Регистерска табличка на расипан скутер на аукција се продадени за 91 000 фунти - Канал 5

Регистерска табличка на расипан скутер на аукција се продадени за 91 000 фунти

Регистерски таблички на приватен сопственик на аукција се продадени за 91 000 фунти , а од аукциската куќа објаснуваат и зошто се толку вредни.

Регистерска табличка на расипан скутер на аукција се продадени за 91 000 фунти

Приватните регистерски таблички на тајванскиот скутер ,,Кимко Агилити” , проценет на 1000 фунти достигна рекорден износ на аукцијата за 91 000. Скутерот , кој достигна неочекувано висока цена , се разбира поради табличките, се продавал во британската аукциска куќа Glencoe Auction Rooms во Сент Лоренс, Џерси.

Табличката беше купена од страна на анонимен возач за рекордна цена поради бројот во комбинација со една буква.Регистрацијата гласи "J68" и се однесува дека моторот е регистриран на еден од Каналските Острови.

Екстремно ретката табличка , која е прицврстена на расипан мотор од 500 кубика , доби толку висока цена, бидејќи само кус период се регистрирале возилата на островите во Ла Манш со таква комбинација.

Ваквите таблички може да се продаваат и за повеќе од половина милион фунти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот залив утрово одекнаа експлозии, јави агенцијата Фарс.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Како што јави Иранската студентска новинска мрежа (SNN), ирански танкер со нафта во близина на островот Харг бил погоден со проектили.

Иранскиот новински канал Хабар Фури објави дека танкерот бил погоден со четири американски проектили и дека во тек е евакуација.

Островот Харг се смета за клучен нафтен терминал и околу 90 отсто од извозот на нафта на Иран се обработува таму.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави на социјалната мрежа Truth social видео генерирана од вештачка интелигенција на која се гледа како американските сили го напаѓаат Харг, со коментар дека островот е „разнесен на парчиња“.

Потоа, генералниот директор на иранската национална нафтена компанија Хамид Бовард изјави дека немало напади и најавите на Трамп ги нарече „смешни“.

Бовард потсети дека во минатото американските и израелските сили постојано го бомбардираа овој остров, од каде потекнуваат 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но и тогаш работните активности не беа прекинати ниту за момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)

Жителите на градот Гаопинг во кинеската покраина Џијангси се разбудија во хаос. 

Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)

Во лизгање на земјиште предизвикано од обилните дождови загина најмалку едно лице, а 11 се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Во раните утрински часови, лизгањето на земјиштето затрупа неколку згради и оштети 12 куќи, додека спасувачките екипи се бореа да пронајдат преживеани, објави кинескиот државен радиодифузер CCTV.

Трагичните сцени се резултат на тајфунот Саудел и студениот фронт што донесе обилни дождови и поплави во покраината Сечуан. Жителите беа заробени, патиштата беа оштетени, а клучните јавни услуги беа сериозно нарушени.

Гаопинг е погоден од екстремните временски услови што ја погодија Кина во последните месеци, особено во планинските области.

Тајфунот Саудел, 18-ти што ја погоди Кина оваа година, дополнително ја влоши ситуацијата кога во четвртокот по трет пат стигна до копното во округот Џијангпу, предизвикувајќи евакуација на десетици илјади луѓе поради предупредувања за силни ветрови и обилни дождови. Во соседната покраина Џијангси, тајфунот погоди 128.500 жители во 53 окрузи, принудувајќи речиси 8.700 луѓе да се евакуираат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе

Денеска во хотел во истанбулската населба Бакиркој избувна пожар, а пожарникарите евакуираа голем број луѓе кои биле во зградата.

Пожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе

Пожарникарите реагираа на местото на пожарот, а операцијата за гаснење е во тек, објави Хуриет.

Засега нема информации за повредени.

Бакиркој е општина на европската страна од Истанбул, на брегот на Мраморното Море.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер