Реџепи : Останувам поглавар , инцидентот во ИВЗ е примитивен скандал

ИВЗ е силно огорчена од овој  примитивен скандал , изјави поглаварот на Исламската верска заедница реис ул улемата Сулејман Реџепи.

Не може извршната власт или кој било друг да решава за избор на првите луѓе на Реисатот , рече поглаварот на ИВЗ по вонредната седница на Реисатот на Исламската верска заедница во Кондово. Во врска со одлуката на Основниот суд 2 за негова смена , Реџепи рече дека избор на нов реис се спроведува со избори во реисатот , а се друго може да доведе до анархија . На другите верски заедници им е овозможено мирно да работат , а зошто властите не и дава спокојство на ИВЗ.

,,Бузаку е отпадник од ИВЗ , па дури и од Исламот , се колнам во Алах, ако е тој муслиман тогаш и кучињата се муслимани , рече Реџепи.

Тој рече дека одлуката на судот е авантура за судството . Пред сите муфтии на вонредната седница на Ријасетот , Реџепи рече дека Бузаку никогаш нема да биде реис .

,,Тој кога ќе биде реис ул улема , тогаш нема да постои Исламска верска заедница “, заклучи Реџепи.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер