Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција
1Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција
Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
ФудбалРеал се уште не добил официјална понуда за Роналдо Реал Мадрид се уште не добил официјална понуда за својата ѕвезда Кристијано Роналдо, пренесе „Онде черо“.Според извори на медиумот, италијанскиот шампион во моментов ја истражува можноста за купување на португалската ѕвезда, но нема конкретен предлог. Средби се одржале помеѓу агентот на најдобриот стрелец на „белите“, Жорже Мендеш и гигантот од Италија. Менаџерот се обидувал да ги убеди „бјанконерите“ дека таквиот договор ќе биде многу профитабилен за нив. Претходно излегоа гласини дека трансферот ќе биде финализиран наскоро, а Јуве сака да го претстави Роналдо на 7 јули. Се вели дека „Старата дама“ ќе плати 100 милиони евра на „кралскиот“ клуб и петкратниот освојувач на „Златната топка“ ќе потпише до 2022 година. Неговата годишна плата би изнесувала 30 милиони евра. Шпекулации дека Роналдо ќе го напушти Реал има од 2017-та година, а по финалето на Лигата на шампионите оваа година, освоено од „лос меренгес“, Португалецот објасни дека е радосен дека бил дел од мадридскиот гигант. По овие негови зборови медиумите почнаа да пишуваат дека сигурно Португалецот нема да продолжи на „Бернабеу“, а името му беше поврзано со ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Се вели дека главната причина за да се дојде до оваа ситуација со Роналдо е неподготвеноста на шефот на актуелниот европски клупски шампион, Флорентино Перез да ја зголеми платата на ѕвездата. Во моментов, Роналдо заработува 21 милион евра годишно. За споредба, најголемиот негов конкурент Лионел Меси од Барселона зема по 40 милиони евра, а Нејмар од ПСЖ добива по 37 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупцијаСо скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција.Во случајот со набавката на хеликоптери од „Леонардо’’, иако цената на набавката која ја направила Славјанка чинела 213 милиони евра, таа нагло рипнала за 37 милиони евра повеќе во 2024 година за време на техничка влада. И тука Филипче јасно и гласно посочи дека станува збор за кривично дело и дека треба да се истражи. И му благодариме за признанието. Но, исто вака гласен Филипче треба да е и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добивал автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев. Има многу признанија кои Филипче треба да ги истакне во јавноста, но се надеваме дека ова е само почеток и го охрабруваме да не молчи. Вистината излегува на виделина. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник https://we.tl/t-vwQAFhYQ9i69aYxe Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиенаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен. - До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија Расте бројот на заболени од канцер во Македонија. На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти. Од 200 до 300 нови пациенти има годишно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook