Рбјаков: Русија се надева дека средбата меѓу Путин и Трамп ќе ја поттикне нормализацијата на односите со САД - Канал 5

Рбјаков: Русија се надева дека средбата меѓу Путин и Трамп ќе ја поттикне нормализацијата на односите со САД

 Русија се надева дека претстојната средба меѓу претседателот Владимир Путин и американскиот претседател  Доналд Трамп, ќе го промовира нормализирањето на односите меѓу Русија и САД, објавија денеска руските медиуми.

Рбјаков: Русија се надева дека средбата меѓу Путин и Трамп ќе ја поттикне нормализацијата на односите со САД

-Се надеваме дека средбата на високо ниво ќе даде поттик за нормализирање на билатералните односи, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Трамп објави дека ќе се сретне со Путин во петок, 15 август, во Алјаска.

Путин во средата го прими во Кремљ специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф, а по средбата, помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека Москва и Вашингтон се согласиле за средба меѓу Путин и Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем

Стабилен е пензискиот систем, ова утринава го изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем

За критиките од Фискалниот совет за зголемувањето на пензиите. тој рече дека од една страна има оптеретување на буџетот , а од друга страна имаме намалување на сиромаштијата

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент

Демонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент.

Демонстранти и полицијата се судрија пред косовскиот парламент

Протестот што се одржа пред зградата на парламентот на Косово ескалираше во судир меѓу полицијата и демонстрантите, откако тие се обидоа да го блокираат објектот и да не им дозволат на пратениците да излезат додека не ги изгласаат измените на законот за специјалниот суд.

Демонстрантите, како што пренесоа регионалните медиуми, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата.

Претходно, парламентот ги усвои измените во прво читање, но конечното гласање е сè уште под знак прашалник.

Иницијативата на демократската партија на Косово за измена на законот за специјалниот суд во Хаг, меѓу другото предвидува, максимална казна од 15 години затвор, можност за жалба до Врховниот суд и издржување на казната во Косово.

.Протестите избувнаа по пресудите против Хашим Тачи и уште тројца поранешни команданти на ОВК, кои беа осудени на затворски казни од 13 до 25 години. Пресудите предизвикаа силна реакција во Косово. Предложените законски измени треба да ги ограничат дел од надлежностите на судот, меѓу другото во однос на должината на казните и правните лекови.денеска, е двојно критичен ден за Косово. Институциите треба да најдат излез и од спорот околу специјалниот суд и од блокадата околу претседателот. Неуспехот би значел продолжување на уличните тензии, но и уште еден изборен циклус во земја која веќе подолг период функционира под силен политички притисок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со бешамел сос

Во вторник (29.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Марко Новески.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со бешамел сос

Состојки за денешниот рецепт:

400 г. макарони

500 мл. готов бешамел

200 г. рендан кашкавал

150 - 200 г. сирење

2 јајца

30 - 50 г. путер

масло

сол, црн бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер