Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
2Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
ЖивотРеализиран -„Лајка Фест - Повеќе од настан“Во изминатите три дена, ЈП Лајка - Скопје го реализираше „Лајка Фест - Повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните.Во изминатите три дена, ЈП Лајка - Скопје го реализираше „Лајка Фест - Повеќе од настан“, иницијатива чија цел беше на едно место да ги обедини институциите, стручната јавност, организациите и граѓаните околу една тема што со години е присутна во нашето општество - проблемот со бездомните кучиња и потребата од системски, хумани и долгорочни решенија. Фестивалот започна со панел дискусија во Собранието на Град Скопје, каде претставници од Факултетот за ветеринарна медицина, Агенцијата за храна и ветеринарство, ЗЕЛС, невладини организации, прифатилишта од државата, како и гости и експерти од Загреб, Сараево и Шпанија, разговараа за реалната состојба со која се соочуваме, предизвиците во пракса и можните решенија базирани на европски искуства и модели. Во текот на неколкучасовната дискусија се отворија важни теми поврзани со одговорноста на институциите, потребата од координирано делување, улогата на локалната самоуправа, важноста на стерилизацијата и одговорното сопствеништво, како и неопходноста од едукација и подигнување на јавната свест. Посебен акцент беше ставен и на фактот дека проблемот со бездомните кучиња не започнува на улица, туку најчесто со неодговорно сопствеништво, напуштање и неконтролирано размножување. Како продолжение на оваа порака, наредните два дена Градски парк стана место за дружење, едукација, вдомување и позитивна интеракција помеѓу граѓаните и животните. Преку забавно-едукативниот дел од „Лајка Фест“, темата беше доближена до јавноста на поинаков, позитивен и интерактивен начин. Во рамки на фестивалот учествуваа повеќе од 50 пријавени учесници во натпреварите и активностите, голем број посетители, повеќе од 20 спонзори и партнери, како и претставници на невладини организации кои ја поддржаа иницијативата. Посетителите имаа можност да ги запознаат кучињата од ЈП Лајка, да разговараат со вработените, ветеринарите и дресерите, да учествуваат во едукативни и интерактивни содржини за деца и возрасни, како и да бидат дел од изложбите, игрите и активностите посветени на вдомените миленици и одговорното сопствеништво. Особено значајно беше присуството на голем број семејства, деца и сопственици на миленици, што уште еднаш покажа дека сè поголем број граѓани сакаат активно да бидат дел од создавање похумано и поодговорно општество. „Лајка Фест“ не беше само настан за љубители на животни, туку обид да се покаже дека преку соработка, едукација, заедништво и современ пристап може да се отвори поинаков разговор за проблемот со бездомните кучиња - разговор во кој решението не се бара во насилство и поделби, туку во одговорност, систем и долгорочна промена. ЈП Лајка упатува благодарност до сите институции, организации, експерти, спонзори, волонтери, посетители и граѓани кои беа дел од „Лајка Фест“ и помогнаа овие три дена да испратат порака дека промените се можни кога постои заедничка волја за подобро и похумано општество.Тагови: ЈП Лајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
ЗабаваФото: Манекенка во топлес Убавата сопруга на светската музичка ѕвезда Џастин Бибер, манекенката Хејли Бибер повторно го привлече вниманието на љубопитната јавност. Таа позираше за модна кампања и ја разгори имагинацијата на многумина со својот атрактивен изглед. Хејли Бибер денес важи за најпопуларен модел. Таа не е само дама што рекламира облека од светски брендови, туку и дама што знае како да ја носи и да ја комбинира таа облека. Таа стекна големи симпатии кај јавноста на социјалните мрежи, каде што гордо ја носи титулата „трендсетерка“. Нејзините совети за постигнување совршен изглед на шминката се омилени меѓу жените, особено оние што покажуваат како да се постигне природен изглед и стил што зрачи со лежерна елеганција. Сега, Хајли се огласи на социјалните мрежи за да ѝ ја претстави на светот својата нова соработка со брендот „Gap“. Како што може да се види, 29-годишната убавица гордо позираше во широки фармерки со низок струк, но вниманието го привлече горниот дел од модната комбинација. топлес изданието на убавата манекенка. Или, поточно, горниот дел што не го носеше, поради што голите гради вешто ги сокри зад парче ткаенина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизАнџелина Џоли подготвена за ново поглавје во животот: Размислува да го напушти Лос АнџелесХоливудската ѕвезда, актерката Анџелина Џоли е подготвена за ново поглавје во својот живот откако нејзините најмлади близнаци, Вивиен и Нокс, го прославија својот 18-ти роденден.Актерката и хуманитарка, која има шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит, сега сака повеќе слобода и флексибилност во својот живот. Според извор што разговарал со магазинот *People*, таа со години размислува да го напушти Лос Анџелес. „Таа со години зборува за тоа дека сака да си замине од Лос Анџелес. Среќна е што сега има поголема слобода и можност да прави поинакви избори“, изјавил неименуваниот извор. На 12 јули, Џоли го одбележа полнолетството на близнаците Вивиен и Нокс, а според истиот извор, таа сега сака повеќе да патува со своите деца и да го истражува светот. „Нејзините деца отсекогаш биле нејзин главен приоритет. Сакаше тие да искусат различни култури и делови од светот, а сега со нетрпение очекува заедно да патуваат и да откриваат нови места. Таа е подготвена за тоа“, додал изворот. Анџелина Џоли и Бред Пит се запознаа за време на снимањето на филмот *Mr. & Mrs. Smith* („Господин и госпоѓа Смит“), а се разделија во 2016 година, по 12-годишна врска и две години брак. Нивниот развод беше официјално финализиран во декември 2024 година. Актерката уште минатата година навести дека планира да го напушти Лос Анџелес штом нејзините најмлади деца ќе станат полнолетни. „Ќе можам да заминам оттука штом ќе наполнат 18 години“, изјави таа тогаш, мислејќи на Вивиен и Нокс. Таа додаде дека сака да им обезбеди мир, приватност и сигурност на своите деца, но дека веќе не го доживува Лос Анџелес како место каде што чувствува припадност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВидео: Електричните автомобили доминираа на фестивалот на брзината „Гудвуд“Овогодишниот фестивал на брзината во Гудвуд повторно ги собра најбрзите и најексклузивните автомобили во светот, а на традиционалната трка со искачување на рид, Ford Super Mustang Mach-E го постигна најбрзото време.Овогодишниот фестивал на брзината во Гудвуд повторно ги собра најбрзите и најексклузивните автомобили во светот, а на традиционалната трка со искачување на рид, Ford Super Mustang Mach-E го постигна најбрзото време, совладувајќи ја патеката долга 1,16 милји (1,86 километри) за импресивни 41,98 секунди. За управувачот на електричниот прототип се наоѓаше реномираниот француски возач Ромен Дима; со оваа победа, тој му ја обезбеди на Ford третата последователна победа во финалниот дуел на фестивалот, надминувајќи го болидот од четвртата генерација на Формула Е. Третото место му припадна на легендарниот Shadow-Chevrolet DN4 – кој воедно беше и најбрзиот автомобил со мотор со внатрешно согорување – додека во првите десет се пласираа и Volkswagen Polo WRX, BMW M3 Touring 24H, Subaru Brataroo 9500 Turbo, Porsche 911 Cup (992.2), Nissan 300ZX Turbo, Dodge Viper GTS-R и Toyota-Judd Formula Supra. Резултатите уште еднаш покажаа колку конкурентни станаа електричните погонски системи во трките на угорнина, иако апсолутниот рекорд на Гудвуд сè уште го држи електричниот „McMurtry Spéirling“, кој ја совлада патеката за неверојатни 39,08 секунди во 2022 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter