3Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
ФудбалРеал ја победи Жирона, Миовски играше 58 минутиМакедонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски одигра 58 минути синоќа во натпреварот со Реал на домашен терен.Гостите победија со убедливи 3:0, во натпреварот од 16. коло на шпанското првенство. Стрелци беа Џуд Белингем, Арда Ѓулер и Килијан Мбапе. По овој натпревар, Реал е на второто место во поредокот со 36 бодови, два помалку од водечката Барселона, која има и натпревар повеќе. Жирона е на осмото место со 22 бода./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаСДСМ: Мицкоски пак го копира Вучиќ - сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнувањеМицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија.Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија. СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување. Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ. Мицкоски не мора да се замара. Линијата за пријава кај нас е веќе отворена - веќе шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk. Да го известиме дека и него веќе го пријави половина Македонија. Него и неговите соработници од организираната криминална група ВМРО. Единствен проблем е што, исто како Вучиќ во Србија, Мицкоски го приватизираше Обвинителството. На Обвинителот му се јавува на телефон, му се даваат задачи од собраниската говорница или преку медиумите. Затоа се катастрофални извештаите на Европската комисија за судството, каде се констатира, мешање во судството и обвинителството, отсуство на реформи, широко распространета корупција и проблематични јавни набавки. Дополнително, доаѓа и медиумскиот мрак, по истиот рецепт. Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. По веќе воспоставената медиумска мрежа на над 40 % од Орбановите медиуми, сега следува уште поголема концентрација на медиумско влијание. Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски. Мицкоски, ова веќе е премногу. Копирањето на Вучиќ станува смешно. Прес конференција на Кети Штерјова, СДСМ Веќе е отворена линија за корупција www.micko.mk - половина Македонија го пријави Мицкоски Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија, амане мора да се замара, линијата за пријава кај нас е веќе отворена - шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk, нагласи Кети Штерјова од СДСМ, на денешнатра прес-конференција. Штерова посочи дека оваа кампања на Мицкоски е копија на кампањата што во Србија ја води Вучиќ „Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија.Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ.Мицкоски не мора да се замара. Линијата за пријава кај нас е веќе отворена - веќе шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk. Да го известиме дека и него веќе го пријави половина Македонија. Него и неговите соработници од организираната криминална група ВМРО“, рече Штерјова. На прес-конференцијата, Штерјова укажа дека суштинскиот проблем е што институциите, судтсвото е ставено под политичка контрола на Мицкоски, затоа и државата добива лоши извештаи од Европската Комисија во делот на судтво. „Единствен проблем е што, исто како Вучиќ во Србија, Мицкоски го приватизираше Обвинителството. На Обвинителот му се јавува на телефон, му се даваат задачи од собраниската говорница или преку медиумите. Затоа се катастрофални извештаите на Европската комисија за судството, каде се констатира, мешање во судството и обвинителството, отсуство на реформи, широко распространета корупција и проблематични јавни набавки“, рече Штерјова. Воедно, Штерјова предупреди дека, дека покрај копирањето на политичките методи, се пресликува и моделот на медиумско влијание по истио рецепт како во Србија. „Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. По веќе воспоставената медиумска мрежа на над 40 % од Орбановите медиуми, сега следува уште поголема концентрација на медиумско влијание“, рече Штерјова. Линк до видеото : https://youtu.be/pUMXKjcA878?si=yzP6UiNKbPE_5bOt Скопје, 28.07.2025 СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаГрад Скопје-Нова мерка за еднакви можности: Бесплатни униформи за средношколцитеСо цел да се унапреди еднаквоста меѓу учениците и да се обезбедат подобри услови за образование, се воведува мерка за доделување бесплатни униформи за сите ученици запишани во прва година во средните училишта.Оваа мерка има за цел да ги намали социјалните разлики, да го олесни финансискиот товар на семејствата и да придонесе кон создавање училишна средина во која знаењето, трудот и успехот се единствените критериуми што ги издвојуваат учениците. Секој ученик заслужува да се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, а вложувањето во образованието е вложување во иднината на целото општество. Со почит, Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКамерниот оркестар на МММ вечерва на „Охридско лето“Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва ќе настапи во рамки на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија одбележува четири децении од постоењето. Основан е како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид, и оттогаш повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав. Диригенти и уметнички раководители биле Ф. Муратовски, Г.Коруновски. С.Николовски-Ѓумар, М. Спасов, Б.Цанев, Б.Чадловска, А.Ремерајт, О.Кондратенко, М.Кац, Џ.Мартиненги, Е.Митревска и И.Еминовиќ. Веќе 40 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“. Од 2018 година, оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter