Речиси 20 000 починати во Британија од коронавирус само во болниците

Уште 684 пациенти вчера починале во болниците во Велика Британија од новиот коронавирус, повеќе отколку во четвртокот (616), така што вкупниот број е 19506 жртви од почетокот на пандемијата во земјата, тврдат здравствените власти.

Министерството за здравство соопшти дека 143.464 лица (+5386) биле позитивни на тестот во земјата, една од најтешко погодените во Европа.

Податоците не ги земаат предвид пензионерските домови каде починале илјадници стари лица, според претставниците на овој сектор.

Земјата се уште чека враќање на работа на премиерот Борис Џонсон, кој се опоравува откако ја напушти болницата на 12 април. Него сè уште го менува министерот за надворешни работи Доминик Рааб.

Вчера, министерот за здравство Мет Ханкок изјави дека шефот на владата е во многу добра форма, но не ги потврди информациите од „Дејли телеграф“, весник близок до Борис Џонсон, дека конзервативниот лидер ќе се врати на работа во понеделник.

„Разговарав со него во четвртокот. Тој е во многу добра форма и добро се опоравува“, рече Хенкок за „Скај њуз“.

„Сигурен сум дека тој ќе се врати веднаш штом лекарите ќе му дозволат“, рече министерот за здравство.

Портпаролот на Џонсон изјави дека премиерот разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и со кралицата Елизабета Втора оваа недела.

Џонсон се опоравува во Чекерс, селската резиденција на британските шефови на влади, додека свршеничката Кери Симондс го очекува нивното прво дете.

И покрај зголемениот притисок, британската влада во моментов ја отфрла можноста за ублажување на мерките за ограничување воведени на 23 март, кои треба да бидат продолжени за најмалку уште две недели.

„Велика Британија е во пикот на пандемијата и премногу е рано да се ублажат мерките.“, рече Хенкок.

Министерот за транспорт Грант Шапс предупреди дека „врвот не поминал“ и ги повика Британците да останат дома без оглед на доброто време за викендов.

За да го обезбеди снабдувањето со храна и лекови во земјата, Шапс објави дека владата склучила договори со Франција и Ирска.

Сојузната држава Минесота си го смени знамето

Американската сојзуна држава Минесота минатата недела официјално си го смени знамето и отсега старото знаме усвоено во 1957 година повеќе нема да се вее на ниту еден владин објект.

Старото знаме го симна Националната гарда на Минесота и на негово место е подигнато новото. Старото знаме кое се вееше над локалниот Капитол ќе се чува во колекцијата на Историската заедница на Минесота.

Претходното знаме се стоеше од официјалниот грб на државата ставен на сина заднина. Стариот грб претставувше кружна илустрација на пејсажи на државата; на преден план илустрација на доселеник белец кој ора нива, покрај него пушка навалена на дебло, во заднина е насликан индијанец вооружен со копје качен на коњ.

Новото знаме сега е поминималистичко. Составено е од три бои, бела сина и темно-сина насликана Поларна звезда од левата страна и со опис L'Étoile du Nor (звезда на Северот), единствено мото на држава на САД на француски јазик.

Сменет е и грбот, што сега има илустрација на птица – црноклунеста гуска. Над неа напишана фразата Mni Sota Makoce со референца на називот „Минесота“ кој доаѓа од јазиот на индијанците Дакота. Оваа фраза се преведува како „земја каде водата го одразува небото“. Тоа е референца на многубројните водени богатства на териороријата на државата. Еден прекарите на Минестоа е „држава на десет илјади езера“.

Селекцијата ја вршеше специјална комисија за избор на новото знаме во текот на повеќе месеци. Во потесен избор беа разгледувани 2.128 варијанти. /МИА

Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони

Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи денеска 44-годишниот Словенец Славко Винчиќ да го суди финалето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.

За Винчиќ ова е второ европско клупско финале, откако беше главен судија и во финалето во Лига Европа во 2020 година во Севиља меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс.

Винчиќ оваа сезона судеше на седум натпревари во Лигата на шампиони, вклучувајќи го и реваншот во четвртфиналето меѓу Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Финалето во Лигата на шампиони е на програмата на 1 јуни на стадионот Вембли во Лондон со почеток во 21 часот. /МИА

Милановиќ: Тврдењата на Додик за хрватската историја се неприфатливи и невистинити

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ги отфрли како невистинити и неприфатливи тврдењата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик дека само мал број Хрвати не се солидаризирале со злосторствата на усташкиот режим.

– Милорад Додик, освен повторената невистина за бројот на жртвите во Јасеновац, рече дека „има многу малку припадници на хрватскиот народ кои не се солидаризирале со злосторствата на усташкиот режим“, што апсолутно не е точно и е навреда за сите хрватски антифашисти и хрватскиот народ, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Српските политичари од Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора вчера одржаа комеморација за жртвите од концентрациониот логор Јасеновац во Долна Градина. /МИА

притисни ентер