Реал Мадрид и Барселона се заинтересирани за шпанското „чудо од дете“ - Канал 5

Реал Мадрид и Барселона се заинтересирани за шпанското „чудо од дете“

Шпанскиот фудбалер, Антонио Кордеро, попознат како Антоњито е на мета на Реал Мадрид и Барселона, пишуваат шпанските медиуми.

Реал Мадрид и Барселона се заинтересирани за шпанското „чудо од дете“

Талентираниот 18-годишен играч на Малага, кој е еден од предводниците на младинскиот тим на „Црвената фурија“, веќе подолго време е цел на гигантите од Шпанија, а неодамна го презеде Пини Захави, менаџер кој е многу близок со Барселона, со оглед на тоа што ги застапува Флик, Левандовски и други.

Барселона веќе направи некои потези ова лето, но Малага не беше заинтересирана за соработка. Но, со оглед на тоа што договорот на Кордер истекува во јуни следната година, Марка пишува дека челниците на Малага подготвуваат трансфер веќе во зимскиот преоден рок.

Понуда пристигна и од Сантијаго Бернабеу, но се чини дека Антонио во моментов е поблиску до Барселона, судејќи по поврзаноста на менаџерот Захави со каталонскиот клуб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Мисајловски во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип

Министерот Мисајловски во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип – со засилено темпо продолжуваат капиталните инвестиции во Армијата.

Министерот Мисајловски во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски денеска беа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, во увид на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава.

Министерот Мисајловски порача дека инвестициите за подобрување на инфраструктурата во Армијата продолжуваат со засилено темпо.

„Последните недели постојано промовираме нови проекти. Насекаде е раздвижено во касарните...Може да видите еден преубав реконструиран објект, се работи за целосна обнова, целосна реконструкција на објектот 35. тука во касарната во Штип. Инвестиција од 33.7 милиони денари“, рече министерот.

Тој истакна дека во рамки на реконструкцијата на објектот во касарната се вклучени: нова енергетски ефикасна фасада, обновени електрични инсталации, реконструкција на санитарните јазли како и сите останати градежни зафати и додаде: „Во овој момент повеќе од 100 милиони денари ќе инвестираме само во касарната во Штип...веќе е потпишан договор и за промена на покривот во војничкиот ресторан. Исто така работиме на промена на и адаптација на нови хангари“, потенцира Мисајловски.

Мисајловски посочи дека благодарение на одличната соработка помеѓу Министерството и Генералштабот на Армијата, се продолжува со инвестиции во инфраструктурата, кои пак ќе придонесат за значително подобри услови за работа, престој и извршување на задачите од страна на припадниците на Армијата и додаде дека во текот на оваа и следната година во инфраструктурни проекти за Армијата ќе бидат инвестирани повеќе од 12 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: За труењето на Гостивар и цела Македонија мора да има кривична одговорност

По труењето на граѓаните на Гостивар, со над 4.000 заболени граѓани, по труењето на уште седум други населени места и загадување на две реки мора да има кривична одговорност.

Кузеска: За труењето на Гостивар и цела Македонија мора да има кривична одговорност

Од сите.

Наместо да прикриваат и бараат виновници насекаде, освен во сопствените редови, криминалната ВМРО треба да ја признаат вистината за тоталниот институционален колапс.

Здравјето на граѓаните го загрозија, најважното нешто.

Не можете да отруете цел град, загадување на вода да има и во седум други населени места, на две реки а никој од власта да не одговара.

Целата власт, сите институции и сите механизми се во рацете на ВМРО-ОКГ и на Мицкоски.

Нема бегање од одговорноста сега за труењето на Македонија.

Прво, институциите признаа дека „црвените светла“ им се запалиле предоцна. Додека илјадници гостиварчани пиеле вода загадена со фекалии, никој не презел ништо.

Потоа ги криеа податоците од јавноста.

Сега, кога кризата веќе ескалираше, признавате ризик од жолтица и други заразни болести.

Она на што д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела.

Дополнително, јавноста и денес нема добиено официјален, потпишан извештај за анализите на таканаречената „техничка вода“.

Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал извештајот? Кој ја одобрил употребата на водата? Врз основа на кои параметри е утврдено дека е безбедна?

Граѓаните на Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност, превенција и брза реакција, добија неспособност, прикривање информации и политички калкулации.

За ова мора да има и политичка и кривична одговорност.

Кривично мора да одговараат министерот Сашо Клековски, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, директорите на надлежните центри за јавно здравје, како и сите службени лица кои знаеле што се случува, ги криеле информациите, не презеле мерки и дозволиле здравјето на граѓаните да биде загрозено.

СДСМ нема да дозволи овој скандал да заврши со уште едно прикривање на вистината и правдата.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 29.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент

Продолжува трендот на намалување - во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент, кои побарале лекарска помош, информираат од Министерството за здравство. 

МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (28.07.2026) се евидентирани вкупно 71 новопрегледан пациенти, што покажува тренд на намалување во однос на претходниот ден.

Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар се регистрирани вкупно 49 нови прегледи, од кои 29 на инфективно и 25 на педијатриско одделение. Во моментот се хоспитализирани двајца пациенти на инфективно и пет пациенти на одделението за педијатрија.

Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 22 нови прегледи во дежурната служба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер