Ребаланс на Буџетот на Општина Карпош: Повеќе пари за училиштата

Во духот на новата реалност и сменетите приоритети на граѓаните за време на пандемијата од Ковид 19, Општина Карпош ги усогласи и своите приоритети во активностите кои ги финансира локалната самоуправа.

Така, со усвоениот ребаланс на Буџетот советниците дадоа согласност за зголемување на капиталните инвестиции во сите сфери: инфраструктура (плоштади, платоа, реконструкција на улици, канализација во ИТ опрема на училиштата и во одржување на хигиената во услови на пандемија и здраствената превентива.

Капиталните инвестиции се зголемуваат за околу 25 милиони денари односно од предвидените 235.704.000 на 260.804.000 денари. Веднаш по нив, видно се зголемени парите од Буџетот кои ќе бидат наменети за хигиена и дезинфекција од 800.000 на 4.000.000 денари кои ќе одат за општинските потреби.

Десетте основни училишта кои работат на територијата на Карпош од Општината ќе добијат донација за дезинфекција и хигиена во износ од двa милиони денари, а од блок дотациите кои ги дава државата за нив, наместо 400.000 денари ќе добијат петкратно повеќе, односно 2.000.000 денари токму за оваа намена.

Новиот начин на учење во школите обуслови и прераспределба и зголемување на финансиите кои ќе одат во ИТ опрема и тоа со овој ребаланс ќе биде од 335.000 денари на 1.335.000 денари. Од општинската каса, од делот на субвениции ќе биде даден и еден милион денари за обезбедување на лап – топи за школите.

Поединечно, одделните сектори и одделенија во рамки на локалната самоуправа направија рационализација на трошоците и од тековните проекти и од програмите за 2020 година. Така речиси е преполовен буџетот за образование од над 14,5 милиони денари на нешти над 7 милиони денари. Ужинките за децата кои сега веќе нема да бидат присутни на училиште ќе се сведат од 3,6 милиони на 1,2 милиони денари. Парите за школскиот превоз од 4,5 милиони се сведуваат на 1,5 милиони денари, целосно е скусено и плаќањето на летните школски одмори за 1,75 милиони денари, како и хорскиот натпревар и некои образовани проекти.

Кусење на трошоците има и во културата и спортот и тоа кај организацијата на Карпошово културно лето од 5.750.000 на 3.000.000 денари, во спортот кај турнирот „Сокол" од 19.200.000 на 3.000.000 денари.

Затоа пак локалните власти во ребалансираната каса за претстојниот период драстично ги зголемија трошоците за социјална заштита на своите граѓани и тоа за 50 насто, односно од 2.000.000 на 3.000.000 денари. Ова се пари кои ќе одат за справување со пандемијата, за лицата кои се наоѓаат во социјален ризик и за лекување на карпошани, односно вкупната сума за социјала во Карпош од 4.385.000 денари, сега ќе изнесува 5.385.000 денари.

Ваквиот ребалансиран буџет на локалната самоуправа доби поддршка од советниците на Општина Карпош на денешната 44 седница на Советот на кои беа ставени на разгледување 25 точки со одлуки и прашања од значење за граѓаните на Карпош.

Одделение за односи со јавност на Општина Карпош

Гитарист на легендарна група падна од сцената среде концерт- сепак се снајде (ВИДЕО)

Мајк Мекреди од групата Pearl Jam неодамна падна од сцената додека настапуваше со бендот, но по падот реагираше како професионалец и продолжи да свири на гитарата.

Тоа се случило на 4 мај, кога познатиот бенд, предводен од познатиот Еди Ведер, имаше концерт во Ванкувер.

За време на изведбата на „Porch“, 17-та песна на вечерта, Мекреди се лизна додека имаше свое соло. Тој паднал и додека бил на земја реагирал како професионалец и продолжил да свири на гитара, пишува NME.

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Најмалку 74 луѓе, од кои 35 земјоделци, загинаа од удари на гром во изминатите 38 дена во Бангладеш, а експертите посочуваат на влијанието на климатските промени како главна причина за ваквите инциденти.

Според извештајот објавен денеска од Save the Society и Thunderstorm Awareness Forum, 43 луѓе загинале од гром во текот на осум дена во мај, а 31 лице во април.

За еден ден во мај од гром загинаа 11 лица, а деветмина беа повредени.

„Во текот на изминатата деценија до 2021 година, громови убија најмалку 2.800 луѓе во Бангладеш“, покажуваат официјалните податоци. Оваа земја, како делта држава опкружена со Бенгалскиот Залив, доживува сè почести и смртоносни удари од гром.

Експертите велат дека ова очигледно се должи на климатските промени.

Кабирул Башар, претседател на Форумот и професор на Универзитетот Јахангирнагар, рече дека идентификувале две причини за зголемување на ударите на гром - зголеменото влијание на глобалното затоплување и сечата на дрвјата во руралните делови на Бангладеш, особено високите дрвја во полињата во Бангладеш.

Според Обединетите нации, во Бангладеш годишно се регистрираат просечно 300 смртни случаи предизвикани од грмотевици.

Овој април, Бангладеш го доживеа најдолгиот топлотен бран досега од 1948 година и првпат речиси 75 до 80 отсто од земјата доживеа континуирани топлотни бранови.

Рама в недела ќе одржи собир во Атина

Албанскиот премиер Еди Рама в недела ќе одржи митинг во Атина, односно собир со Албанците кои живеат во грчката метропола во рамките на неговата турнеја во неколку европски земји.

Албанскиот премиер Еди Рама в недела ќе одржи митинг во Атина, односно собир со Албанците кои живеат во грчката метропола во рамките на неговата турнеја во неколку европски земји, а министерот за надворешни работи на Грција, коментираше дека посетата е во несоодветен момент, јави дописничката на МИА од Атина.

За посетата на Атина, која како што самиот премиер на Албанија напиша на платформата Икс, не е поврзана со внатрешните работи на Грција или евроизборите, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите објасни дека завчера, официјално биле информирани за посетата на Рама, но не и за местото каде што ќе се одржи настанот.

Според медиумите во Грција, најверојатно попладнево бил постигнат договор собирот да биде во затворена спортска сала.

Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радио „Скај“ утрово коментираше дека се работи за приватна посета, а не за посета што доаѓа на покана на грчката Влада, без каква било формалност, а сето она што се однесува на организирањето е во надлежност на албанската страна.

-Грција е земја која длабоко ја има воспоставено својата демократска свест, длабоко воспоставено функционирање на владеењето на правото. Сите сфаќаме дека никогаш не би можело да се постави пречка на кој било странски лидер да дојде да ѝ се обрати на својата дијаспора, на своите сонародници. Што значи дека ние никогаш не би покренале прашање. Она што е навистина точно е несоодветниот момент на оваа посета, со оглед на фактот што од една страна албанските избори нема да се одржат пред 2025 година, а од друга страна веќе сме во предизборен период во пресрет на европските избори, рече Герапетритис.

Посетата на Рама на Атина е во период кога односите меѓу Грција и Албанија се заладени поради случајот со осудениот градоначалник на Химара Фреди Белери, кој иако е во затвор во Албанија е еден од 42-та кандидати за пратеници во Европскиот Парламент од редовите на грчката владејачка партија Нова демократија.

притисни ентер