3Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
ФудбалРеал: Веднаш свикуваме состанок на управата, обвинението против Барселона е многу сериозно Обвинението покренато од обвинителството во Барселона против ФК Барселона поради корупција на фудбалски судии, толку ја потресе Шпанија што го прекинаа не само меѓусебното почитување, туку дури и сојузот на најголемите ривали.Откако Флорентино Перез се врати како претседател на Реал во 2009 година, а особено откако пред две години во Барселона тоа го направи Жоан Лапорта, односите меѓу шпанските гиганти на светскиот фудбал се одлични. Нивните претседатели со најголема почит зборуваат еден за друг и за своите клубови, а заедно беа и во досегашниот пропаднат проект во Суперлигата. Колку е силен овој нов и навидум неприроден спој на Реал и Барса покажа можеби најголемата афера во историјата на шпанскиот спорт, која изби минатиот месец. Тогаш новинарите на радио станицата Сер Каталуња открија дека Барселона од 2001 до 2018 година платила вкупно 8,4 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на шпанската судиска комисија и неговата компанија. За возврат, Негреира им делегирал судии кои ѝ одговараат на Барселона и гарантираат дека тие ќе судат за нив. Барселона призна дека уплатила дел од споменатата сума на сметката на компанијата на Негреира: „Ги плативме споменатите суми како надворешен технички консултант, за да ни направи видео компилации од судиските настапи. Тие снимки ги искористивме за да собереме информации за нивниот стил и начин на судење, со цел соодветно да се поучуваме играчите. Практиката на ангажирање компании за вакви работни места е вообичаена меѓу професионалните спортски клубови“. Се чини дека тоа не е баш така бидејќи 18 од 20-те клубови од Ла Лига реагираа со заедничко соопштение во кое ја изразија својата длабока загриженост поради откритието што правела Барселона. Единствениот клуб освен Барселона кој не реагираше беше Реал. Реал Мадрид беше единствениот кој не се огласи дури и кога започна официјалната истрага. Но, вчера, откако обвинителството во Барселона поднесе обвинение за корупција против ФК Барселона и нејзините поранешни претседатели Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росело, сојузот заврши. Реал денеска објави соопштение: „Со оглед на сериозноста на обвинувањата на обвинителството во Барселона против ФК Барселона и нејзините двајца претседатели поради длабоко вкоренети сомневања за корупција и нивните односи со поранешниот потпретседател на судиската организација, претседателот на Реал свикува итен состанок на Управниот одбор за утре напладне, со цел да се одлучи за чекорите што Реал Мадрид мора да ги преземе во врска со овој настан“. Official Announcement. #RealMadrid — Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) March 11, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
СветПретставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина? Деловен авион, во кој веројатно се наоѓаа претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пристигна во Москва, објави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на воздухопловните власти.„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испратил специјални претставници за да преговараат за решение во Украина. Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор. ТАСС, исто така, објави дека двајцата претставници треба да го посетат и Киев. Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари, кога разговараа со рускиот претседател Владимир Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
СветЕксплозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер Во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот залив утрово одекнаа експлозии, јави агенцијата Фарс.Како што јави Иранската студентска новинска мрежа (SNN), ирански танкер со нафта во близина на островот Харг бил погоден со проектили. Иранскиот новински канал Хабар Фури објави дека танкерот бил погоден со четири американски проектили и дека во тек е евакуација. Островот Харг се смета за клучен нафтен терминал и околу 90 отсто од извозот на нафта на Иран се обработува таму. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави на социјалната мрежа Truth social видео генерирана од вештачка интелигенција на која се гледа како американските сили го напаѓаат Харг, со коментар дека островот е „разнесен на парчиња“. Потоа, генералниот директор на иранската национална нафтена компанија Хамид Бовард изјави дека немало напади и најавите на Трамп ги нарече „смешни“. Бовард потсети дека во минатото американските и израелските сили постојано го бомбардираа овој остров, од каде потекнуваат 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но и тогаш работните активности не беа прекинати ниту за момент.Тагови: танкер Харг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
СветТајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)Жителите на градот Гаопинг во кинеската покраина Џијангси се разбудија во хаос. Во лизгање на земјиште предизвикано од обилните дождови загина најмалку едно лице, а 11 се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Во раните утрински часови, лизгањето на земјиштето затрупа неколку згради и оштети 12 куќи, додека спасувачките екипи се бореа да пронајдат преживеани, објави кинескиот државен радиодифузер CCTV. Breaking : Shocking aftermath footage shows massive devastation across Fujian, China , following severe flooding caused by Typhoon Saudel. pic.twitter.com/0qQuGeL5EA — World Updates (@Updatesofwworld) September 4, 2026 Трагичните сцени се резултат на тајфунот Саудел и студениот фронт што донесе обилни дождови и поплави во покраината Сечуан. Жителите беа заробени, патиштата беа оштетени, а клучните јавни услуги беа сериозно нарушени. Гаопинг е погоден од екстремните временски услови што ја погодија Кина во последните месеци, особено во планинските области. Тајфунот Саудел, 18-ти што ја погоди Кина оваа година, дополнително ја влоши ситуацијата кога во четвртокот по трет пат стигна до копното во округот Џијангпу, предизвикувајќи евакуација на десетици илјади луѓе поради предупредувања за силни ветрови и обилни дождови. Во соседната покраина Џијангси, тајфунот погоди 128.500 жители во 53 окрузи, принудувајќи речиси 8.700 луѓе да се евакуираат.Тагови: Кина тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook