Раул кандидат за селектор на ерменската репрезентација - Канал 5

Раул кандидат за селектор на ерменската репрезентација

Потпретседателот на Фудбалската федерација на Ерменија проговори за потрагата по нов селектор на националниот тим.

Раул кандидат за селектор на ерменската репрезентација

-Преговорите се тешки, бидејќи федерацијата нема ни приближно финансиски средства што се објавуваат во медиумите. Се сретнавме со Мишел Тер-Закаријан (поранешен тренер на Монпелје), но тој има големи барања. Разгледуваме две опции: да почнеме со нов селектор во следните два натпревара или да почнеме следната година. Има многу кандидати, меѓу кои и Раул, рече Армен Никогосјан.

Поранешниот селектор на ерменската репрезентација Олександр Петраков доби отказ во средината на октомври по домашниот пораз од македонската репрезентација.

По четири кола, Ерменија го зазема второто место во Ц-сегментот Група-4 од Лигата на нации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја известува јавноста дека не даде поддршка и не гласаше за изборот на Мери Дика Георгиевска за нов судија на Уставниот суд на Македонија. 

ЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!

За ЛДП е апсолутно неприфатливо и скандалозно што владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, со 64 гласа „За“, за највисоката правна функција во државата избра судијка чие име во јавноста директно се врзува за скандалот „Рекет“, кумства и контроверзни сведочења за шопинг-патувања во Милано.

Со овој чин, ВМРО-ДПМНЕ покажа невиден степен на политичка хипокризија. Партијата која во опозиција минатите години ја изгради целата своја платформа врз критиката за случајот „Рекет“ и ветуваше раскрстување со заробеното судство, денеска на власт ги наградува истите актери од тие естрадно-судски афери со комотни фотелји во Уставниот суд.

Во интервјуто за ТВ Канал 5 оваа недела претседателката на ЛДП укажа токму на оваа разорна демогогија: „Знаете што е најстрашно во политиката? Кога за некогашните грешки ќе ги критикувате претходните, ќе дојдете на власт и не само што ги правите истите грешки, туку ги правите уште поголеми!“

ЛДП прашува јавно „Тоа ли е реформата во судството? Тоа ли е борбата против корупцијата? Тоа ли е шампионската Реформска агенда?“

ЛДП јасно порачува дека Уставниот суд мора да биде тврдина на интегритетот, составен од врвни правни авторитети со неиспраскан личен и професионален кредибилитет, а не депонија за задкулисни партиски пазари. Прашањата за правдата и реформите не смеат да служат само како евтини маркетинг-пароли во опозиција кои се забораваат во моментот кога ќе се освои власта, бидејќи со ваквиот партиски упад директно се руши достоинството на институциите и довербата на граѓаните во правниот поредок.

ЛДП останува бескомпромисно на страната на граѓаните и принципиелната борба против селективната правда, без разлика кој е на власт. Нема да молчиме пред политичките трговци кои свесно ја убиваат довербата во правосудството!

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат

Нема датум или од кој ден, гостиварци ќе можат да пијат и да готват со безбедна вода од градскиот водовод, изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат

Тој потенцираше дека се додека нема три последователни негативни тестови, водата нема да биде за употреба.

Премиерот Мицкоски вчера изјави дека една од причините за водата да остане само за техничка употреба е потврдата на резиуделна бактерија во инсталаците.

Во здравствените установи во Гостивар вчера биле прегледани 73 пациенти. Во општата болница во болница биле 45 нови прегледи од кои 26 на инфективното одделение, каде двајца биле хоспитализирани, а 18 биле деца. Во здравствениот дом Гостивар регистрирани се 28 нови пациенти во дежурната служба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на Марковски

Не Основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на бизнисменот и почесен конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски по приложената гаранција од околу 5 милиони евра.

Не основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на Марковски

Откако одбраната повторно побарала укинување на мерката за одземање на патната исправа, предметот бил рефериран до Вишото обвинителство, кое наложило јавниот обвинител во Струга да даде позитивно мислење за барањето.

Првично, на 15 јуни, Основното јавно обвинителство Струга било против враќањето на пасошот. Но, по разгледување на предметот, Вишиот јавен обвинител оценил дека со веќе определената гаранција е отстранета опасноста од бегство на обвинетиот. Основниот суд во Струга му го вратил пасошот на Марковски каде претседател на Кривичниот совет бил судијата и претседател на судот Вулнет Винца кој од денеска заминува во пензија откако Судскиот совет го отфрли неговото барање за продолжување на вршењето на судиската функција бидејќи ненанвремено доставил изјава.

-Воедно се прифаќаат аргументите на одбраната дека обвинетиот поседува фирма во Република Србија чие работење е сериозно доведено во прашање и постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку тој во најкраток можен рок не отпатува таму за да потпише документација во врска со работењето на фирмата.

...Велат од битолското обвинителство од каде додаваат дека сите аспекти на ваквата одлука и соодветната аргументација ќе бидат испитани, а во моментов не можело да се смета дека обвинетиот е во бегство и тој има обврска да се јавува пред судот. Според информациите Марковски вчера бил задржан на граничниот премин Табановце но по извршените проверки му било дозволено да ја премине државната граница и да влезе во Србија.

На него и на осум други лица им се суди за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“, тендер тежок над 1,7 милиони евра. Освен на Марковски им се суди и на петмина вработени од РЕК „Битола“ и двајца вработени во неговата фирма. Еден од обвинетите е и поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, на кого веќе му се суди и во битолскиот суд за случајот со тендерот за ископ на јаловина со фирмата „Рудкоп“ Битола.

Судскиот процес за Марковски почна во Основниот суд Битола за потоа да биде целосно префрлен во судот во Струга а рочиште е закажано за 2 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер