3Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаРеакција на Македонски Телеком: невиден скандал е фантом компанија да изнудува 4 милиони евра од ТелекомМакедонски Телеком најостро реагира на парцијалните и непотполни информации, изнесени во медиумот Канал 5 на 23.01.2026 и 27.01.2026 година, од страна на суспендираната судијка Наташа Савовска Димитровска и нејзиниот полномошник. Еднострано беа пренесени парцијални и непотполни информации, а притоа воопшто не беше побаран став од втората страна, односно од Македонски Телеком. Иако ова е основно новинарско начело, истото не беше применето, со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира. Покрај тоа, на компанијата и се нанесува штета и нарушување на угледот и довербата. Во интерес на точно јавно информирање би сакале да потенцираме дека одлуката на Жалбениот совет при Врховниот суд е само еден дел од корпусот на документи поврзани со овој предмет и оваа одлука не е конечна. Конечната одлука за разрешување на посочената судијка ќе ја донесе Судскиот совет. Заради тајноста на постапката која сеуште е во тек, компанијата не е во можност да ги достави сите релевантни документи коишто во целост ги побиваат наводите на суспендираната судијка и нејзиниот полномошник. Инаку се работи за 20 годишен спор, кој Македонски Телеком го води со Фокуснет, за наводна штета што Македонски Телеком му ја нанел на Фокуснет. Ова е фантомска компанија со еден вработен и блокирани сметки повеќе од 23 години, а штетата се бара за бизнис кој е непостоечки и за договор кој е раскинат токму по вина на Фокуснет, поради неплатени долгови. Иако првостепениот суд утврдил дека нема основа за наплата на штета, во второстепената постапка по жалба на Фокуснет, Апелациониот суд во Скопје, без одржување на јавна расправа ја преиначува првостепената пресуда непосредно пред судската ферија и носи одлука дека Македонски Телеком треба да исплати штета на Фокуснет од речиси 4 милиони евра! Македонски Телеком по оваа скандалозна одлука упати барање за утврдување на одговорност до Судскиот совет поради сомневањата за незаконско водење на второстепената постапка од страна на суспендираната судијка. Во јавно објавените информации во Извештајот на комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет од август 2024 година, утврдени се сериозни индиции за постоење на два записници заради кои Судскиот совет го алармирал Јавното обвинителство. Понатаму, од страна на Комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет во август 2024 година, констатирано е дека во жалбениот предмет се најдени доверливи интерни документи на Македонски Телеком, кои не биле изведени како докази ниту во првостепена, ниту во второстепена постапка, ниту биле јавно достапни на кој било начин. На ваков начин Апелациониот суд Скопје ја преиначи одлуката на првостепениот суд и на компанија со блокирани сметки повеќе од 23 години и без вработени ѝ досуди отштета од речиси 4 милиони евра. Македонски Телеком верува дека надлежните институции ќе постапат согласно законот и дека владеењето на правото ќе биде основен принцип во носењето на одлуките. Македонски ТелекомКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава. - Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаксим Димитриевски во „Само Интервју”Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите? ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња? Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард? Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаНаучниците од Германија, САД и Канада работат заедно за да направат стакленици за зеленчук на Месечината Германскиот вселенски центар (DLR) објави дека развива проект за стаклена градина за одгледување зеленчук на Месечината во соработка со американската вселенска агенција (NASA) и канадската вселенска агенција (CSA).Германскиот вселенски центар (DLR) објави дека развива проект за стаклена градина за одгледување зеленчук на Месечината во соработка со американската вселенска агенција (NASA) и канадската вселенска агенција (CSA), кој треба да обезбеди свежа храна за астронаутите за време на долгите мисии во иднина. Проектот, наречен „Лунарен земјоделски модул - демонстратор за тестирање на земја“ (LAM-GTD), има за цел да развие контролиран систем за одгледување растенија во услови без атмосфера погодна за живеење, плодна почва и лесно достапна вода, со големи температурни флуктуации и изложеност на космичко зрачење, објавува Euronews. Планирано е стаклена градина да биде поврзана со симулираниот животен и работен простор на астронаутите, за да можат истражувачите да ги испитаат можностите за меѓусебно снабдување и функционирање на двата система. Првиот демонстративен модел ќе биде изграден на Земјата, а трите партнерски институции треба да одлучат за неговата евентуална изградба на Месечината најдоцна до 2032 година. NASA веќе спроведе бројни експерименти за одгледување растенија на Меѓународната вселенска станица (ISS), каде што, меѓу другото, се одгледуваат зелена салата, кинеска зелка и чили пиперки. Новиот проект е чекор кон развој на поголеми и посложени системи што би можеле да обезбедат храна за цели екипи. Германскиот центар DLR го носи во проектот искуството стекнато преку претходниот проект EDEN ISS, во чии рамки на Антарктикот работеше специјално дизајнирана стаклена градина од 2018 до 2023 година. Во екстремни услови, без почва и природна сончева светлина, со помош на LED осветлување, хранливи раствори и систем за наводнување, истражувачите произведоа околу еден тон свеж зеленчук, вклучувајќи зелена салата, домати, краставици, ротквици и јагоди. Истражувачите истакнуваат дека технологиите развиени за одгледување храна на Месечината би можеле да имаат примена и на Земјата, особено во сушните области и регионите со ограничени резерви на вода. Контролираните системи за одгледување би можеле да овозможат поефикасно користење на водата, енергијата и просторот, како и да ја намалат употребата на пестициди.Тагови: зеленчук месечината Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook