Регистрирани 1.396 нови случаи со Ковид-19, пријавени се 9 починати лица - Канал 5

Регистрирани 1.396 нови случаи со Ковид-19, пријавени се 9 починати лица

Направени се 11.479 тестови.

Регистрирани 1.396 нови случаи со Ковид-19, пријавени се 9 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 11.479 тестови, а регистрирани се 1.396 новислучаи на КОВИД-19:

Скопје – 790, Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – 31, Охрид и Гевгелија – 26, Гостивар – 24, Кичево – 22, Велес – 21, Ресен – 19, Тетово – 18, Неготино – 17, Штип и Кочани – по 16, Струга – 12, Крушево – 9, Пробиштип – 8, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Валандово и Македонски Брод – по 6, Струмица – 5, Делчево – 4, Богданци и Пехчево – по 3, Виница и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од: Скопје – 199,Битола – 32, Кавадарци – 26, Ресен – 13, Охрид – 12, Тетово – 10, Неготино – 9, Гевгелија – 8, Штип – 6, Куманово, Гостивар, Велес и Струмица – по 4, Кичево и Валандово – по 3, Кочани, Радовиш, Делчево и Дојран – по 2, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: по едно починато лице од Демир Хисар(78г), Битола (79г), Ресен (73г), Прилеп (76г) Штип (63г) и Македонска Каменица (73г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Тетово, Струмица и Кичево, починати во период од 17 - 18.12.2021г. Починатите се на возраст од 68 години до 87 години. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и 2 во домашни услови.

Направени се 11.479 тестови преку: ИЈЗ-308, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-123, ЦЈЗ Прилеп-77, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-253, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –7,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3,Жан Митрев (Филип Втори)-198, Авицена-313, Биотек-501, Систина-179, лабораторија Лаор-932,Синлаб-158, Ремедика-30, Плодност-222, Генеа-13, Никоб Лаб-1.048, ВФВ Медикал-159, Ели Медика-599, Ројал Медика–120, Спектра-ММ-63, Рапид Лаб–71, ЖанМитрев Струмица–71, Нова Лаб Дијагностика–60, Рамус-34, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 5.845.

Досега во земјата се направени вкупно 1.659.878 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464,бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграции

Потпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски, денеска оствари средба со потпретседателот на Сејмот на Република Полска, Шимон Холовња, кој престојува во официјална посета на Собранието, придружуван од парламентарна делегација.

Милошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграции

На средбата беше изразено заемно задоволство од добрите и пријателски односи меѓу двете држави, како и подготвеност за нивно натамошно продлабочување преку интензивирање на политичкиот дијалог, парламентарната соработка и економските врски.

Потпретседателот Милошоски ја истакна важноста на парламентарната дипломатија како инструмент за унапредување на билатералните односи, нагласувајќи дека постои значителен простор за зајакнување на соработката меѓу Собранието и полскиот Сејм. Во таа насока, беше нагласено значењето на почестите меѓупарламентарни средби, размената на искуства и соработката меѓу пратеничките групи за пријателство и парламентарните комисии.

Посебно внимание беше посветено на процесот на европска интеграција на Македонија. Милошоски изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка што Република Полска ѝ ја дава на нашата држава на патот кон полноправно членство во Европската унија. Тој нагласи дека европската интеграција останува стратешки приоритет, при што напредокот во пристапниот процес треба да се темели на објективни критериуми, спроведени реформи и постигнати резултати.

Соговорниците го истакнаа значењето на политиката на проширување на Европската Унија како важен фактор за стабилноста, безбедноста и економскиот развој на европскиот континент. Во тој контекст, беше нагласена важноста од задржување на кредибилната европска перспектива на земјите од Западниот Балкан.

Во разговорите беше отворено и прашањето за унапредување на економската соработка, со посебен акцент на можностите за зголемување на трговската размена и поттикнување на меѓусебните инвестиции.

На крајот од средбата, двајцата потпретседатели ја потврдија заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи и интензивирање на соработката меѓу законодавните домови на двете држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

По повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. 

Ристовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливање

Националната пливачка федерација (НПФ) со поддршка од Министерството за спорт, го надмина долгогодишниот проблем со блокираната сметка и целосно се враќа во функција. Решавањето на овој проблем е значаен чекор кон финансиска и организациска стабилизација на Федерацијата и создавање услови за понатамошен развој на македонското пливање.

На денешната прес-конференција, на која присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, официјално беше соопштено дека обврските се исполнети и проблемот е надминат.

„По речиси една и пол година од состанокот што го имавме во Министерството за спорт и кој за македонското пливање значеше тргнување од мртва точка, еве денеска имаме уште поконкретен резултат. Секој си ги исполни зацртаните задачи во рамките на своите ингеренции и тоа донесе резултат. Обврската на Министерството за спорт и на Владата беа да се обезбедат средства и да се одблокира сметката на Федерација што беше блокирана 12 години и ние тоа во целост го исполнивме. Обврската на Националната пливачка федерација и на претседателот Сашо Лазаревски беше да обезбедат непречено функционирање, сите клубови да бидат во една федерација, да нема поделби и проблеми како претходно. Пливањето ќе ја има нашата поддршка затоа што во федерацијата има луѓе кои се посветени и одговорни, искрено го сакаат спортот и сакаат да напредуваат и сигурен сум дека во иднина ќе имаме уште поголеми успеси во овој спорт“ – рече министерот Борко Ристовски.

Министерот за спорт истакна дека решавањето на долгогодишниот проблем е важен чекор кон враќање на стабилноста и создавање нови перспективи за македонското пливање. Во насока на долгорочно унапредување на пливањето, Министерството за спорт, во соработка со општините и раководството на НПФ, работи на создавање услови дел од базените што ги гради државата да бидат предадени на управување и користење на Федерацијата.

„Нашата обврска како Министерство за спорт е да ги отстрануваме пречките што го кочат спортот и да создаваме услови во кои спортистите ќе можат да напредуваат и да остваруваат резултати. Ова е важен чекор, но продолжуваме и со конкретни мерки за подобрување на спортската инфраструктура и условите за тренинг. Во таа насока е и новиот модел на стопанисување со спортските објекти што ги гради државата. Еден од новите базени веќе е предаден на управување на Националната пливачка федерација, а наскоро ќе биде завршена процедурата за уште два други, сѐ со цел спортистите да добијат подобри услови за работа, со овие спортски објекти правилно да се стопанисува и тие во целот да ја исполнат својата намена“ - посочи Ристовски.

Овој пристап има за цел да овозможи подобро искористување на спортската инфраструктура, поголема достапност на базените за пливачите, за Федерацијата и за клубовите и создавање подобри услови за развој на младите таленти.

Претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, изрази благодарност за поддршката и добрата соработка со Министерството за спорт и најави почеток на нова ера за македонското пливање.

„Со огромно задоволство сакам да соопштам дека заедно со Министерството за спорт успеавме да исполниме сите задачи што ги поставивме пред една и пол година и дека Националната пливачка федерација сега работи со одблокирана сметка,функционира одлично обединета и сите клубови заедно работат на тоа. Благодарност до министерот за спорт кој даде ветување и се заложи за нашата федерација, благодарност и до Владата која изнајде средства и начин да ни помогне и еве денеска ние започнуваме една нова ера“ – рече Лазаревски.

Со решавањето на проблемот со блокираната сметка и со активностите за подобрување на инфраструктурните услови, Министерството за спорт продолжува со поддршката на македонското пливање и со заложбите за негова стабилизација и враќање на патот кон нови спортски успеси.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судири со полицијата, повредени и барања за оставка на Рама на протестите во Тирана

Насилството продолжи на улиците во Тирана. За време на вчерашните протести повредени биле двајца демонстранти и двајца полицајци.

Судири со полицијата, повредени и барања за оставка на Рама на протестите во Тирана

Судирите избувнаа пред министерството за образование, откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон полицијата, која возврати со солзавец. Протестите предводени од студентите траат веќе 13 дена. Првично беа поттикнати од незадоволството од состојбите во образованието, високите трошоци за живот и ограничените можности за вработување на младите. Движењето прерасна во антивладини демонстрации, при што се бара оставка од премиерот Рама, кој во неколку наврати повика на дијалог, но демонстрантите тие понуди ги одбија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер