19 ноември во Тетово без општинската власт: Зошто локалната самоуправа го игнорира Денот на ослободувањето?
219 ноември во Тетово без општинската власт: Зошто локалната самоуправа го игнорира Денот на ослободувањето?
3Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка
Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
1Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
КошаркаРеал Мадрид на врвот на табелата од ЕвролигатаКошаркарите на Реал Мадрид со победата синоќа над Армани Милано се вратија на првата позиција на табелата од Евролигата.Тие го совладаа тимот на Армани Милано со 94:89. Најефикасни на дуелот беа Серхио Љуљ (Реал) и Крунослав Симон (Армани) со по 20 поени. На другите натпревари одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Олимпијакос – Бамберг 83:77, ЦСКА Москва – Анадолу Ефес 80:77, Дарушафака – Жалгирис 66:69 и Барселона – Басконија 79:93. На натпреварите одиграни во четвртокот: Црвена Звезда – Панатинаикос 72:66, Фенербахче – Галатасарај 85:80 и Макаби – Уникс Казан 60:52. Табела: Реал Мадрид 15-5 (победи-порази), ЦСКА Москва 15-5, Олимпијакос 14-6, Фенербахче 13-7, Црвена Звезда 12-8, Басконија 12-8, Панатинаикос 11-9, Дарушафака 10-10, Анадолу Ефес 9-11, Жалгирис 8-12, Барселона 8-12, Бамберг 7-13, Уникс 7-13, Макаби 7-13, Армани 6-14, Галатасарај 6-14. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФакултетите на УКИМ и Ректоратот добија струја, но со рок за плаќање до крајот на неделатаМинистерката за образование Весна Јаневска не била запознаена со тоа дека четири факултети и ректоратот на УКИМ вечера останале без електрична енергија поради неподмирени сметки. При посетата на Филозофски контатираше дека на УКИМ денеска струја има, но не негираше дека неколку високообразовни установи имале долгови за електрична енергија, но тврди дека тие редовно се сервисирале. Долговите кон ЕВН ќе се пополнуваат преку ребалансот на буџетот. Во текот на вчерашниот ден поради неплатени сметки во повеќечасовен мрак останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот. Електричната енергија денеска е повторно пуштена, а дел од факлутетите тврдат дека сами си ги подмириле сметките. Јаневска пак уверува дека високообразовните установи немаат причина да стравуваат од нови исклучувања на електричната енергија. Исклучувањето на струјата во дел од универзитетските објекти наиде на остри реакции кај дел од партиите. Од либерално демократската младина посочуваат дека е срамно во ера на дигитализација, македонските универзитети да се соочуваат со прекин на електричната енергија и да се доведува во прашање одржувањето на настава. Бараат итна одговорност за натрупаниот долг кон ЕВН. Тагови: УКИМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија19 ноември во Тетово без општинската власт: Зошто локалната самоуправа го игнорира Денот на ослободувањето?Зошто Општина Тетово не покажува почит за Денот на ослободување на градот ниту со присуство, ниту со финансиска поддршка за свеченоста која ја организира секоја година Сојузот на борци? 19 Ноември и оваа година се одбележа во Домот на културата без градоначалникот Биљал Касами на гостинските столчиња, а не дојде ниту некој друг претставник на локалната власт во име на општината. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со тетовскиот градоначалник, но тој не одговори на повиците и пораките. Претставникот на Сојузот на борци, Даријан Сотировски, вели дека иако за Ден на градот е прогласен трети март, 19 ноември е голем ден што заслужува да се истакне и македонското знаме. Сепак оценува дека сојузот, како и за другите градски и државни празници, успева на едно место да ги собере луѓето од различни сфери на општеството. „ После години години откако општината го напушти одбележувањето на овој значаен ден 19 ноември, го обновивме, и секоја година е се попрепознаен од народот и навистина се радуваме што имаме споделено задоволство од сите затоа што обновивме и воспоставивме традиција којашто навистина заслужува внимание и дава една додадена вредност на живеењето во градот. Зошто градот Тетово крена раце од ова? - Затоа што го слави антифашизмот, а очигледно не она против кое антифашизмот е насочен. “-Даријан Сотировски – член на претседателството на Сојуз на борци. Тетово е последниот македонски град ослободен од окупацијата во Втората светска војна во 1944, од фашистите меѓу кои и балистичките вооружени формации. Во минатото 19 ноември беше датум кој тетовци го одбележуваа со бројни свечености, но во 2003 година општинскиот совет донесе одлука за менување на градскиот празник во 3 март како официјален датум – денот кога е конституиран првиот повеќепартиски совет на Општина Тетово. На тој начин замре одбележувањето на денот на ослободување на градот, се до 2019 година кога повторно почнаа да се одржуваат свечености, без општинска поддршка. Денеска пред споменикот на паднатите борци почит оддаваа граѓаните, а свежо цвеќе положи и делегација на ВМРО-ДПМНЕ Тетово. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеДисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчињаДали медицинската сестра што пред неколку дена му пресече дел од палецот на новороденче наместо фластерот за инфузија пак ќе работи со бебиња на ГАК ќе одлучи дисциплинска комисија составена од доктор, адвокат и синдикален претставник формирана приОваа комисија има рок од 60 дена да даде заклучок, потврдуваат од ГАК, а додека трае постапката, сестрата која има искуство од 20 години е суспендирана од досегашната позиција и е префрлена во млечната кујна. Таткото на бебето, Аднан Азизи за Канал 5 вели дека добил уверување дека утре ќе му биде доставена целата медицинска документација и со неа случајот и официјално ќе го пријави во МВР, а потоа ја ќе поднесе тужбата до ГАК, со цел тоа што ѝ се случило на неговата ќеркичка Лејла да не се случи на друго бебе. -Утре ќе ги земеме. Професорот ми кажа да дојдеме во петок, утре ќе одам да ги земам сите документи, после ќе ги однесеме во МВР и потоа со адвокатот. Јас не ја знам сестрата (што му го пресекла прстот на детето), јас Клиниката ќе ја тужам, па како ќе каже судот понатаму, така ќе правиме. Јас и да ја познавам сестрата, работа со персоналот немам, имам со Гинекологија, затоа Клиниката ќе ја тужиме,- - Аднан Азизи – родител. Поради потврдата од страна на Клиниката за Гинекологија дека повредата се случила во болница што случајот го дефинира како „несакан настан“ здравствените власти сметаат дека со формирањето на дисциплинската комисија случајот ќе биде затворен и нема да има оформување на дополнително стручно тело, бидејќи е потврдено дека станува збор за грешка. Од вчера бебето е дома, на домашно лекување со антибиотици, а според појаснувањата тоа има пократок палец, бидејќи при операцијата била ампутирана дисталната фаланга на прстето, односно последниот коскен дел од палецот, за да може раната хируршки да се обработи и затвори. Родителите добиле насоки дека дури кога девојчето ќе наполни 15 или 16 години ќе може да се направи реконструктивна операција на пластична хирургија, со цел да се добие нормален изглед на палецот. Тагови: ГАК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45