Реал нуди фудбалер за нула евра, тој не сака да си замине - Канал 5

Реал нуди фудбалер за нула евра, тој не сака да си замине

Што се однесува до големите зделки, Реал Мадрид летово ја заврши својата трансфер приказна со заминувањето на Касемиро во Манчестер Јунајтед.

Реал нуди фудбалер за нула евра, тој не сака да си замине

Сите шпански медиуми се согласни дека не се очекува некоја голема работа во Мадрид, но тврдат и дека во последните денови од преодниот рок кој трае до 1 септември би можеле да се случат голем број помали промени.

И покрај тоа што Реал е во многу подобра финансиска позиција од Барселона, која мака мачи со долгови, двата тима во последните денови од преодниот рок влегуваат со сличен проблем - како да се ослободат од играчите кои се вишок во соблекувалната, а никој не ги сака.

Во Реал има тројца фудбалери. Марко Асенсио, Алваро Одриозола и Маријано Дијаз се играчи кои Реал би сакал да ги испрати во друг клуб пред крајот на преодниот рок. Посебна приказна е Дијаз, кој никогаш не одиграл важна улога во Реал, за разлика од претходно споменатото дуо кое имало барем епизодни улоги.

Дијаз во Мадрид пристигна во текот на летото 2018 година од Лион за 21,5 милиони евра, а потпиша договор вреден 4,5 милиони евра годишно, кој истекува следното лето. Реал е подготвен да го пушти без обештетување веќе ова лето и покрај тоа што има уште цела година од договорот.

Сепак, проблемот е што Дијаз не ни размислува за заминување, тој ги одбил сите досегашни предлози и е решен да го заврши договорот. Причината, веројатно, е што тој веќе не може да добие сличен договор во ниту еден клуб во кој ќе оди, па повеќе би сакал да седи една година на трибините и да зема голема плата во Реал отколку да игра некаде за многу помалку пари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Според неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер