ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродроми опслужија речиси 2 милиони патници за само половина годината
2ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродроми опслужија речиси 2 милиони патници за само половина годината
3Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо
ЖивотРазбеснет кит скока врз бротче и ги катапултира рибарите - исплашен тинејџер снимал (ВИДЕО)Застрашувачката снимка е снимена на брегот на Њу Хемпшир, кога рибарски брод бил на удар на разбеснет грбав кит.Двајца рибари се катапултирале во морето откако монструозното животно „скокнало“ на пловилото! Сцената ја забележале млади луѓе на брод, а еден од нив имал камера. Бродот плутал некое време, а потоа почнал да тоне. Сепак, бил извлечен на брегот со акција на другите рибари. An angry whale has attacked a small boat in Portsmouth of New Hampshire, US 🇺🇸 (23.07.2024) Video: Timothy cornell TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/5PtRhXGJN6 — Disaster News (@Top_Disaster) July 23, 2024 Според извештаите, за време на инцидентот немало повредени, пишува Дејли Мејл. Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од глетката, особено затоа што грбавите китови - за разлика од орките, ретко напаѓаат бродови. „Ова е неверојатно и не е случајно“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Целосно луда сцена“. Експертите за морски животни веруваат дека китот е стар две години и претходно бил забележан околу границата на Мејн и Њу Хемпшир. Останува нејасно што го поттикнало да го нападне рибарскиот брод.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Apple“ загуби на суд: ЕУ го руши „кинескиот ѕид“ околу „iPhone“, доаѓаат големи промениСудот потврди дека продавницата и „iOS“ платформата на „Apple“ се предмет на Законот за дигитални пазари на ЕУ.Американската технолошка компанија „Apple“ го загуби судскиот спор откако Општиот суд на Европската Унија ги отфрли клучните приговори на компанијата за примената на европските правила за ограничување на моќта на големите технолошки платформи. Судот ја потврди одлуката на регулаторот да ја подложи продавницата за апликации и оперативниот систем „iOS“ на „Apple“ на режимот на Законот за дигитални пазари (DMA), официјално потврдувајќи го „Apple“ како таканаречен „gatekeeper“ за овие услуги, објави „Bloomberg“. Во пракса, ова значи дека „Apple“ ќе мора да се придржува до построгите правила на ЕУ кои треба да овозможат поголема конкуренција и полесен пристап до конкурентски услуги, а екосистемот на „Apple“ ќе мора да биде поотворен за други производители и развивачи. „Apple“ ја оспори примената на европскиот закон во неколку области. Компанијата конкретно се спротивстави на обврските поврзани со овозможување компатибилност на конкурентски хардвер со „iPhone“-ите, вклучувањето на „App Store“ на „Apple“ во режимот на „DMA“ и одлуката на регулаторот да испита дали услугата за пораки на „Apple“ треба да биде опфатена со правилата. Судот ги отфрли аргументите на „Apple“ во врска со продавницата и оперативниот систем „iOS“, додека делот од случајот поврзан со пораките го оцени како недозволен, бидејќи услугата на крајот не беше означена како услуга што подлежи на целосните правила на „DMA“. „Apple“ сега може да поднесе жалба на пресудата до највисоката судска институција, Судот на правдата на Европската Унија. Американската компанија веќе се соочува со казна од 500 милиони евра од Европската комисија за наводно кршење на правилата на „DMA“ во врска со правилата на „App Store“ на „Apple“. Извор: Б92Тагови: Apple Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаОпштина Карпош ја реконструира улицата „Атинска“ во УЗ „Владо Тасевски“Општина Карпош започна со реализација на проектот за реконструкција на постојната улична мрежа и тротоарските површини на улицата „Атинска„ во у.з. „Владо Тасевски“.Во рамки на градежните активности ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната конструкција која опфаќа асфалтирање на коловозната лента, замена на рабниците и замена на долниот строј. Во меѓувреме ќе се реконструираат и тротоарските површини кои ќе бидат уредени со комбинација на бекатон елементи и асфалт. „Започнуваме целосна реконструкција на овој дел од улицата „Атинска“ која ќе биде завршена за 30 дена. Ги замолуваме нашите граѓани за трпение и разбирање за време на градежните активности“ – истакна Лукровски. Проектот опфаќа реконструкција на улицата во должина од 435 метри, со што значително ќе се подобрат условите за движење на возилата и пешаците, а ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 16 милиони денари, а рокот за завршување на реконструкцијата на улицата е 30 работни дена. Општина Карпош продолжува со континуирани вложувања во подобрувањето и модернизацијата на локалната инфраструктура, со цел создавање безбедна, функционална и квалитетна урбана средина. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродроми опслужија речиси 2 милиони патници за само половина годинатаВо првите шест месеци од оваа година, двата македонски аеродроми опслужија 1,955,648 патници, што е зголемување од 28% и реализираа 13,167 летови.Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај и во првата половина од 2026 година. Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми со кои концесионира ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28% во однос на истиот период минатата година. Во истиот период беа реализирани 13.167 летови од двата аеродроми, односно 7,6% повеќе споредено со првите шест месеци од 2025 година. Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374,714) во однос на истиот период лани. „Растот од 28% на бројот на патници во првите шест месеци од 2026 година претставува извонреден резултат и јасна потврда дека македонските аеродроми се наоѓаат на патека на силен и одржлив развој. Во воздухопловната индустрија, двоцифрен раст на патничкиот сообраќај е показател за успешна стратегија, зголемена доверба од патниците и атрактивност како дестинации за авиокомпаниите. Фактот што Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно опслужија речиси два милиона патници за само шест месеци, истовремено бележејќи и раст од 7,6% на бројот на летови е резултат на нашата посветеност за развојот на воздушната поврзаност, континуираното унапредување на услугите и успешната соработка со нашите партнери. Остануваме фокусирани на создавање нови можности за раст, проширување на мрежата на дестинации и обезбедување квалитетно патничко искуство, со цел македонските аеродроми да продолжат да ги надминуваат очекувањата и во наредниот период“ вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Полугодишните статистички податоци на ТАВ Македонија покажуваат дека во првите шест месеци најфрекфентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје е Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 14,2% пазарен удел), а потоа следат Минхен Меминген (4,5%), Базел Милуз (4,4%), Дортмунд (4,1%), Цирих (4%) и Франкфурт (3,9%). Топ-пет земји до кои има најмногу директни летови од Скопје се Германија (28,5% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (18%), Швајцарија (9,3%), Италија (8,2%) и Шведска (5,8%). Ако се разгледуваат бројките за Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле одделно, скопскиот аеродром има годишен висок пораст за 28,6% и во првите шест месеци годинава преку него се превезени вкупно 1,833,010 патници. Во истиот период, на овој аеродром биле реализирани 12,260 летови што е за 6,5% повеќе споредено со истиот период лани. Додека охридскиот аеродром бележи пораст од високи 18,2% со превезени 122,638 од јануари до јуни. Во овој период, биле реализирани 907 летови што е зголемување за 26%.Тагови: ТАВ Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook