Реакции на пратениците за разрешување на претседателката на Судски совет Дамева

Пратениците денеска ги осудија настаните во Судскиот совет и ги оценија како крајно негативни.

Пратеникот Мартин Костовски од СДСМ не сакаше да ги коментира случувањата во Судскиот совет, но рече дека таквото однесување е негативно.

-Републичкиот Судски совет е независна институција и мислам дека прашањето за оваа ситуација треба да го поставите таму. Јас сум пратеник од СДСМ и не сакам да навлегувам во коментирање и анализа на едно независно тело, рече пратеникот Костовски.

Ние, додаде тој, правиме се во овие изминати години колку сме на власт да може и во пракса граѓаните да почувствуваат што значат европски манири, навики и однесување.

-Лично како Мартин Костоски можам да го оценам како негативно таквото однесување, меѓутоа за подетални информации ќе мора да прашате во ова независно судско тело, рече пратеникот. ,

Пратеникот од БЕСА Фадил Зендели вели дека тоа што се случува во Судскиот совет е скандалозно и дека се случува под влијание на власта.

-Целава работа е од кои причини и кои политички влијанија ова се случува. Се гледаше дека не е во согласност со одредбите како функционира оваа институција, рече пратеникот Фадил Зендели од Беса. Тој смета дека тоа се случило за да се одбранат судиите кои длабоко се во служба на политиката.

Одредени судии, како што вели Зендели, особено во Апелациониот суд си земаат право да амнестираат високи функционери од минатото под политички притисок.

-Тоа не смее да се случува а се повторува, вели пратеникот посочувајќи дека тоа се случува под влијание на власта.

Правосудството, смета Зендели, треба целосно да се реформира.

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека она што се случи вчера во Судскиот совет е преседан и реприза на она што се случи на 27 април пред шест години во ова Собрание кога му се презеде столчето на Трајко Велјановски кој во 18 часот ја заврши седницата.

-Ја презедоа неговата улога, си ја продолжија седницата и од ден денеска ние така функционираме - насилно. Кога насилството ќе го почувствуваат на својот грб овие денес што се на власт тие тогаш реагираат. Затоа немаме никакво сочувство за нив, рече Стојановска.

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух. /МИА

Ново електрично возило ,,Грин Машинс”од велешки БРАКО претставено во Германија

На саемот ИФАТ во Германија претставено е ново електрично возило за чистење од Македонија. 

Велешката фирма БРАКО разви нов модел на свипер, односно електрична метларка за одржување хигиена. На саемот во Минхен електричните и хидрогенските возила на БРАКО од брендот Грин Машинс го привлекоа виманието на посетителите, главно општини, специјализирани претпријатија и компании за јавна хигиена.

Покрај постоечките возила за чистење на електричен и водороден погон од својот бренд Грин Машинс, велешки БРАКО во Минхен претстави ново возило целосно развиено од инженерите во БРАКО. Моделот 720 ZE работи со технологија од последната генерација, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, има поголем контејнерски простор, 360◦ камера и помала тежина од конкурентските возила во својата категорија. Ова е осмо возило во програмата на Грин Машинс.

,, На овој саем гордо го претставуваме нашето портфолио, ја претставуваме првата електрична метларка во светот, првата метларка на хидрогенски погон, и сега нашето најново достигнување, моделот 720 ZE.

Ние сме особено горди што целиот развој на ова возило е направен во Македонија, од страна на нашиот тим од инженери. Тоа значи дека сите механички, дизајнерски и софтверски решенија се направени тому од нашиот тим”, рече Ангел Анѓушев-директор на ,,Грин Машинс’’ на БРАКО.

Во развојот свој придонес дадоа и експерти од Машинскиот факултет во Скопје.

Од Грин Машинс на БРАКО сметаат дека новото возило ќе отвори нови пазари, таму каде се бараат возила за чистење со овие перформанси. Досега македонските електрични метларки се продаваат во 60 држави и ги чистат сите светски метрополи.

Од БРАКО велат дека нивните електрични и хидрогенски возила се поквалитети и поевтини од тие на светската конкуренција, и затоа успеваат успешно да се борат со американски, германски и француски производители. Додаваат и дека е полесно да се развие и произведе патничко возило, отколку возило за чистење - кое треба да се направи и да вози и да извршува задачи, соопштуваат од компанијата .

притисни ентер