Реал Мадрид планира да се ослободи од три ѕвезди - Канал 5

Реал Мадрид планира да се ослободи од три ѕвезди

Реал Мадрид планира следното лето да се ослободи од Марсело, Иско и Гарет Бејл, пишува Марка.

Реал Мадрид планира да се ослободи од три ѕвезди

Бејл веќе е на позајмица во Тотенхем кој има право да го откупи неговиот договор, но Велшанецот се уште е далеку од почетниот состав во тимот на Жозе Мурињо и засега има големи шанси да се врати во Реал.

Иско веќе долго време се споменува како играч кој треба да го напушти Реал, а слично е и со Марсело, кој оваа сезона забележал само 10 настапи во сите натпреварувања.

На сите им истекува договорот со Реал летото 2022 година, а клубот од Мадрид со заминувањето може да заштеди помеѓу 65 и 70 милиони евра, пишува Марка.

Со Марсело, Бејл и Иско, Реал освои четири титули во Лигата на шампионите, четири светски титули и двапати беше шампион на Шпанија.

Во Реал се надеваат дека ќе можат да продадат и помлади играчи како Алваро Одриозола, Хесус Валехо, Маријано и Лука Јовиќ со цел да заработат пари за можни засилувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо

На Венко Филипче, како главен во талогот на СДС, откако направи низа на криминали му текна да се грижи за работниците и минимална плата.

Петрушевски: Филипче со багажот од криминални тендери и десет илјади мртви за време на короната, не може реално да расудува за ништо

И секако, Филипче како специјализиран за криминал заедно со неговиот учител, Зоран Заев, и партиски другар се противи на се што значи економски раст и економски напредок. Се противи на секаков вид инвестиција, на се што ќе придонесе за реално минималната плата да се зголеми.

Но, што знае Филипче за реално покачување на минималната плата. Ништо.

Филипче за време на владата на СДС и додека тој беше министер, знаеше само за спроведување на сомнителни тендери во здравството како оној за вакцините, потоа сомнителни проекти за клинички во Скопје, а сакаше и неколку области во здравството да ги приватизира. Дополнително, на негово конто се десеттина илјади починати во корона кризата, 14 пациенти кои живи изгореа во модуларната болница во Тетово.

Почитувани,

Филипче по сето ова, многу е јасно дека не може реално да расудува, не може да носи реални одлуки. Затоа, на Филипче му останува само да глуми грижа за граѓаните.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува за грижата за секој еден граѓанин преку помагање на локални проекти, носење на инвестиции, подобрување на економската ситуација.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски на состанок на Централноевропската одбранбена соработка

Македонскиот придонес кон колективната безбедност и сигурноста на регионот и инвестициите во одбраната се реалност.

Мисајловски на состанок на Централноевропската одбранбена соработка

„Македонската Армија не само што е гарант на мирот и безбедноста на земјата, туку и активно придонесува кон зацврстувањето на регионалната и колективната безбедност, а одбраната силно инвестира во развојот на капацитетите на Армијата“, рече министерот Владо Мисајловски на денешната министерска средба во Брдо, Словенија, во формат министри за одбрана на Централноевропската одбранбена соработка и Западниот Балкан.

Министерот Мисајловски се задржа и на севкупните инвестиции во одбраната и активностите поврзани со одбраната и безбедноста.

„Со инвестиција од 2 проценти во одбранбениот буџет и силните инвестиции во воената мобилност преку изградбата на коридорите 8 и 10, земјава не само што ги исполнува во целост своите обврски кон заедничката Алијанса, туку и на терен ја зацврстува безбедноста и стабилноста на поширокиот регион“, рече Мисајловски и додаде дека „воената мобилност ја сметаме за еден од клучните фактори што ја овозможуваат европската и евроатлантската безбедност“.

Во контекст на европската поддршка, министерот Мисајловски го спомена четвртиот европски пакет кој за прв пат вклучува активности за развој на инфраструктурата на армискиот полигон „Криволак“ кој е исклучително важен ресурс за обука и извежбување за македонската Армија, сојузниците и партнерите.

Во своето обраќање Мисајловски се осврна на потребата од континуирано зацврстување на регионалната безбедност при што нагласи: „Стабилен Балкан значи стабилна Европа“, посочувајќи ги мисиите на НАТО, КФОР, на Косово и на ЕУ АЛТЕА во Босна и Херцеговина во чии рамки придонесуваат и македонските војници и додаде дека низ годините регионот се трансформираше од увозник во извозник на мир, стабилност и безбедност.

„Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во одбранбените иницијативи на Европската Унија дополнително ќе ја зајакне регионалната стабилност и севкупната безбедност на Европа“ рече Мисајловски во контекст на одбранбената соработка во Централна Европа и Западниот Балкан и додаде дека земјава „поддржува поголема вклученост на балканските партнери во релевантните одбранбени иницијативи и инструменти на Европската Унија.“

Министерот Мисајловски денеска учествуваше и на средбата во формат земји – учеснички во Балканските медицински наменски сили, каде говореше за успешноста на оваа иницијатива, но и за потребата од носење на одлуки со кои ќе се зголеми визибилноста на овие регионални сили.

„Земјите-членки на Балканските медицински наменски сили влегуваат во период во кој се потребни конкретни чекори за преземање поголема одговорност. Безбедносните случувања влијаат врз приоритетите на партнерите на БМНС, при што фокусот сè повеќе се насочува кон други региони. Токму затоа, сега е потребно заеднички да покажеме и јасно да изразиме силна волја, посветеност и визија за понатамошниот развој на БМНС“, рече Мисајловски. Тој потврди дека нашата земја ја поддржува идејата за разгледување на можностите БМНС да даде свој придонес и надвор од балканскиот регион, за што ќе бидат потребни позитивен пристап, заедничка волја и посветеност од сите земји-членки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаков Јозиновиќ за славата: Најважно ми е да не се изгубам себеси

Младиот музичар Јаков Јозиновиќ брзо стана едно од најпрепознатливите имиња меѓу новата генерација изведувачи.

Јаков Јозиновиќ за славата: Најважно ми е да не се изгубам себеси

Неговата популарност нагло порасна, поттикната од емотивните изведби на познати песни и силната поддршка од помладата публика. Иако многумина го доживуваат како самоуверен и енергичен на сцената, Јозиновиќ открива дека приватно е многу потивок и порезервиран човек кој внимателно го чува својот приватен живот, семејството и внатрешниот мир, пренесува „Azra.ba“.

Неговиот пат кон славата беше неверојатно брз. Во врска со вниманието што го добива каде и да се појави, тој вели: „Сè уште се навикнувам на сето тоа. Многу работи сè уште ми изгледаат нереално бидејќи животот ми се промени целосно за толку кратко време. Им благодарам на сите што ја слушаат мојата музика и доаѓаат на моите концерти, но се трудам да останам истата личност што бев пред сето ова. Мислам дека тоа е единствениот начин да останам цврсто на земја среде сето ова“.

Емоцијата како клуч за успех

Публиката го засака поради неговите емотивни интерпретации, а тој објаснува што треба да поседува една песна за да може искрено да ја изведе. „Мора да има емоција и вистина. Никогаш не сум можел да пеам нешто зад кое не стојам или кое не го чувствувам. Сакам песни што имаат душа, без разлика дали се работи за големи балади или за нешто сосема едноставно. Кога некоја песна ќе допре до мене, знам дека можам искрено да ја пренесам и дека публиката ќе го почувствува тоа“, објаснува тој.

Приватен живот наспроти јавната сцена

И покрај популарноста, тој остава впечаток на многу приземен човек. „Мислам дека многу значи да имам луѓе околу себе кои ме познаваа пред сето ова. Семејството и пријателите секогаш те враќаат во реалноста. Освен тоа, се трудам да не живеам само за социјалните мрежи и за мојот јавен имиџ. Важно ми е да си го зачувам мирот и оние нормални моменти“, истакнува тој.

Тој признава дека Јаков на сцената е поинаков од оној во приватниот живот. „На сцената можеби сум погласен, послободен и поенергичен, но приватно сум многу посмирен и порезервиран. Ја сакам тишината, морето, спонтаните возења и малиот круг на луѓе. Мислам дека публиката гледа голем дел од мене, но секако, има работи што ги чувам само за себе.“

Односот со публиката

Ужива особено силна поддршка кај помладата публика, но сепак со претпазливост гледа на улогата на идол. „Чувството е одлично кога знаеш дека луѓето те сакаат и поддржуваат, но навистина се трудам на тоа да гледам приземно. Најважно ми е да пренесам емоција кај луѓето преку мојата музика и да останам добар човек. ’Идол‘ е голем збор и мислам дека сите имаме одговорност за тоа како се однесуваме кон луѓето што нè следат“, рече тој.

Незаборавни моменти и поглед кон иднината

Како најемотивни моменти во кариерата ги издвојува концертите во преполни арени. „Имало многу такви моменти, но мислам дека најемотивни се оние кога стоам пред полна арена и ја слушам публиката како ја пее секоја песна заедно со мене. Тогаш застанувам на миг и си помислувам: ’Ова навистина се случува‘. Тоа чувство е тешко да се опише“, вели тој.

Кога станува збор за иднината, се труди да најде рамнотежа. „Сакам да имам цели и визија, но научив дека животот честопати се одвива сосема поинаку од она што го планираме. Во моментов се обидувам да најдам рамнотежа меѓу планирањето и вистинското живеење во моментот.“

Најголема желба

Многу ги штити своите најблиски и сопствените емоции, сметајќи дека тие не треба да бидат дел од јавниот живот. На прашањето која е неговата најголема желба за периодот кога ќе стивне вниманието на јавноста, тој одговара: „Да останам среќен и доследен на себеси, без оглед на тоа што носи иднината. Секако, имам големи соништа поврзани со музиката и концертите, но на крајот на денот, најважно ми е да не се изгубам себеси ниту луѓето што ги сакам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер