Србија ќе бара вајлд-карта за ракометниот Мундијал

Српската ракометна федерација денеска ќе испрати барање до Светската ракометна федерација (ИХФ) за специјална покана за учество на Мундијалот кој идната година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска.

Српските ракометари вчера не успеаја да се пласираат на Светското првенство, бидејќи во реваншот од баражот во Нови Сад ја победија Шпанија со недоволни 25:22.

Во првиот натпревар на 8 мај во Шпанија домашната екипа победи со 32:28.

Светското првенство ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година во Данска, Норвешка и Хрватска. /МИА

Министерот Љутков со сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани

 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по повод трагичната несреќа која рано утрово се случи во дискотека во Кочани, изрази длабко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.

-Сите институции од областа на културата во Скопје ги отворија вратите и се ставени на располагање за поддршка на семејствата и на сите оние на кои тоа им е потребно, посочи министерот Љутков, соопшти Министерство за култура и туризам.

Во пожарот во Кочани загина тапанарот на ДНК Горги Горгиев

Младиот струмичанец Горги Горгиев (24), тапанар на групата ДНК, која синоќа настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е меѓу загинатите.

Веста се прошири на социјалните мрежи, а ја потврдија брат му Димитар и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

- Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции. Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца, напиша Костадинов на неговиот фекјсбук профил.

Инаку, како што претходно објави МИА, Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен, изјави утрово за МИА Васко Спасоски од тимот на бендот.

На општинската и зградата на ТППЕ Струмица се истакнати црни знамиња во знак на жалост со загинатите во пожарот во Кочани.

Пред малку Костадинов објави дека од 14:30 часот на Градскиот плоштад во Струмица граѓаните заедно ќе може ја споделуваат болката и тагата за загинатиот Горгиев и сите млади луѓе кои ги загубија животите во дискотеката во Кочани. Утре, пак, од 8 часот во просториите на општинската зграда ќе биде отворена книга на жалост.

Герасимовски: Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во хотели

Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје.

„Семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. Ја поздравувам иницијативата што ја реализираат скопските хотели за бесплатно сместување. Во овие тешки моменти најважни се солидарноста и поддршката од сите, да им помогнеме на нивните родители, фамилии, пријатели колку што можеме повеќе! Граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 073 821 120”, истакнува Герасимовски.

Со почит,

Општина Центар

притисни ентер