ООУ„Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава од VI до IX одделение
1ООУ„Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава од VI до IX одделение
Шоу бизРечиси четвртина од луѓето кои го погледнале „Барби“, одат в кино првпат по пандемијата Филмот „Барби“ на голема мера ги врати љубителите на филмот во кино, покажува ново испитување на сервисот за филмови, анализа и статистика, „Кворум“ (The Quorum).Анкетирани биле 1.800 купувачи на билети за „Барби“ во САД во текот на три недели, откривајќи дека 11 отсто „не се сеќаваат на последниот филм што го гледале в кино“. Натаму, други 11 отсто рекле дека „Барби“ е првиот филм што го виделе во кино од почетокот на корона-пандемијата во 2020 година. Така, проценките говорат дека 22 насто од вкупниот број луѓе кои отишле в кино заради „Барби“ би биле еднакви на околу девет милиони луѓе. Во меѓувреме, 46 насто од испитаниците велат дека одат во кино „постојано“, додека 32 отсто одговориле - „понекогаш“. Од испитаниците, 45 насто би сакале да одат почесто на кино, но проблем е цената на влезниците. Ним би им бил потребен уште еден филм „возбудлив како 'Барби' за да ги врати в кино“, како што гласи одговорот во изборот. Само 15 отсто одговориле: „Мислам дека 'Барби' не значи дека ќе почнам да гледам повеќе филмови во кината. Ова беше еднократно искуство“. Просечната оценка на ИМДБ засега е 7,4 / 10, од вкупно 225.000 гледачи кои го оцениле филмот. На „Ротен томатос“, го препорачуваат 83 отсто од оценувачите. Неколку многу очекувани изданија ќе се појават во кината следните неколку месеци, но и покрај очигледната „глад“ кај филмофилите, кој колку ќе биде успешен, допрва ќе се види, се вели во написот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаООУ„Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава од VI до IX одделениеЛетниот распуст се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците новата учебна година да ја започнат во подобри, посовремени и поквалитетни услови.Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука. Летниот распуст се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците новата учебна година да ја започнат во подобри, посовремени и поквалитетни услови. Според новата организација на наставата, учениците од VI до IX одделение ќе посетуваат настава во прва смена, учениците од I до III одделение ќе бидат опфатени со целодневна настава, додека учениците од IV и V одделение ќе ротираат во прва и втора смена. Со воведувањето на едносменската настава се создаваат услови за поквалитетен воспитно-образовен процес, подобри резултати во учењето, поголема вклученост на учениците во спортски, културни и воннаставни активности, како и за поорганизирано извршување на училишните обврски со поддршка од наставниците. Воедно, овој модел овозможува постабилен дневен ритам и повеќе квалитетно време за семејството. Општина Аеродром веќе успешно го имплементираше моделот на едносменска настава во ООУ „Александар Македонски“, а со воведувањето и во ООУ „Димитар Македонски“ продолжува со реализација на заложбите за унапредување на условите за образование во сите основни училишта на својата територија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАЛука Дончиќ ги носи Лејкерси во Словенија на тренинг-камп Еден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот Лука Дончиќ уште еднаш ќе покаже дека е лидер не само на теренот, туку и надвор од него.Словенечката суперѕвезда одлучи да биде домаќин на целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс во својот роден град, каде што екипата ќе допатува во август на четиридневни подготовки. По заминувањето на Леброн Џејмс во Филаделфија, се очекува Дончиќ да стане централна фигура на франшизата од Лос Анџелес во претстојните сезони. Словенецот веќе ја прифати новата одговорност, а еден од првите чекори ќе биде зајакнување на односите со соиграчите преку дружење и мини-камп во Љубљана. Како што пренесува ESPN, престојот на Лејкерс во Словенија нема да биде фокусиран само на кошарката. Покрај тренинзите, се очекува тимот на Џеј-Џеј Редик да учествува во активности како голф, како и да посети атрактивни локации во околината на словенечкиот главен град. Дончиќ и претходно покажа колку му е важна хемијата во тимот. Минатата година, тој организираше посебен собир за своите соиграчи во Порше Центарот во Јужна Калифорнија, каде што играчите имаа можност да изберат луксузни автомобили и да ги тестираат на патеката по тренингот. Лејкерси влегуваат во новата сезона со големи очекувања, откако ја завршија претходната сезона на четвртото место во Западната конференција со резултат од 53-29.Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Никој не ви се плаши, смешни сте„Никој не ви се плаши, смешни сте“ – му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница , посочувајќи дека заканите, притисоците и обидите за заплашување не можат да ја скријат одговорноста.„Никој не ви се плаши, смешни сте“ – му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница , посочувајќи дека заканите, притисоците и обидите за заплашување не можат да ја скријат одговорноста за состојбите во државата. Филипче рече дека наместо одговори за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, Мицкоски се се заканува. „Се заканувате тука со одговорност, со затвори, со решетки. Верувајте, никој не ви се плаши. Ама никој не ви се плаши. Смешни сте. Ви се смеат луѓето. Не личи тоа на ништо. Не ви доликува на функцијата што ја извршувате“, порача Филипче. Тој посочи дека власта нема одговор на критиките за состојбата со корупцијата и влијанието врз независноста на судството. „Последниот извештај на Европскиот парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство“, истакна претседателот на СДСМ. Филипче ја критикуваше и одлуката на власта за предлог-закон со кој, планира трошење 20 милиони евра со заобиколување на системските закони за јавни набавки. „Па добро, што е целта? Што е целта, што сакате да постигнете? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето. Кој премиере е крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи“, рече Филипче. Скопје, 30.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook