Red Hot Chili Peppers одржа спектакуларен концерт пред пирамидите во Египет (ВИДЕО) - Канал 5

Red Hot Chili Peppers одржа спектакуларен концерт пред пирамидите во Египет (ВИДЕО)

Групата Red Hot Chili Peppers настапи пред околу 10 000 гледачи пред големите египетски пирамиди во Гиза.

Red Hot Chili Peppers одржа спектакуларен концерт пред пирамидите во Египет (ВИДЕО)

Концертот се одржа на 15 март , а сега на социјалните мрежи станаа популарни голем број видеа од спектаклот. Американскиот бенд настапи на сцена , која изгледа како историска градба. Настапот го отвориле со песната "Can't Stop" од нивниот албум "By The Way" од 2002 година.

YouTube video

Серијата концерти , што се одржуваат со поддршка на египетското Министерство за туризам се одобрени поради се помалиот број туристи во земјата поради терористичките напади.

Пред Пеперсите , на овој познат археолошки локалитет настапуваа Грејтфул Дед, Скорпионс и Френк Синатра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијата

Секое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво, покажува извештајот од резултатите од истражувањето „Disrupting harm“

Секое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијата

Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а во 57 отсто од случаите сторителите биле возрасни лица, наспроти 22 отсто во кои биле вклучени врсници. Во 39 отсто од случаите бил вклучен сегашен или поранешен интимен партнер или лице кон кое детето чувствувало симпатии, додека во 27 отсто бил вклучен член на семејството. Во 52 отсто од случаите биле вклучени платформи на социјалните медиуми, додека 30 отсто се случиле преку платофрми за онлајн игри. Најчеста форма е изложувањето на децата на сексуална содржина без нивна согласност, а друга форма вклучувала барања децата да споделат слики или видеа на кои се прикажани нивните интимни делови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со Путин

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во ненајавена посета на  Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков..

Шефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со Путин

-Не. Средба со претседателот немаше, одговори Песков на прашање на руските медиуми, без да одговори дали за време на посетата му пренел на Путин некаква порака од американскиот колега Трамп.

Песков само кусо посочил дека неговиот престој во Русија бил поврзан со „контакти меѓу тајните служби“..

Ретклиф, вчера тајно ја посети Москва, откако податоците од следењето на летот потврдија дека голем американски воен авион слетал на аеродромот Внуково во Москва.

Ова се смета за прва посета на актуелниот шеф на ЦИА и на највисоко рангиран функционер на администрацијата на Трамп на Русија.. Светските медиуми шпекулираат дека целта на неговата посета е нов обид да се издејствуваат преговори за постигнување мировно решение во Украина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив

Американски воени авиони кои се ангажирани во операциите на Блискиот Исток ги користат македонските аеродроми, открива премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за американскиот „Брајтбарт Њуз“...

Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив

Мицкоски ваквата соработка ја става во поширокиот контекст на стратешкото партнерство меѓу Скопје и Вашингтон.

„Американското воено воздухопловство ги користи нашите аеродроми, така што секој ден авиони на американското воено воздухопловство слетуваат и полетуваат од нашите аеродроми. Некои од нив ги користат нашите аеродроми за паркирање, за малку одмор, а потоа повторно заминуваат кон заливот. Имаме отворено небо за американските авиони, за воените авиони, и горди сме и стоиме на располагање да обезбедиме таква поддршка за американското воено воздухопловство“, вели Мицкоски и додава дека кога на САД им била потребна поддршка од сојузниците, Македонија „не се криела во толпата“, туку застанала на американска страна и кога тоа носело политичка цена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер