Разузнавачите на САД отфрлаат постоење врски меѓу „хаванскиот синдром“ и странски служби

Американските разузнавачки служби не се убедени дека инцидентите поврзани со таканаречениот „хавански синдром“ се извршени од странски противници или служби.

Во обновените заклучоци на разузнавачките служби на САД за таканаречените аномални медицински инциденти (АМИ) објавени синоќа се тврди дека постои „многу мала“ веројатноста симптомите да се предизвикани од странски агенти или употреба на оружје.

Истрагите околу овие инциденти ги вршеа седум американски разузнавачки служби, заклучокот е поддржан од пет од нив и е во согласност со наодите од 2023 година. Експертите тогаш заклучија дека симптомите „најверојатно се предизвикани од фактори неповрзани со странска вмешаност како хронична болест, обични слабости или влијанија од животната средина“. Службени лица изјавија дека новите информации се „чувствителни“, и дека ги потврдиле претходните заклучоци.

- Разузнавачките наоди не ги сврзуваат овие случаи со странски субјекти, тие се неповрзани, изјави еден американски разузнавач под услов за анонимност.

- Сите служби од разузнавачката заедница се согласни дека повеќегодишните напори за собирање податоци, анализи и утврдување на можните причини не открија убедливи докази за поврзаност на странски субјекти со случаите класифицирани како АМИ, додаде тој.

Случаите околу „хаванскиот синдром“ првпат се појавија во 2016 година кога дипломати и други вработени во амбасадата на САД во Хавана, Куба, пријавија необични здравствени проблеми и симптоми како мачнина, вртоглавица, силни главоболки и проблеми со меморијата. Подоцна, слични случаи беа регистрирани во дипломатските претставништва на САД во Русија, Кина, Полска, Австрија, па дури и во САД.

Многу од жртвите примаат федерални средства за закрепнување и побараа објаснување од властите, но сепак некои државни документи сè уште остануваат класифицирани.

Најновата проценка не се совпаѓа со декемврискиот извештај на поткомитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, во кој американските разузнавачки служби се обвинуваат за небрежна работа и обид да „дојдат до политички прифатлив заклучок“.

- Постојат веродостојни докази дека некои аномални медицински инциденти се дело на странски противници, изјави тогаш републиканецот Рик Крафорд, претседател на поткомитетот кој надгледува активности на ЦИА.

Претседавачот на комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Тарнер, синоќа ја критикуваше новата проценка на разузнавачите.

- Според мене, новите разузнавачки податоци треба целосно да го променат нашето разбирање за можностите на противниците и ризиците со кои се соочува нашиот персонал, изјави Тарнер.

Неколку независни истраги потврдуваат дека руски тајни служби стојат зад „хаванскиот синдром“.

Во заедничка истрага спроведена лани од „Си-Би-Ес“, „Инсајдер“ и германски „Шпигел“ се тврди дека откриени патни документи, податоци од мобилни телефони, сведоштва на очевидци и интервјуа со американски официјални лица и жртви укажуваат на тоа дека Русија е веројатниот виновник. Конкретно, истрагата врши анализа и ги поврзува многуте извештаи за „хаванскиот синдром“ со активности на агенти од единицата 29155 на руската воена разузнавачка служба (ГРУ), позната по организација и вршење на диверзии и атентати. Истрагата открила дека членови на оваа единица добиле награди и унапредувања за развој на звучно или радиофреквентно оружје со насочено дејство.

Сепак, службеник на американската разузнавачка служба ги отфрли овие наоди.

- Овие тврдења не можат да се проверат темелно, изјави службеникот. /МИА

Фото: Ријана во секси долна облека, објавата има над 2 милиони лајкови

Светската музичка ѕвезда Ријана повторно воодушеви со фотки во секси долна облека.

Популарната пејачка Ријана објави неколку провокативни фотографии за да ја претстави најновата колекција на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“.

36 годишната Рири која е и успешна бизнисменка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.

Бујната пејачка носи црно,чипкано боди со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици и оглавици.

Објавата има над 2 милиони лајкови на Инстаграм.

Македонија поразена од Франција во последниот меч на СП 2025

Со пораз од 32-25 (18-14) од фаворитот за медал Франција , најдодобрата репрезентација на Македонија го заврши настапот на 29 Светски шампионат. 

Вечерва во последниот меч од втората фаза црвено жолтите беа достоен противник на големата Франција иако на крајот беше запишан вториот пораз во шестиот мундијалски напревар.

Црвено-жолтите по шесте средби на СП 2025 година и остварениот скор од две победи, две реми и исто толку порази може да се каже дека одиграа едно квалитетно првенство во кое ја прекинаа лошата низа од последните четири големи натпреварувања во кое не успевавме да обезбедиме пласман во втората рунда.

И вечерва наш најдобар стрелец беше првиот мундијалски снајпер Филип Кузамановски со 8 погодици, а признанието најдобара поединец на мечот заслужено заврши во рацете на младиот плејмејкер Марко Митев.

По вечерашниот пораз од Франција, македонскиот национален тим дуелите во Главната фаза ги заврши на 4 место со 4 поени исто колку што имаше и селекцијата на Австрија. На првите три позиции се Франција, Унгарија и Холандија.

И покрај поразот, честитки за борбената,мотивирана и квалитетна игра заслужува целиот македонски тим од најсиксуниот голманот Митревски,преку капитенот Кузмановски до најмладите Атанасијевиќ, Галевски, Митев...

Нашата најдобра селекција Светскиот шампионат на крајот ќе го заврши на позиција од 13- до 16 место , најверојатно како 15 репрезентација на Светот, што секако е одличен пласман за овој наш подмладен тим.

Македонија според игрите во Вараждин и покажаниот квалитет, бевме рамновравен ривал на сите противници и на оние од врвот на европскиот и светски ракомет, може да се каже дека доби тим за долг период . Шесте мундиајлски средби сигурно ќе значат многу во иднина за нашите млади репрезнативци, Митев, Ѓоргиев, Џоновс, браќата Атанасијевиќ, Галевски и останатите.

Фото: Нивес ужива во Дубаи

Најпознатата хрватска старлета, која воедно е и писателка и водителка Нивес Целзиус покажа како ужива во монденскиот Дубаи.

Провокативната Нивес откако неодамна го објави своето патување, откри дека нејзината крајна дестинација бил Дубаи.

На социјалните мрежи хрватската старелета на радост на фановите објави фотки од одморот на кој таа позира во секси бикини а во преден план се нејзините бујни облини .

Нивес во Дубаи заминала со својата ќерка Таиша и една блиска пријателка.

притисни ентер