Раул и Горбок бараат помош од навивачите за триумф над Рајн-Некар Левен - Канал 5

Раул и Горбок бараат помош од навивачите за триумф над Рајн-Некар Левен

Македонскиот ракометен шампион Вардар в сабота во „Јане Сандански“ го игра четвртиот дуел од Лигата на шампионите, противник ќе му биде Рајн-Некар Левен. Од таборот на вардарци на денешната прес-конференција упатија апел навивачите да ја исполнат салата и да им дадат поддршка на „црвено-црните“ во текот на сите 60 минути во обид да се стигне до четвртата победа.

Раул и Горбок бараат помош од навивачите за триумф над Рајн-Некар Левен
- Мислам дека имаме многу добра ситуација со шест бода од три натпревари, но сега играме против Рајн-Некар. Тоа е најдобрата германска екипа. Вчера играше многу добро против Кил и победи, а јас мислам и дека ќе ја освои титулата во домашното првенство. Ќе биде тешко и затоа ќе ни биде помош од публиката и од „Комити“. Имаме мал проблем со повредите на Карачиќ и Дибиров од претходно, сега со Стоилов и со Марсениќ. Сепак, мислам дека ќе бидеме комплетни и подготвени затоа што за нас овој меч ќе биде многу важен. Не треба да размислуваме за ланските победи против Рајн-Некар, затоа што лани е лани и оваа сезона е различна, изјави тренерот Раул Гонзалес.

Бекот на Вардар Сргеј Горбок четири години настапуваше во редовите на Рајн-Некар и знае колку се опасни.

- Ќе биде сигурно тежок натпревар за нас и за Рајн-Некар Левен. Досега добивме три натпревари, но сега играме против Рајн-Некар, тим што игра квалитетен и брз ракомет. Ние сигурно ќе одиме на победа, но ќе ни биде потребна помош од публиката. Не смееме да правиме грешки, затоа што лесно ќе ги искористат со контранапад. Тие играат брзо и можеби ние ќе можеме да искористиме некоја нивна грешка со брза контра, вели Горбок

Натпреварот се игра в сабота со почеток од 17:30 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Албанија: Тепачките од улиците се префрлија во парламентот- се степаа пратениците (ВИДЕО)

Албанскиот парламент беше место на сериозни тензии и физичка пресметка меѓу пратениците од мнозинството и опозицијата за време на седницата, што доведе до општ хаос меѓу пратениците.

Хаос во Албанија: Тепачките од улиците се префрлија во парламентот- се степаа пратениците (ВИДЕО)

Според достапните информации, пратеникот на Демократската партија (ДП) Фламур Нока се упатил кон мнозинскиот дел од салата за да ги земе своите картички за гласање, а му се придружиле и други пратеници, објави Топ Ченел.

Ситуацијата брзо ескалирала кога пратеникот на Демократската партија Фидел Крека удрил гласачко ливче, а потоа го турнал поранешниот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа. Овој потег предизвикал физичка пресметка меѓу двајцата.

YouTube video

Други пратеници, и од мнозинската и од опозицијата, веднаш се вклучиле во конфликтот, што довело до масовна тепачка во собраниската сала.

Тензиите за време на седницата ескалирале во физички пресметки меѓу пратениците, претворајќи ја парламентарната дебата во сцени на хаос.

YouTube video

Во меѓувреме, голем број демонстранти се собрале пред парламентот на Албанија, каде што биле присутни и голем број полициски сили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител

Финансиска независност, посилни надлежности и поголема функционална самостојност на Народниот правобранител. 

Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител

Ова се клучните цели на предложените измени на Законот, за кои денеска се дискутираше во Собранието. Целта е институцијата поефикасно да ги штити човековите права, со соодветни финансиски средства и професионален кадар. Предлогот опфаќа и поголема пристапност за лицата со попреченост и зајакнување на надзорот во одредени постапки што ги водат лица со јавни овластувања.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека за квалитетно законско решение се потребни пошироки консултации со политичките партии и граѓанските организации.

-Ако сме чекале 10 години, можеме да чекаме уште еден месец, уште два месеци, но да ги исцрпиме сите можности, сите знаења, секое искуство кое го имаме во државата да го вклучиме во овој процес,- Африм Гаши, претседател на Собранието .

Народниот правобранител, Фатон Сељами, оцени дека досегашните законски измени не ги дале очекуваните резултати во практиката. Според него, институцијата мора да има предвидливи финансиски средства и доволно професионален кадар за самостојно и ефикасно да ги извршува своите надлежности.

-Нам праксата ни покажа дека токму одредбите кои во 2016 година се изменија или додадоа, а кои беа во оваа насока на исполнување на Париските принципи, не ги дадоа очекуваните резултати во пракса и дека затоа мора истите да се изменат. Фатон Сељами, Народен правобранител.

Зајакнувањето на Народниот правобранител е важно и за европскиот пат на земјата., потенцираше евроамбасадорот Рокас.

-За Македонија зајакнувањето на институцијата Народен правобранител е исто така важен дел од патешествието кон Европската Унија. Во годишниот извештај Европската комисија континуирано ја истакнува потребата за осигурување соодветни финансиски и човечки ресурси за институцијата да може да функционира независно и ефективно,- Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија.

На тематската сесија, каде учествуваа и експерти и претставницие на граѓанскиот сектор Симонида Кацарска од Институтот за европска политика предупреди дека, и покрај долгогодишното постоење, институцијата располага со ограничени финансиски ресурси во споредба со некои земји од регионот.

-Нашиот омбудсман е еден од најстарите во регионот, а ако ги погледнете споредбено буџетите коишто ги има на располагање, ако споредиме со земја како што е и Босна, процентуално од буџетот стоиме многу, многу лошо,- Симонида Кацарска, Институт за европска политика.

Предложените измени треба да поминат низ понатамошни консултации и собраниска процедура. По дискусијата се очекува да бидат усвоени заклучоци за унапредување на законската рамка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжение или крај на ерата на Вучиќ?

Продолжение или крај на ерата на 14-годишната доминација на Александар Вучиќ? Србија го живее последниот ден од кампањата, пред изборите в недела.

Продолжение или крај на ерата на Вучиќ?

Продолжение или крај на ерата на 14-годишната доминација на Александар Вучиќ? Србија го живее последниот ден од кампањата, пред изборите в недела, на кои како никогаш претходно владеачка елита не се соочува со можност за пораз од студентско движење кое прерасна во најсилна опозициска сила. И студентската листа и листата Обедината Србија последните пораки ќе ги испрат од Белград, пред стапувањето на изборниот молк. Александар Вучиќ кој влезе во трката за премиер, синоќа од Ниш ги повика граѓаните на масовност, за како што рече, да докаже дека не стравува од голем одѕив, кој според анализите би им одел во прилог на студентите. Поддршка му дадоа и поранешните претседатели на Србија и на Републкика Српска, Томислав Николиќ и Милорад Додик.

-Кога ќе ги прашате дали ќе ѝ воведете санкции на Русија: „туц“, „мух“, „ух“, „их“, но одговор нема. Ја покажавме разликата меѓу нас и нив, и така треба да се однесуваме во недела. Ајде, победа во недела, убедлива победа, победа во Ниш, победа во цела Србија. , изјави Александар Вучиќ.

И додека Вучиќ го држеше говорот во Ниш, реки студенти и граѓани марширајќи од повеќе српски градови, допатуваа во Белград, пред денешниот главен митинг на плоштадот Славија. Илјадници граѓани френетично ги поздравија на улиците студентите, предводени од носителот на нивната листа, кадиологот Илија Срдановиќ.

-Екслозија на повеќедецениското акумулирање на среќа, на нашата несреќа, гнев, очај, сега конечно излегува на виделина.

-Мислам дека ова е фантастичен настан. Нема веќе назад. Ова е победа и пред гласањето. Мислам дека во недела само треба да потпишеме и тоа да се потврди.

-Немам зборови, затоа сум тука. И мислам дека допрва ќе биде добро. , изјавија жители на Белград.

Анкетите во Србија во изминатиот период покажаа спротивставени бројки. Последното истражување на „Нова српска политичка мисла“, објавено вчера, покажа предност за студентите во однос на Српската Напредна партија на Вучиќ од два процента, но и прогноза за огромна излезеност од 80 проценти. Токму поради тесните бројки во дел од анкетите, експертите по безбедност очекуваат атмосферата да се вжештува во текот на 48-часовниот молк, која би кулминирала на денот на изборите.

-Веројатно некои поединци ќе се одлучат на такви чекори да излезат и да кажат дека изборите се „украдени“ и на некои места да предизвикаат хаос, треба да знаат дека ќе има голем број припадници на безбедносните сили. Тоа е воиграна тактика и тие активности се подготвуваат однапред. , изјави за Курир, Мирослав Беговиќ, професор по безбедносни науки

Изборниот молк почнува на полноќ и ќе трае до 20 часот в недела. За 250 места во Собранието се натпреваруваат 18 изборни листи. Право на глас имаат речиси шест и пол милиони гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер