Реакции на смртта на Ал- Багдади – Ердоган и Нетанјаху воодушевени , Џонсон резервиран

Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека специјалците на северот на Сирија го убиле самопрогласениот калиф на ИД , Абу Бакр ал – Багдади , следуваа реакции од целиот свет.

Информациите што се покажаа корисни за оваа операција, во која беа вклучени 8 хеликоптери, беа обезбедени од Курдите , а Русија го отвори сирискиот воздушен простор, рече Трамп и им се заблагодари на Сирија, Турција и Ирак за нивната поддршка.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше меѓу првите што рече: „Турција е горда што им помогна на САД, сојузник во НАТО, да го убијат озлогласениот терорист“.

„Денес се сеќаваме на сите жртви на Ал-Багдади, цивили и војници - нашите херои, кои ги загубија своите животи во одбрана на светот од терористите на Исламската држава. Турција ќе продолжи да соработува со САД и другите во борбата против тероризмот во сите нејзини форми. Да ги здружиме силите без одложување и да ги победиме сите терористички групи кои работат во регионот “, рече Ердоган.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на Трамп за „импресивното достигнување што доведе до смрт на лидерот на ИД“.

„Тоа е одраз на нашата заедничка решеност, САД и сите слободни земји, да се борат со терористичките групи и терористичките држави. Ова е важна пресвртница, но пред нас останува уште многу работа“, рече Нетанјаху.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека смртта на Ал-Багдади е „важен момент во борбата против теророт, но дека битката против чудовиштето Даеш (арапскиот акроним за ИД) не е завршена“.

„Ќе работиме со нашите коалициони партнери за да ставиме крај на криминалните и варварски практики на Даеш еднаш засекогаш“, истакна Џонсон.

Францускиот министер за одбрана Флоренс Пали им честиташе на САД за операцијата, но исто така предупреди дека тоа не значи крај на терористичката група Исламска држава.

„Багдади се повлече како терорист, но ИД не. Ние продолжуваме да се бориме со ИД и со партнерите и ќе се прилагодиме на новите регионални околности“, напиша Пали на Твитер.

Сириските демократски сили (СДФ), главно составени од курдски борци, објавија дека американската акција е успешно спроведена благодарение на нивните информации и дека Ал-Багдади бил точно лоциран.

Висок официјален претставник на СДФ, Редур Халил, рече дека ќе ги засили разузнавачките напори и операциите ќе се фокусираат на „заспаните ќелии“. Тој исто така ја обвини Турција дека поради нејзината офанзива во северо-источна Сирија, ловот по Багдади требало да се одложи еден месец.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека нема „сигурни информации“ за американската операција во областа Идлиб, под турска контрола и „втората елиминација на Ал-Багдади“.

Поточно, во јуни 2017 година Русија објави дека „најверојатно“ го убиле лидерот на ИД во воздушен напад врз градот Рака.

Иран, меѓутоа, верува дека смртта на лидерот на ИС Ал-Багдади не е „голема работа“.

„Не е голема работа. Вие го убивте сопственото суштество“, напиша на Твитер ,Азари-Јахром, ирански министер за информации.

Роналдо за шансите за титула на Арсенал: Нема да ја освојат лигата, о Боже

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо разговараше со промоторот Френк Ворен, навивач на Арсенал, пред боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Украинецот Александар Усик.

Нивниот разговор е снимен на видео емитувано од Ријад. Ворен му рече на 39-годишниот Португалец: „Сè уште те чекаме во Арсенал“. Роналдо се насмеа и одговори: „Нема да го освојат првенството, о Боже“.

Роналдо претходно играше во Англија за Манчестер јунајтед, со кој три пати ја освои Премиер лигата (2007, 2008 и 2009 година).

По 37 кола, Арсенал се наоѓа на второто место во поредокот, со два бода помалку од лидерот Манчестер сити.

Во последното коло, денес лондонскиот тим ќе игра против Евертон, а Сити против Вест Хем. /МИА

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

притисни ентер