Кулеба експресно ја напуштил Украина, дознал дека Зеленски подготвува забрана за патување на поранешни функционери - Канал 5

Кулеба експресно ја напуштил Украина, дознал дека Зеленски подготвува забрана за патување на поранешни функционери

 Поранешниот шеф на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека никогаш не помислил дека ќе мора да ја напушти својата земја преку ноќ „како крадец“ и дека сега е во Краков, Полска.

Кулеба експресно ја напуштил Украина, дознал дека Зеленски подготвува забрана за патување на поранешни функционери

Тој ја напушти Украина само неколку часа пред да стапи во сила декретот со кој им се забранува на поранешните дипломати и функционери да ја напуштат Украина, а Кулеба во телефонски разговор со италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ изјави дека навреме дознал за декретот и дека успеал да ја напушти земјата неколку часа пред да стапи во сила.

Како што рече, декретот не бил донесен поради фактот што од почетокот на војната, вонредната состојба им забранувала на мажите на воена возраст под 60 години да ја напуштат земјата, туку од други причини.

„Во Украина, поранешните дипломати не се обврзани да служат во војска. Точно е дека претседателот Зеленски и неговата придружба не сакаат да одиме во странство и да кажуваме работи за кои веруваат дека би можеле да бидат спротивни на ставовите на владата. Пресметав дека околу дваесетмина од нас се опфатени со оваа мерка. Не мислам дека страдам од манија на прогон, но сигурно знам дека целта на декретот е да ме блокира мене и уште неколку други луѓе“, рече Кулеба, кој од 2020 година до минатата година беше шеф на украинската дипломатија кога Зеленски одеднаш го замени.

Тој додава дека за него забраната за напуштање на Украина е голема загуба, бидејќи заработува пари од предавања во странство - во Париз и САД, каде што често патува на конференции.

„Мојата плата зависи од странски извори. И во секој случај, генерално имам тенденција да ја бранам нашата влада. Но, во одредени кругови во коридорите на моќта, сè уште преовладува стариот советски менталитет, според кој ако одите во странство како слободен граѓанин, автоматски станувате агент кој кова заговор против државата“, рече тој.

Тој исто така рече дека е ставен на „црната листа“ затоа што јавно ја осудил намерата на Зеленски да цензурира две владини комисии задолжени за истражување на корупцијата.

„И ова е сериозен проблем. Граѓанското општество намерно одлучи да ги ограничи критиките со цел да поттикне единство во име на воените напори. Но, Зеленски сега нема право да го злоупотребува ова за да го замолчи кој било глас освен својот“, рече Кулеба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери

Европа денеска ги сублимира штетите и бројот на приведени по синоќешниот нов бран демонтрации, кои на одредени места повторно излегоа од контрола.. 

Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери

Демолирани и ограбени објекти, оштетени јавни површи и запалени улични објекти, оставиле демонстрантите зад себе во синоќешните немири во Барселона. Каталонската полиција соопшти дека биле упасени над сто лица, а триесетина од нив биле малолетни. Со качучки на глава кршеле излози – при што биле ограбени и оштетени најмалку 14 продавници, а во дел од проджните објекти купувачи останале заробени внатре откако вработените ги спуштале заштитните ролетни за да спречат упад и грабежи. Протестите кои не биле најавени се случиле во околината на плоштадот „Плаца де Каталуња“, а повиците се ширеле преку социјалните мрежи. Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, остро го осуди насилството и порача дека уништувањето на јавниот и приватниот имот нема да остане неказнето, додека тамошната министерка за надворешни Нурија Парлон не ја исклучи можноста нередите да биле инспирирани од протестите во Париз.

„Нема да дозволиме она што се случи да помине без последици. Ќе има санкции и за полнолетните учесници и за лицата што се одговорни за малолетниците. Нема да дозволиме нашиот град да биде опустошен“

Во меѓувреме, немирите и протестите продолжуваат и во други европски земји. Во Франицја илјадници демонстранти синоќа повторно излегоа на улиците. Главниот протест се одржа во југоисточните делови на Париз, но најмногу немири имаше во Марсеј каде дошло и до судири, откако млади луѓе запалле канти за ѓубре за да ги блокираат патиштата, а кон безбедносните сили фрлале камења и шишиња. Полицијата употребила солзавец и водени топови против демонстрантите, кои освен што палеле... ограбувале и продавници и залтарници.

Тензично е и во Италија. И таму дошло до судири во неколку градови кои резултирале со речиси 400 приведени и над 5.000 легитимирани демонстранти. Тамошната полиција успеала да го идентификува и организаторот на движењето на „17 октомври“. Неофицијално станува збор Јусеф Сихер, 30-годишен Италијанец со мароканско потекло, кој е под истрага под за тешко поттикнување за извршување кривично дело со цел тероризам и употреба на компјутерски системи. Протести, но воглавно мирни имаше и низ Неапол, Падова и во Бари.

Хаосот од немирите продолжи и во Албанија каде демонтрантите ја запалија влезната врата на Министерството за земјоделство во Тирана. Во текот на немирите биле искршени излози на продавници, а демонстрантите ваделе и камени плочи од тротоарите и ги фрлале кон полициските службеници. Полицијата освен солзавец, употребила и водени топови и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите. Албаниот премиер Еди Рама најави парични казни за демонстрантите кои се движат од 100 до илјда евра за учество во ненароден собир и до 5.000 евра за лицата кои ќе останат во насилни толпи и по предупредувањата од полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Слаб одѕив на претседателските избори во Бугарија, главни фаворити се Јотова и Ѓуров

И Бугарија денеска гласа, но на претседателски избори, откако Румен Радев си поднесе оставка пролетта и во меѓувреме стана премиер... 

Слаб одѕив на претседателските избори во Бугарија, главни фаворити се Јотова и Ѓуров

Во трката има 27 кандидати, а вршителката на должноста претседателка, 61-годишната Илијана Јотова, води на анкетите. Нејзин најблизок ривал е поранешниот привремен премиер, 50-годишниот Андреј Ѓуров.

До 12 часот, одѕивот изнесуваше само 5,8 проценти или на гласање излегле нешто над 385.000 гласачи, соопшти Централната изборна комисија. Првите резултати од излезните анкети се очекуваат вечерва по 20 часот, а доколку ниту една кандидатска двојка не ги исполни условите за победа во првиот круг, вториот круг е предвиден за 1 ноември.

Многу слаб интерес за претседателските избори во Бугарија има и во Македонија.. Се гласа на седум избирачки места низ земјата, но за гласање се пријавиле само 265 бугарски државјани, што за околу 40% помалку откако на парламентарни избори во април, кога имаше 463 пријавени..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и Куманово

Значително поголем интерес за гласање од вообичаеното има и кај српските државјани во Македонија, кои гласаат во Скопје и Куманово... 

Голем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и Куманово

1.438 српски државјани во Македонија излегоа да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен број на граѓани кои гласаа во српската амбасада во Скопје и почесниот конзулат во Куманово. И почесниот конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид Михајло Филев гласаше за него е важна добрата соработка меѓу двете земји и добриот соживот.

Граѓаните веруваат дека гласале за добра иднина на Србија, веруваат дека изборите ќе поминат во демократска атмосфера.

Српски државјани кои живеат на повеќе континенти поминале илјадници километри за да го остварат своето гласачко право.

„Прелетав девет илјади километри од Виетнам до Србија да гласам, бидејќи верувам во промена и правда.“

„Живеам на Бали, ќе патувам илјада километри само за да гласам. Летам две илјади километри до Џакарта со карта од Виетнам.“

„Секој глас треба да се слушне. Секој глас е важен без разлика каде живеете.“

Овие избори покажаа масовна излезност во сите гласачки места низ светот. Долги редици на гласачи во Чикаго, Љубљана, Загреб, Франкфурт и Штутград, на сите гласачки места скоро тројно бил зголемен интересот за гласање. На овие избори биле регистрирани 102. 147 гласачи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер