Разговорите за Украина преминуваат во следната фаза во Мајами - Канал 5

Разговорите за Украина преминуваат во следната фаза во Мајами

Преговорите за мирно решение на војната на Русија против Украина, по скоро четири години од инвазијата на Москва, денеска влегуваат во следната фаза.

Разговорите за Украина преминуваат во следната фаза во Мајами

По разговорите меѓу водечките европски земји, САД и Украина во Берлин минатата недела и понеделник, американските преговарачи сега сакаат да разговараат за резултатите со руски претставници во Мајами, Флорида.

Висок американски функционер пред неколку дена соопшти дека сакаат да се сретнат во работни групи, пренесе ДПА. Се очекува и присуство на воени претставници. САД се гледаат себеси како посредник во конфликтот.

Во Флорида се очекува да присуствуваат и украински и европски владини претставници.

Американските медиуми јавија дека е планирана средба со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Стив Виткоф, на која се очекува да присуствуваат и претставници од Велика Британија и Франција.

Преговорите се фокусирани на две клучни прашања: безбедносни гаранции и територијални прашања. Според сите страни, постигнат е напредок во планираните гаранции во случај на прекин на огнот.

Европејците дадоа понуда за формирање на „мултинационални сили“ со поддршка на САД за да се обезбеди безбедност на копно, на море и во воздухот во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар

Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата, објави на својот профил на Фејсбук, вицепремиерот Александар Николовски. 

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар

Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија

Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина.

Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани – деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца.

Драго ми е што оваа политика продолжува и што денеска во Дебар можеме да видиме семејства кои ќе започнат ново животно поглавје во сопствен дом

Во Општина Дебар се реализираат 22 инфраструктурни проекти, кои значително ќе придонесат за подобар квалитет на живот и локален развој. Еден од нив е и булеварот кој ќе ја поврзе оваа станбена зграда. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и да инвестираме во проекти што носат подобри услови за живот за сите граѓани, стои во објавата на Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија соопшти дека во Ормускиот теснец, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“.

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета.

Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима.

Иран бара бродовите да ја користат рутата низ ормуска теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна за пловидба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширување

Проширувањето на ЕУ се забрзува, но во надлежниот оддел на комисијата снемува капацитет за управување со преговорите со неколку земји-кандидатки одеднаш – тврди бриселскиот медиум Евроњуз повикувајќи се на свои извори.

Евроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширување

Притисокот врз Европскиот генерален директорат за проширување и источно соседство се должи на забрзаното затворање на преговарачките поглавја од страна на четири земји кандидатки, што изискува значително прераспределување на ресурсите а според Евроњуз, проблеми со внатрешниот капацитет има и Советот на ЕУ.

„Генералниот директорат, како и многу други оддели на комисијата, во голема мера се потпира на привремени договори и малку постојани службеници. Ова значи дека има висока стапка на флуктуација на кадри и малку искуство во затворањето на преговорите, со оглед на тоа дека последната примена земја во блокот беше хрватска во 2013 година.„ – пишува Евроњуз

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер