Други спортовиRED BULL AIR RACE: Јапонецот Муроја се вивна до триумфот во Сан ДиегоВтората трка во календарот за 2017 година на Светското првенство Red Bull Air Race беше исполнета со изненадувања, бидејќи ниту едно име на подиумот не беше исто со трите што беа таму на отворањето на сезоната во февруари. Јапонецот Јошихиде Муроја ја освои победата, додека Словенецот Петер Подлуншек беше втор, а бранителот на светската титула, Матијас Долдерер се најде на третото место. Изненадувањата се редеа едно по друго во финалната рунда на четворицата најдобри пилоти коишто се бореа за победа на втората трка од Светското првенство Red Bull Air Race, којашто се одржа во Сан Диего, Калифорнија. Јошихиде „Јоши“ Муроја од Јапонија беше единствениот пилот демонстрирајќи конзистентност, благодарение на што го заслужи триумфот. Одушевувајќи ја четириесетилјадната публика која што продефилира за време на викендот, Муроја беше доминантен во „Фајнал 4“ рундата со време од 58 секунди и 529 илјадити делови од секундата. Иако Петер Подлуншек беше речиси две секунди побавен со резултат 1:00.454, Словенецот сепак успеа да стигне до второто место, иако ова беше негов прв настап во финалните рунди. Актуелниот светски шампион, Германецот Матијас Долдерер беше трет, откако собори една воздушна кула, додека миленикот на домашната публика, Американецот Кирби Чемблис, заврши како четврти. Заработувајќи 15 поени со оваа победа, Муроја скокна 10 места во генералниот пласман, и сега е трет зад Мартин Шонка од Чешката Република, кој има 21 поен и Долдерер кој има 16 поени. Овој резултат особено е значаен бидејќи следната трка се вози на домашниот терен на Муроја, во градот Чиба, на јапонскиот брег, каде што тој лани ја освои првата победа во кариерата. - Мошне сум среќен. Имавме тешки моменти на отворањето на сезоната во Абу Даби и работевме напорно со месеци,- рече Муроја, кој на првата трка беше казнет поради маневар со преголем индекс на гравитациски сили. - Мојата екипа и моето семејство многу ми помогнаа за да се стабилизирам и да бидам консистентен, и за тоа им благодарам. Следната трка во Јапонија ќе биде нешто неверојатно, па победата овде е важен чекор напред пред трката во мојата татковина. Ќе има огромна публика и голем притисок за мене, но јас ќе се забавувам! Претходно, во трките од Купот на предизвикувачите, шампионот од 2016 година Флоријан Бергер од Германија ја забележа првата победа во новата сезона. Резултати: 1. Јошихиде Муроја (Јапонија), 2. Петер Подлуншек (Словенија), 3. Матијас Долдерер (Германија), 4. Кирби Шемблис (САД), 5. Мартин Шонка (Чешка), 6. Петр Копфштајн (Чешка), 7. Николас Иваноф (Франција), 8. Мајкл Гулијан (САД), 9. Мат Хол (Австралија), 10. Пит Меклиод (Канада), 11. Хуан Веларде (Шпанија), 12. Франсоа Ле Вот (Франција), 13. Микаел Бражо (Франција), 14. Кристија Болтон (Чиле). Табела: 1. Мартин Шонка (Чешка) 21 поен, 2. Матијас Долдерер (Германија) 16 поени, 3. Јошихиде Муроја (Јапонија) 15 поени, 4. Хуан Веларде (Шпанија) 12 поени, 5. Петер Подлуншел (Словенија) 12 поени, 6. Пит Меклиод (канада) 10 поени, 7. Николас Иваноф (Франција) 10 поени, 8. Мајкл Гулијан (САД) 8 поени, 9. Кирби Чемблис (САД) 7 поени, 10. Петр Копфштајн (Чешка) 5 поени, 11. Кристијан Болтон (Чиле) 4 поени, 12. Франсоа Ле Вот (Франција) 3 поени, 13. Мат Хол (Австралија) 3 поени, 14. Микаел Бражо (Франција) 2 поени. За Red Bull Air Race: Создаден во 2003 година, Светското првенство Red Bull Air Race ја прослави својата јубилејна 75-та трка на првата трка од сезоната 2017 во Абу Даби. Во Red Bull Air Race учестуваат најдобрите тркачки пилоти во класичен тркачки натпревар којшто ги комбинира брзината, прецизноста и вештината. Со најбрзите и најагилни лесни тркачки авиони, пилотите достигнуваат брзини од 370 километри на час додека на нив дејствуваат сили до 10G, возeјќи низок слалом по патеката обележана со 25-метарски воздушни столбови. Во 2014 година беше создаден Купот на предизвикувачите за да и се помогне на идната генерација пилоти да ги развие вештините потребни за потенцијален напредок во Мастер класата, која претставува билет за влез во светското првенство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотИдентични близначки се омажија за идентични близнаци, тајната ја чувале четири години (ФОТО)Идентичните близначки Камил и Кенерли Кит, познати како музичкото дуо „The Harp Twins“, се венчаа со идентичните близнаци Дромил и Дромал Волфганг.Двојката се венча во 2022 година, но со години го криеја бракот од јавноста и го потврдија дури на почетокот на оваа година. Двата пара близнаци привлекуваат внимание на социјалните мрежи, каде што објавуваат содржини поврзани со музика. Се запознаа по концерт Нивната приказна започна во 2019 година, кога браќата Волфганг, кои се тапанари, чекаа во ред по концертот на сестрите Кит за да ги запознаат. Тие донесоа цртеж на кој беа прикажани двете сестри. View this post on Instagram A post shared by Harp Twins (@camillekennerly) „Тоа е една од оние ситуации кога веднаш знаете дека ова е тоа“, изјави Камил за Today. По првата средба, четворицата музичари брзо се зближија. Браќата Волфганг наскоро им се придружија на сестрите на турнејата, поради што ги напуштија своите работни места во градежништвото и се посветија целосно на музиката и заедничкиот живот. Со текот на времето, Камил и Дромил се заљубија, како и Кенерли и Дромал, па двете сестри се омажија за двајцата браќа близнаци. Тие ја криеја свадбата со години Двата пара се венчаа на ист ден, 22 февруари 2022 година, и во исто време - во 14:22 часот. Церемонијата се одржа во друштво на најблиските роднини и пријатели. View this post on Instagram A post shared by Harp Twins (@camillekennerly) Тие ја објаснија одлуката да го задржат бракот за себе со желбата да избегнат дополнително медиумско внимание и бројни прашања што веројатно ќе следат поради нивната необична семејна комбинација. „Некои луѓе велат: „Тоа е чудно““, рече Дромал, а потоа додаде: „Ние велиме: „Па, можеби си чуден“.“ „Сите сме најдобри пријатели“ Дромил, исто така, зборуваше за посебната врска што ја дели со својот брат. Тој вели дека луѓето кои не се близнаци честопати тешко разбираат колку може да биде блиска таквата врска. „Луѓето кои немаат близнак честопати не разбираат или не ги одобруваат толку блиските врски“, рече тој. View this post on Instagram A post shared by Harp Twins (@camillekennerly) Четворицата беа силно поврзани од самиот почеток, а нивната свршувачка е дополнителна потврда за нивната компатибилност. Двата пара се свршија во исто време и со идентични прстени. „Сите сме најдобри пријатели“, рече Кенерли. „Ги имаме нашиот близнак, нашиот сопружник и неговиот близнак. Тоа е навистина најдоброто од сè.“Тагови: близнаци близначки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо НагоричанеДоживотна казна затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане -кумановскиот суд го прогласи за виновен по сите точки од обвинението, односно за четири убиства и два обиди за убиство. Според судот, таргет биле изнемоштени и стари жени, а мотивот бил некрофилија. Кумановскиот суд не успеал да најде ниту една олеснителна околност при изрекувањето на пресудата. Обвинителството е задоволно од пресудата - за обвинителот Љубомир Лапе, судот немал друга опција освен да му изрече доживотна затворска казна на Бојковски. Бојковски и неговиот адвокат смирено ја дочекаа пресудата во судница - но надвор од неа, осудениот на доживотна казна затвор за четири убиства, при влезот во возилото, демонстрираше нервозно однесување и неразбирливи гестикулации. Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обид за убиство на Слоботка Арсовска и Росанка Трајковска. Кривичните дела на свиреп и грозоморен начин биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинетиКонстатирани 161 прекршок.На 08.10.2026 година, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила (тротинети). При контролите констатирани се вкупно 161 прекршок, за кои се преземени соодветни мерки согласно законските прописи. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола – 44, потоа од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – 28, како и на подрачјата на Секторот за внатрешни работи Велес и Секторот за внатрешни работи Струмица, со по 22 прекршоци. Во рамки на контролите поднесени се и осум кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик. Констатирани се и 493 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.Тагови: Акциски контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook