Реализирана уште една донација на Пивара Скопје и компанијата „Coca-Cola“ - Канал 5

Реализирана уште една донација на Пивара Скопје и компанијата „Coca-Cola“

Реализирана уште една донација на Пивара Скопје и компанијата „Coca-Cola“. 15-тата „Coca-Cola Активна зона“ поставена во Македонска Каменица

Реализирана уште една донација на Пивара Скопје и компанијата „Coca-Cola“

Македонска Каменица станува дел од големиот проект на компанијата Coca-Cola и Пивара Скопје т.н „Coca-Cola Активни зони“, кадевчера беше поставена 15-тата, јубилејна зона. Во присуство на граѓани од сите генерации, бројни претставници на спортските друштва и медиумите, претставниците на Пивара Скопје и Општината, свечено го пуштија во употреба новото место за дружење и рекреација за жителите.

„Со отворањето на 15-тата ‘Coca-Cola Активна зона’ во Македонска Каменица, го продолжуваме нашиот проект за промоција на вистинските општествени вредности, за кој ние во Пивара Скопје цврсто веруваме дека значајно придонесува кон добросостојбата на сите граѓани, од сите општествени категории. Во рамките на тригодишниот проект и преку 15-те зони, создадовме 1500 м2 површина каде илјадници граѓани можат да се рекреираат и дружат; креиравме тло каде се стекнуваат нови познанства и се негуваат старите, место за инклузија каде и младите и старите, и рекреативците и професионалците можат да поминуваат квалитетно време и бесплатно да ги ползуваат придобивките кои овие зони ги нудат. Токму затоа, Пивара Скопје и компанијата ‘Coca-Cola’, впрочем како и досега, ќе продолжат со реализација на проекти од поширок општествен интерес и контекст и за сегашните, но и за генерациите кои доаѓаат“, изјави Марија Мининчиќ – менаџер за корпоративни комуникации во Пивара Скопје.

За придобивките и значењето на новата „Coca-Cola Активна зона“ за жителите на Македонска Каменица, која е бесплатна и достапна за употреба 24 часа на ден, говореше и градоначалничката на Општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова.

„Македонска Каменица има долгогодишна соработка со Пивара Скопје и компанијата “Coca-Cola”, па оттука, навистина сме благодарни што таа се крунисува со ваков значаен проект. Задоволството е уште поголемо што Пивара Скопје и ‘Coca-Cola’ компанијата ја препознаа нашата oпштинакако партнер и ги пресретнаа барањата на моите сограѓани за поставување на Активна зона токму во Македонска Каменица, бидејќи за нас како Општина е навистина важно да понудиме содржини за граѓаните кои на долг рок позитивно ќе влијаат врз културата на живеење. Убедена сум дека ова место ќе биде едно од најпосетуваните места во нашата општина и дека граѓаните ќе се грижат за него и свесно и совесно ќе постапуваат со него‘‘.

Проектот „Coca-Cola Активни зони“започна во 2016 година и претставува дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата „Coca-Cola“. Во рамките на проектот, досега беа донирани 14 Активни зони за жителите на Скопје, Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци, Битола и Радовиш. Како дел од оваа платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата „Coca-Cola“ реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп“ и бесплатните паркиралишта за велосипеди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?

По серијалот на контрадиктрони изјави на премиерот, Либерално-демократската партија (ЛДП) прашува: на кој Христијан Мицкоски треба да му веруваат граѓаните?

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?

Дали на оној Премиер кој во април јавно призна дека на неговиот сопствен вицепремиер Арбен Фетаи повеќе не му се работи во Владата и не му се живее во Македонија, па му овозможи на државна сметка и плата да замине за Брисел како „специјален претставник“? Или пак, треба да му веруваме на истиот тој Премиер кој сега, во август, изјавува дека бил „најсреќен“ кога на македонските граѓани им се затегнуваат условите за американски визи, за демек така да се спречело нивното иселување?

Не може да биде точно и едното и другото. Дали Мицкоски беше искрен во ТВ интервјуто во април кога со разбирање говореше за неодговорните функционери што бегаат од земјата, или е искрен во август кога им се радува на административните иселенички рампи за обичните граѓани? Или не бил искрен ниту тогаш, ниту сега? Или, пак, има толку лоши советници за односи со јавноста што го доведуваат во ситуација пред граѓаните да изгледа како тотален хипокрит?

Да излезете со вака длабоко спротивставени ставови во рок од само неколку месеци е сериозно загрижувачки за некој што ја води државата.

Државната политика за спречување на иселувањето не се води со радост за туѓите визни ограничувања, туку со создавање услови дома. Младите и семејствата не остануваат затоа што некој им ја затворил вратата надвор, туку кога овде ќе добијат подобри плати, квалитетни јавни услуги, подобро здравство и образование, и пред сѐ — институции на кои можат да им веруваат. И да, кога ќе видат дека законите важат за државните функционери - сите закони, и за работни односи, и за платите, и Кривичниот Законик. Без исклучок!

За функционерите на Владата очигледно секогаш има обезбедено државен билет и народно платена позиција во Брисел, додека за граѓаните и младите, премиерот Мицкоски нуди само желби и радости за затворени граници. Оваа хипокризија мора да престане — Владата треба да почне да работи на подобрување на животот во Македонија, наместо да ја прикрива сопствената неспособност зад визните политики на други држави и зад неказнивоста.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдени 919 загинати во поплавите во Непал, 4.793 се исчезнати

Најмалку 919 луѓе загинаа, а 4.793 се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што ги погодија Непал и Тибет, откако огромен одрон на карпи и дел од глечер предизвика ненадејни поплавни бранови во хималајскиот регион.

Потврдени 919 загинати во поплавите во Непал, 4.793 се исчезнати

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани, а десетици луѓе се стравува дека се заробени во тунели на хидроцентрали. Непалските власти ги засилија операциите за пребарување и спасување во погодените области. Во акцијата учествуваат и странски спасувачки тимови, кои им помагаат на локалните екипи во потрагата по луѓе заробени во тунели на хидроцентрали. Според официјалните информации, најмалку 90 лица останале заробени во повеќе тунели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Чествување за војводата Александар Турунџев

Битола одбележа 121 година од погубувањето на Александар Турунџев македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Општина Битола: Чествување за војводата Александар Турунџев

Во име на Општина Битола пред споменикот кај „Ат Пазар“ и на неговиот гроб во Светонеделските гробишта положи цвеќе и се поклони советникот Александар Јаневски. Се поклонија и оддадоа почит и граѓани, здруженија како и членови на коњаницата Костурска чета Битола.

Александар Турунџев беше повеќе од борец, беше симбол на храброст, на жртва и на визија.

Ланската година со свечена церемонија и своевидна поворка која го симболизираше погибието на војводата Александар Турунџев, беше откриен споменикот на оваа значајна личност од македонската револуционерна борба под „Ат Пазар“ во Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер