Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
2Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
КултураРецитал на виолинистот Олег КондратенкоМакедонскиот виолинист Олег Кондратенко вечер ќе одржи рецитал во камерната сала на Македонската филхармонија, каде ќе настапи со пијанистката Марија Ѓошевска, која освен на пијано, ќе свири и на чембало.На програмата се дела од Георг Фридрих Хендл (Соната за виолина и чембало во D-dur), Јоханес Брамс (Соната за виолина и пијано бр. 2), Оливие Месијан (Тема и варијации за виолина и пијано) и Рихард Штраус (Соната за виолина и пијано Es-dur). Олег Кондратенко (1973) почнува да свири виолина на седумгодишна возраст. Го завршува нижото и средното образование во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје во класата на професорите П. Николов и Р. Димитриев. Студиите ги продолжува во Ротердам, во класите на проф. И. Груберт и З. Гилелс, каде ја завршува првата година. Кондратенко дипломира на ФМУ во класата на проф. Зоран Димитровски, по што завршува постипломнски студии на Високата школа во Келн. Концертира во Русија, Холандија, Германија, Данска, Египет, Унгарија, Австрија, Хрватска, Полска, на фестивалите „Охридско“ и „Скопско лето“, а одржува и повеќе настапи со Македонската филхармонија. Моментно, Кондратенко е редовен професор на ФМУ во Скопје. Во периодот од 2010-2014 беше професор и на ФМУ „Гоце Делчев“ во Штип. Од 2000 до 2007 година, Олег Кондратенко е солист и концертмајстор на камерниот оркестар „Јунге Филхармоние“ од Келн со кого само во 2005 година во рамките на летната турнеја низ Германија оствари 39 солистички настапи. Од 2008 година е раководител и концерт мајстор на „Фејмс“ филмскиот оркестар со кого во последните девет години е снимен музички материјал за над 3000 проекти, меѓу кои се филмови, мјузикли, театарски претстави..., „Еми“ награда и „Греми“ номинација. Во 2015 година добитник е на наградата „Виртуози“ /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАЛука Дончиќ испишува НБА историја: Го надмина и Џордан – вакво нешто не е видено уште од далечната 1963 годинаЕден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот, Лука Дончиќ е на прагот на НБА историјата, со просек од 38,5 поени – достигнување што не е видено уште од 1963 година и Вилт Чемберлен.Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжува својата сезона од сништата. Лука ја игра сезоната на кариерата, а синоќа ја демонстрираше својата моќ во победата на Л.А. Лејкерс против Сакраменто (116:103) – тим кој, иако неочекувано, беше неговиот „прв“ избор на НБА-драфтот. Со оглед на тоа што Сакраменто ја пропушти можноста да го избере, Дончиќ секогаш е посебно мотивиран кога игра против „Кингси“, а со оглед на формата во која се наоѓа на почетокот на сезоната, дополнителна мотивација и не му е потребна. Така, Дончиќ повторно ја покажа својата сила и докажа дека во моментов е главен кандидат за МВП-наградата, бидејќи никој не е ни блиску до бројките што ги остварува Словенецот. Дополнително, тимот на Лејкерс изгледа многу подобро отколку минатата година. Претходната вечер, Лука Дончиќ постигна 40 поени, оствари девет скока и седум асистенции. Во играта на Лејкерси, апсолутно сè се врти околу него, па овој пат тој „ги држеше сите конци во свои раце“ додека беше на теренот. Имаше солиден шут од 11 од 23, погоди шест тројки, а единствена негативност беа шесте изгубени топки. Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој на шест натпревари по ред остварил повеќе од 35 поени, пет скока, пет асистенции и пет погодени тројки, а никој досега нема постигнато повеќе од 300 поени и 50 асистенции во една НБА сезона побрзо од него. И што е најинтересно – тоа не е сè; Дончиќ е на прагот на бројки какви што во НБА не се видени уште од шеесеттите години на минатиот век. Most PPG over a player's first 8 games of a season, NBA history: Wilt Chamberlain - 52.3 (1962-63) Wilt Chamberlain - 50.0 (1961-62) Wilt Chamberlain - 39.6 (1959-60) Luka Doncic - 38.5 (2026-27) Michael Jordan - 38.4 (1986-87) https://t.co/BremYunAZ6 — Underdog NBA (@UnderdogNBA) November 5, 2026 Поточно, тој има најдобар просек во првите осум натпревари уште од времето на Вилт Чемберлен во 1963 година (52,3 поени), а го надмина и остварувањето на славниот Мајкл Џордан од сезоната 1986/87, кој тогаш имаше просек од 38,4 поени. Лука Дончиќ моментално има просек од 38,5 поени.Тагови: ЛА Лејкерс Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ПалентаВо четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. палента 100 гр. кашкавал 50 гр. сирење 1 мала кисела павлака 20 гр. путер сол, бибер, сув зачин и свежо нане Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗдружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката. Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter