Реал Мадрид го продава Еден Азар

Еден Азар нема да остане во Реал Мадрид доколку шпанскиот клуб добие понуда со која ќе бидат задоволни.

Белгискиот фудбалер беше дочекан пред две години како голема sвезда,а 50.000 луѓе дојдоа да го поздрават на презентацијата, додека неговиот трансфер од Челси беше платен повеќе од 100 милиони евра, а сега може да си замине.

Сето ова му го наведува шпанска Марка и пишуваат дека во клубот го изгубиле трпението со играч кој е склон на повреди и кој не го покажал очекуваниот квалитет кога бил подготвен. Исто така потсетува на забавата на теренот со неговите поранешни соиграчи по натпреварот во кој Реал Мадрид беше запрен во полуфиналето од Лигата на шампионите, а Челси тргна кон борбата за титулата.

На преостанатите првенствени игри, клубот очекувал Азар да придонесе во борбата за титулата во Шпанија, но тоа нема да влијае на статусот на Азар во клубот. Ниту смеата во друштво на играчите на Челси немале ефект, бидејќи одлуката да го напушти, тврди шпанскиот спортски дневен весник, е донесена пред неколку недели.

Тој го загуби статусот во соблекувалната и довербата на врвот на клубот, па затоа во иднина повеќе не се смета, туку се бара купувач. Кога дојде во Реал Мадрид, Трансфермаркт ја процени неговата вредност на 150 милиони евра. Денес изнесува 40 милиони.

Азар има договор со Реал Мадрид до 30 јуни 2024 година.

Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

Де Бруин ќе му се придружи на Роналдо ова лето?

Манчестер Сити не успеа во мисијата да ја одбрани тројната круна. 

Во четвртфиналето на Лигата на шампионите беа поразени од Реал, но затоа Сити се уште е во конкуренција за двојната круна во Англија и шестата шампионска титула во последните седум години.

Сепак, ова лето Манчестер Сити би можел да остане без својот најдобар играч Кевин де Бруин.

Фантастичниот триесет и тригодишен Белгиец под водство на Гвардиола освои се и остави голема трага во Премиер лигата.

Актуелниот договор на Де Бруин истекува во летото 2025 година, а саудиски Ал Наср сака да ја искористи таа ситуација. Белгиецот моментално вреди 60 милиони евра на пазарот, но доколку клубот на Роналдо го сака играчот на Манчестер Сити, ќе мора да плати многу поголема отштета.

Во Манчестер Сити Де Бруин заработува околу 21 милион евра по сезона. /МИА

Тела на 19 мигранти пронајдени кај брегот на Тунис

Телата на 19 лица се пронајдени во близина на брегот на Тунис, еднo од главните влезни места за мигранти кои сакаат да го преминат Средоземното Море во Европа, а полицијата уапси петмина шверцери на луѓе.

Крајбрежната стража на Тунис соопшти дека ги пронашла телата во вторникот во близина на пристанишните градови Махдија и Сфакс, вториот по големина град во земјата каде што мигрантите се судрија со полицијата во последните недели.

И покрај ризиците, мигрантите продолжуваат да се обидуваат да преминат од Северна Африка во Европа, патувајќи со брод преку Средоземното Море од Мароко, Алжир, Тунис и Либија до Италија, Грција, Малта и шпанските Канарски Острови. Повеќе од 49.000 луѓе дојдоа во Европа по море оваа година, вклучително и повеќе од 7.000 од Тунис до Италија.

Многу повеќе се обиделе да ја поминат оваа рута, вклучително и илјадници кои биле пресретнати од северноафриканските власти, а се проценува дека 473 лица се мртви или исчезнати, според Меѓународната организација за миграција на ОН. /МИА

притисни ентер