Разрешениот украински министер Галушченко е уапсен при обид да избега од земјата- проневерил милиони - Канал 5

Разрешениот украински министер Галушченко е уапсен при обид да избега од земјата- проневерил милиони

Поранешниот украински министер за енергетика Херман Галушченко, кој беше разрешен поради сомнение за корупција, беше уапсен додека се обидуваше да ја напушти земјата.

Разрешениот украински министер Галушченко е уапсен при обид да избега од земјата- проневерил милиони

Поранешниот украински министер за енергетика Херман Галушченко, кој беше разрешен поради сомнение за корупција, беше уапсен додека се обидуваше да ја напушти земјата, објавија денеска властите во Киев одговорни за борбата против корупцијата. Истрагите за случај на поткуп од големи размери се во тек, објавија Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП) и Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) на своите канали на Телеграм.

Проневерил пари од државната компанија

Во ноември, украинските истражители за борба против корупцијата поднесоа обвиненија против група наводно корумпирани владини функционери во кругот на претседателот Володимир Зеленски. Тие наводно проневериле пари од државната компанија Ернергоат, кои всушност биле наменети за изградба на згради околу енергетските објекти за заштита од непријателски воздушни напади.

Поради обвинувањата, Галушченко мораше да поднесе оставка од функцијата министер за енергетика. Тимур Миндич, близок сојузник на претседателот Зеленски, успеа да избега претходно. Потоа претседателот ја реконструираше владата и го разреши влијателниот шеф на неговиот кабинет, Андриј Јермак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексипилната Никол повторно во бикини

Светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер уште еднаш покажа дека и нема рамна кога е во прашање изгледот, иако наполни 48 години.

Фото: Сексипилната Никол повторно во бикини

Мегапопуларната Никол Шерцингер ја покажа својата фигура што го одзема здивот додека споделуваше серија заводливи фотографии по повод нејзиниот 48-ми роденден.

Ѕвездата од „Pussycat Dolls“ изгледа прекрасно во објава на Инстаграм додека ужива на егзотичните Хаваи, во серија фотографии и видео.

„Последен ден на овие години, се чувствував слатко на зајдисонце, како дома на нејзината омилена плажа“, напиша Никол за себе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје повторно работат над 220 фонтани за пиење вода

Повеќе од 220 јавни фонтани за пиење вода се повторно ставени во функција низ Скопје, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во Скопје повторно работат над 220 фонтани за пиење вода

Тој во објава на фејсбук наведе дека градот мора да обезбеди основни услови за граѓаните, особено во летниот период, кога високите температури ја зголемуваат потребата од пристап до вода за пиење.

Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните беа оставени надвор од функција. Во координација со ЈП „Водовод и канализација“ ги мапиравме, сервисиравме и повторно ги ставивме во употреба повеќе од 220 фонтани за пиење вода – наведе Ѓорѓиевски.

Градоначалникот најави дека, покрај обновувањето на постојните, се работи и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос на дел од бензинските пумпи во Русија, властите го ограничуваат точењето гориво

Во Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво.

Хаос на дел од бензинските пумпи во Русија, властите го ограничуваат точењето гориво

Во Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво, бидејќи кризата со снабдувањето се продлабочува поради украинските напади врз руските рафинерии.

Мерката беше воведена откако гувернерот на Сибирската област Иркутск, прогласи режим на зголемена готовност поради недоволни залихи на гориво.

Недостатокот на гориво се прошири низ многу руски региони откако украинските напади со беспилотни летала уништија околу една четвртина од вкупниот капацитет на рафинериите во Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека нападите врз енергетската инфраструктура создале проблеми со снабдувањето со гориво. Тој рече дека има недостиг, но дека, според него, тој не е критичен..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер