Расте бројот на убиени во крвавиот руски напад во Украина: Луѓето чекаа во ред за пензии (ВИДЕО) - Канал 5

Расте бројот на убиени во крвавиот руски напад во Украина: Луѓето чекаа во ред за пензии (ВИДЕО)

Дваесет и четири лица се убиени, а 19 ранети во руски воздушен напад врз село во источна Украина, соопштија локалните власти.

Расте бројот на убиени во крвавиот руски напад во Украина: Луѓето чекаа во ред за пензии (ВИДЕО)

Жртвите биле „обични цивили“ кои чекале да им бидат исплатени пензии во Јарова, регионот Донецк, изјави претседателот Володимир Зеленски. Регионалниот лидер Вадим Филашкин објави дека службите за итни случаи работат на местото на нападот и ги повика жителите да „се евакуираат во побезбедни региони“.

Јарова се наоѓа северно од Славјанск, еден од поголемите градови во областа, и само неколку километри од линијата на фронтот, каде што руските сили полека напредуваат кон исток, пренесе Индекс.

Доколку се потврди, ова би бил еден од најлошите напади врз украински цивили во последните недели, 42 месеци по почетокот на руската инвазија. На крајот на август, 23 лица беа убиени во ноќни воздушни напади врз Киев.

Русија спроведува сè побрутални напади

Во текот на викендот, Русија го изврши најголемиот руски напад врз Киев од почетокот на војната, погодувајќи ја главната владина зграда. Зеленски го нарече „суров“ напад насочен кон продолжување на војната.

Објавувајќи снимки од нападот врз Јарово, Зеленски рече дека „нема зборови“ за да се опишат најновите руски напади. Руската армија сè уште не се огласила.

Шефот на локалната администрација во блискиот Лајман, Олександр Журављов, изјави за јавниот радиодифузен сервис „Суспилна“ дека нападот се случил околу 10:40 часот по локално време во вторник, додека се исплаќале пензиите.

Според него, повеќето од жртвите биле постари лица.

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко рече дека Русија фрлила „водена воздушна бомба“ врз селото. Фотографиите од местото на нападот покажуваат тешко оштетено возило на „Укрпошта“, националната поштенска служба на Украина, која се користи за исплата на пензии.

„Светот не смее да молчи“

Шефот на „Укрпошта“ рече дека возилото било паркирано под дрвја како мерка за безбедност и дека локален поштар е ранет. „Можеби некој ги открил координатите“, додаде тој.

Јарова се наоѓа на важна железничка линија помеѓу градовите Лиман и Изјум и е оддалечена само околу шест километри од селото Новоселивка, каде што руските сили влегуваат во периферијата на населбата.

Журављов му рече на Суспилне дека мора да смислат начин да продолжат да ги исплаќаат пензиите: „Бидејќи фронтот е оддалечен помалку од 10 километри, ќе ги преместиме исплатите на побезбедни места“.

Локалните власти објавија дека 22 лица веќе се евакуирани од областа. Украинската државна служба за вонредни ситуации (ДСНС) објави дека уште три лица се убиени во претходното руско гранатирање на населбите во регионот Донецк. „Светот не смее да молчи“, рече Зеленски, повикувајќи на реакција од САД, Европа и земјите од Г20.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери

Европа денеска ги сублимира штетите и бројот на приведени по синоќешниот нов бран демонтрации, кои на одредени места повторно излегоа од контрола.. 

Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери

Демолирани и ограбени објекти, оштетени јавни површи и запалени улични објекти, оставиле демонстрантите зад себе во синоќешните немири во Барселона. Каталонската полиција соопшти дека биле упасени над сто лица, а триесетина од нив биле малолетни. Со качучки на глава кршеле излози – при што биле ограбени и оштетени најмалку 14 продавници, а во дел од проджните објекти купувачи останале заробени внатре откако вработените ги спуштале заштитните ролетни за да спречат упад и грабежи. Протестите кои не биле најавени се случиле во околината на плоштадот „Плаца де Каталуња“, а повиците се ширеле преку социјалните мрежи. Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, остро го осуди насилството и порача дека уништувањето на јавниот и приватниот имот нема да остане неказнето, додека тамошната министерка за надворешни Нурија Парлон не ја исклучи можноста нередите да биле инспирирани од протестите во Париз.

„Нема да дозволиме она што се случи да помине без последици. Ќе има санкции и за полнолетните учесници и за лицата што се одговорни за малолетниците. Нема да дозволиме нашиот град да биде опустошен“

Во меѓувреме, немирите и протестите продолжуваат и во други европски земји. Во Франицја илјадници демонстранти синоќа повторно излегоа на улиците. Главниот протест се одржа во југоисточните делови на Париз, но најмногу немири имаше во Марсеј каде дошло и до судири, откако млади луѓе запалле канти за ѓубре за да ги блокираат патиштата, а кон безбедносните сили фрлале камења и шишиња. Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите, кои освен што палеле... ограбувале и продавници и залтарници.

Тензично е и во Италија. И таму дошло до судири во неколку градови кои резултирале со речиси 400 приведени и над 5.000 легитимирани демонстранти. Тамошната полиција успеала да го идентификува и организаторот на движењето на „17 октомври“. Неофицијално станува збор Јусеф Сихер, 30-годишен Италијанец со мароканско потекло, кој е под истрага под за тешко поттикнување за извршување кривично дело со цел тероризам и употреба на компјутерски системи. Протести, но воглавно мирни имаше и низ Неапол, Падова и во Бари.

Хаосот од немирите продолжи и во Албанија каде демонтрантите ја запалија влезната врата на Министерството за земјоделство во Тирана. Во текот на немирите биле искршени излози на продавници, а демонстрантите ваделе и камени плочи од тротоарите и ги фрлале кон полициските службеници. Полицијата освен солзавец, употребила и водени топови и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите. Албаниот премиер Еди Рама најави парични казни за демонстрантите кои се движат од 100 до илјда евра за учество во ненароден собир и до 5.000 евра за лицата кои ќе останат во насилни толпи и по предупредувањата од полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Слаб одѕив на претседателските избори во Бугарија, главни фаворити се Јотова и Ѓуров

И Бугарија денеска гласа, но на претседателски избори, откако Румен Радев си поднесе оставка пролетта и во меѓувреме стана премиер... 

Слаб одѕив на претседателските избори во Бугарија, главни фаворити се Јотова и Ѓуров

Во трката има 27 кандидати, а вршителката на должноста претседателка, 61-годишната Илијана Јотова, води на анкетите. Нејзин најблизок ривал е поранешниот привремен премиер, 50-годишниот Андреј Ѓуров.

До 12 часот, одѕивот изнесуваше само 5,8 проценти или на гласање излегле нешто над 385.000 гласачи, соопшти Централната изборна комисија. Првите резултати од излезните анкети се очекуваат вечерва по 20 часот, а доколку ниту една кандидатска двојка не ги исполни условите за победа во првиот круг, вториот круг е предвиден за 1 ноември.

Многу слаб интерес за претседателските избори во Бугарија има и во Македонија.. Се гласа на седум избирачки места низ земјата, но за гласање се пријавиле само 265 бугарски државјани, што за околу 40% помалку откако на парламентарни избори во април, кога имаше 463 пријавени..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и Куманово

Значително поголем интерес за гласање од вообичаеното има и кај српските државјани во Македонија, кои гласаат во Скопје и Куманово... 

Голем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и Куманово

1.438 српски државјани во Македонија излегоа да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен број на граѓани кои гласаа во српската амбасада во Скопје и почесниот конзулат во Куманово. И почесниот конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид Михајло Филев гласаше за него е важна добрата соработка меѓу двете земји и добриот соживот.

Граѓаните веруваат дека гласале за добра иднина на Србија, веруваат дека изборите ќе поминат во демократска атмосфера.

Српски државјани кои живеат на повеќе континенти поминале илјадници километри за да го остварат своето гласачко право.

„Прелетав девет илјади километри од Виетнам до Србија да гласам, бидејќи верувам во промена и правда.“

„Живеам на Бали, ќе патувам илјада километри само за да гласам. Летам две илјади километри до Џакарта со карта од Виетнам.“

„Секој глас треба да се слушне. Секој глас е важен без разлика каде живеете.“

Овие избори покажаа масовна излезност во сите гласачки места низ светот. Долги редици на гласачи во Чикаго, Љубљана, Загреб, Франкфурт и Штутград, на сите гласачки места скоро тројно бил зголемен интересот за гласање. На овие избори биле регистрирани 102. 147 гласачи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер