беше преполн со верници, постојани и поранешни жители кои за празникот се тука, но во голем број присуствуваа и жители од други градови на државава.

-Завршувајќи ја душеполезната Велика Четириесетница, благодарение на Свештената Бигорската Обител, пред се на владиката Партениј, заедно го одбележавме празникот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на Животот над смртта. Ме потсетува на некои поодамнешни години, кога тука живевме многу голем број православни. Од срце им благодариме на Свештената бигорска обител и владиката Партениј, вели Јованка Василевска, врз чии плеќи се надвиснати осум децении.

Со Божествената Архиерејска Литургија, чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со Бигорските архимандрити, јеромонаси и дебарскиот свештеник Миле Ангеловски.

За сите дебрани, како што самите велат, денешниот ден е голем ден.

-Верувам дека и ѝ направиме чест на Пресветата Владичица наша Богородица, заради оваа нејзина црква-паметник со големо историско и духовно значење, а им оддадовме чест и благодарност на богољубивите предци, коишто со голема пожртвуваност ни го оставиле ова велелепно и свето наследство што ете сега го гледаме возбновено и во сиот свој сјај, додава Евангелија Грбиќ од Кичевскиот хор Митрополит Козма Пречистански, кој пак, денеска милозвучно пееше на богослужбата, но изведе и неколку каланди во возобновениот трем на храмот.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е сместена во населбата Варош, во горниот дел на градот изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви.

-Таа е во вистински спомен на духовниот и градителски дострел на нашите предци од тој славен период, имајќи ги предвид и тешките општествени и економски услови и ограничувања. Порано била главен соборен храм на Дебарското архиерејско намесништво и била седиште на Дебарската митрополија. Потврда за тоа е и фактот што и ден денес просторот до црквата ние дебрани го нарекуваме митрополија, вели Душан Казанџиевски претседател на црковниот одбор на дебарската парохија.

Тој денеска од страна на владиката Партениј беше одликуван со орден Претеча заради сите негови заслуги околу историскиот храм.

-Возљубени дебрани, мили браќа, сестри и чеда. Знаете дека минатата година, заедно со малкуте православни дебрани од градот, започнавме да го обновуваме овој свет и славен Храм на Царицата Мајка Богородица. Лани започнавме со нешто малку, но годинава обновивме многу повеќе. Ги реставриравме столбовите, ги променивме распаднатите греди на храмовиот балкон, ја очистивме целата црква и сосема го возобновивме тремот, кој сега е навистина прекрасен. Кога пред два месеца започнавме интензивно да обновуваме и да градиме, доста средства ни пристигаа од нашите Христијани ширум целата наша возљубена Македонија. Во делото, пак, на возобновата најмногу се потруди благочестивиот господинот Душан Казанџиовски од Дебар, чесен и угледен човек од стара дебарска фамилија, еден од малкутемината храбри коишто останаа да живеат тука. Во обновата, исто така многу се потруди и сестра Елисавета од манастирот во Рајчица. Да знаете дека сите што работеа на храмот, секое утро уште пред 5 часот доаѓаа овде, остануваа некогаш и до полноќ, само за да би го завршиле навреме, рече владиката Партениј.

Затоа, додаде, дозволете ми, во оваа свечена прилика, по одлука на советот на старците од Бигорскиот манастир, да го одликуваме нашиот возљубен Душан Казанџиовски со највисокото манастирско одликување – орденот „Претеча“, заради неговите особени трудови, заложби, пожртвуваност и љубов за овој свет и сечесен храм.

- Бездруго, тој неуморно работи и се грижи за Црквата, и да ви исповедам нешто лично – сум го гледал како лее солзи кога црквата пропаѓаше, а го гледам и денес кај повторно плаче, но сега од радост. Овој добар човек го почитуваат сите граѓани од Дебар. Кога и да поминеше низ дебарската чаршија изминатиов период, нашите драги сограѓани, честитите Албанци кои знаат што правиме, му даваа средства, за да ја помогнат обновата на Црквата, па така Душан секојпат се враќаше во храмот со парични даренија. Затоа се молиме и нив Бог да ги благослови. Денеска на Божествената Литургија се помоливме и за сите граѓани на овој град, без разлика на нивната национална припадност, без разлика на нивната вера, оти сите ние сме возљубени деца на Господ, со вдахновеност и радост истакна владиката Партениј.

Благодарност, искажува и сестра Ефимија, до сите дебрани, без разлика на нивната верска или етничка припадност.

-Тука сме со посебно чувство на заедништво и припадност, на благодарност кон Бога и едни кон други заради ова големо дело што во толку кратко време успеавме да направиме да изгледа вака.

Им се заблагодаруваме на сите Дебрани, без разлика на нивната вера или националност, кои несебично ја даваа својата помош во текот на последните 2 месеци откако започнаа активностите на возобнова на храмот, додава сестра Ефимија.

Вредните дебранки за неколкуте стотина прсутни верници подготвија и богата закуска. /МИА.

Арсовска: Политичката партија Нова Алтернатива, за прв пат самостојно учествува на избори

Сите заедно, со една идеја - правда за Македонија - да се обединиме без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за економски просперитет.

Политичката партија Нова Алтернатива, за прв пат самостојно учествува на овие парламентарни избори со нова енергија, нови луѓе и како нова опција ги повикуваме граѓаните кои веруваат дека со борба против корупцијата и криминалот заедно ќе обезбедиме подобра иднина, да гласаат за бројот 9.

Сите заедно, со една идеја - правда за Македонија - да се обединиме без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за економски просперитет.

Заедно да обезбедиме правна држава во која ќе нема привилегирани и секој ќе биде еднаков пред законите.

Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас -граѓаните, држава во која ќе владее ред и поредок.

Политичка партија Нова Алтернатива

притисни ентер