Реџепи за судијката: Не ја жалам, таквите нека починат

Нови индиции за ширење говор на омраза во досието на Реисот Сулејман Реџепи. 

Тој се очекува наскоро да биде повикан на распит во ОЈО, по вчерашното обраќање за случувањата во ИВЗ, каде даде скандалозна изјава во која тој посака смрт за судијката која ја донела одлуката за негова смена од функцијата. Пораката на Реџепи наиде и на аплауз кај дел од присутните.

Од обвинителството велат дека ја следат ситуацијата и дека вчерашниот случај ќе го спојат во предметот кој ОЈО веќе го има отворено против Реџепи.

Обвинителството ги следи случувањата и во рамките на претходно отворениот предмет за говор на омраза ќе биде додаден и овој предмет. Лицето ќе биде повикано во Обвинителството во врска со вчерашната дадена изјава.-Основно јавно обвинителство.

Реџепи заработи кривична пријава за говор на омраза пред неколку недели при поставување на камен темелник на џамија во скопското село Арнакија. Во таа прилика тој упати навредливи зборови за македонскиот народ, кој потоа се обиде да ги релативизира правдајќи се дека всушност мислел на локалните жители во селото.

За случувањата во ИВЗ се огласија и од Алијансата за Албанците, од таму велат дека се загрижени бидејќи според нив повредена е автономијата на верската заедница, а зад целата ситуација велат дека гледаат политичка позадина. Сепак, според нив, Реџепи самиот потврдил дека подолго време бил инструментализиран од политиката и како таков не заслужува да ја врши и понатаму неговата должност.

Април возбудлив за играчите на ВЛТ

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите 46.238.549 денари

46.238.549 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија го исплати кон играчите на видеолотариските терминали за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ во април, оваа година.

Фантастични 46.238.549 денари легнаа на сметките на играчите на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ.

Април е месец на ВЛТ добивки. Овој месец Ј.М. од Битола на 15.04.2024 ја освои најпосакуваната добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, во вредност од 20.951.041 денари.

Во април имавме и 12 МИЛИОНЕР џекпот добивки. Играчите кои ги освоија, заедно поделија неверојатни 19.029.075 денари. Дополнително, во април играчите на ВЛТ освоија и 6.258.433 денари за МИНИ ЏЕКПОТ.

Само за потсетување, најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на сите времиња- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во зоната на паѓање. Секој кој се забавува на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, има можност да ја освои оваа фантастична добивка. Највисокиот износ кој може да се освои со оваа добивка е 21 милион денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #СуперМилионерЏекпот #МилионерЏекпот

Одбележување на Денот на македонската полиција

 Централно одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај, со свеченост во паркот кај авиончето во општина Аеродром.

Најавени се обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како и присуство на претставници на дипломатскиот кор.

Во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција воведен е пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. До 18 часот затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер