Шпанските медиуми пренесуваат дека големи имиња не се очекува да пристигнат ова лето на Сантијаго Бернабеу, но дека треба да има дури девет заминувања.
Прв на списокот за заминување е Герет Бејл кој одигра само 20 натпревари оваа сезона, постигна три гола и кој побара од тренерот Зинедин Зидан да го изостави од списокот на играчи за натпреварот против Сити. Се очекува Велшанецот да се врати во Англија, каде претходно играше за Тотенхем.
Другиот е Колумбиецот Џејмс Родригез, кој беше на позајмица во Баерн минатата сезона, а тој не играше во Мадрид оваа сезона. Собра само 728 минути, постигна еден гол и имаше две асистенции.
Иско си заминува , верувајќи дека на 28-годишна возраст заслужува да игра во тим во кој ќе има поголема улога од онаа што ја има со Зидан во Реал. Тој е исто така разочаран што го гледал клучниот меч со Сити од клупата. Италијанците пишуваат дека новиот тренер на италијанскиот шампион Андреа Пирло би сакал да го види во Јувентус.
Еден од оние кои не се наметнаа е и српскиот напаѓач Лука Јовиќ. Минатото лето на Ајнтрахт му беа исплатени 60 милиони евра, а во својата прва сезона во Мадрид постигна два гола и одигра само 806 минути. Монако се споменува како можна дестинација за Јовиќ, каде ќе го донесеше Нико Ковач, неговиот поранешен тренер од Ајнтрахт.
Маријано и Брахим Дијаз се дуо кои се незадоволни од нивниот статус и минутите и сакаат промена на клубот. Пред две години на Маријано му биле исплатени 21 милиони евра, а Дијаз 17 милиони минатата година.
Мадридскиот АС исто така пишува дека Лукас Васкез е презаситен и дека повеќе не сака да биде „број 12“ во тимот, дека Начо Фернандез има интересна понуда од Рома, и дека Марсело би можел да му се придружи на Роналдо во Јувентус затоа што Реал веќе бара нов лев бек.