Расте бројот на штрковите во богданското село Стојаково - Канал 5

Расте бројот на штрковите во богданското село Стојаково

 Бројот на активните гнезда на штркови во богданското село Стојаково, кое токму денеска, на Света Недела, го прославува панаѓурот, секоја година е во постојан пораст.

Расте бројот на штрковите во богданското село Стојаково

Во споредба со 2018 година, кога во селото имало 37 гнезда со 74 возрасни и 134 млади штркови, пребројувањето што го прават мештаните годинава покажа дека во Стојаково моментно има 45 активни гнезда во кои живеат 90 возрасни и 154 млади штркови.

Жителите на селото искрено се гордеат со гнездата што ги има речиси на секоја бандера затоа што присуството на штрковите, велат, е витинска потврда дека живеат во еколошки чиста и здрава животна средина.

–Штрковите населуваат еколошки чисти средини, што значи дека Стојаково максимално ги исполнува нивните услови затоа што е рамничарско село во близина на реката Вардар, има безбедни места за гнездење и изобилство од храна за штрковите по околните обработливи површини и влажни ливади, вели Роберт Иванџиков, претседател на месната заедница во Стојаково.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат

Дијалогот со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите ќе продолжи, и покрај тоа што немаше успех од првата средба меѓу шефовите на дипломатиите, најавува премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат

Излезот од блокадата тој го гледа преку разговор, иако не сакаше да прецизира дали има иницијатива за нова средба со соседите до декемврискиот самит на ЕУ. За досегашниот тек на преговорите премиерот вели дека се запознаени и меѓународните партнери.

„ Јас се радувам што тој дијалог почна, се радувам што за дијалогот се запознаени нашите партнери. Тоа е убавината во демократијата, да разговарате кога имате различни ставови, а умешноста во демократијата е кога тие различни ставови ќе ги приближите и на крај ќе дојдете до компромис. Очекувам дијалогот да продолжи да се води и во одреден момент ставовите да се приближат и да дојдеме до решение. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Решението за спорот меѓу Македонија и Бугарија е во директно учество на Европската Унија, оценува поранешниот грчки премиер и министер за надворешни работи Јоргос Папандреу во интервју за МРТ. Тој вели дека е вистинска трагедија процесот да трае волку долго и смета дека ЕУ треба активо да се вклучи и за Македонија и за другите балкански земји кои долги години стојат во место, во спротивно смета дека овие процеси може да станат внатрешни проблеми на унијата.

Инаку, средбата Муцунски-Чамова во четвртокот поминала во конструктивна атмосфера, но без решение за суштинските прашања. И јавно беа повторени веќе познатите пораки од официјална Софија - дека очекуваат да се исполнат преземените обврски од 2022 година, меѓу кои и промена на Уставот. Покрај ова, шефицата на бугарската дипломатија соопшти дека тие се и категотично против уставни измени со одложено дејство, но и против идејата на Брисел за воведување на квалификувано мнозинство за одлучување за земјите – кандидатки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нападнат клучен руски нафтен центар

Украинските сили нападнаа клучен руски нафтен центар кратко откако Доналд Трамп ги изненади сите со склучување голем договор за увоз на дизел со Владимир Путин.

Нападнат клучен руски нафтен центар

Веднаш по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин, руските сили започнаа нов напад врз цивили кои спиеле во Запорожје. Загинаа најмалку седум лица – меѓу кои и три девојчиња – десет беа повредени, а 16 се водат како исчезнати. Со ова, вкупниот број на цивилни жртви од руските напади во изминатите три дена достигна речиси 90, пренесува „Дејли мејл“.

Договорот за дизел меѓу Трамп и Путин го шокираше Киев, а украинскиот лидер го обвини американскиот претседател за „слабост“ и за попуштање пред Москва.

Од друга страна, како што пренесува информативниот портал „Аксиос“, Трамп му замерил на Зеленски што ги игнорирал дури шесте негови барања за запирање на нападите врз руските рафинерии – напади што предизвикувале раст на цените на горивото во САД пред изборите за конгресот.

Дополнителен притисок дојде од советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков, кој изјави дека едноиполчасовниот разговор меѓу Трамп и Путин бил толку срдечен што „ниту едната страна не сакала прва да ја прекине врската“. Самиот Трамп навести дека е подготвен да продолжи со комуникацијата со рускиот претседател во текот на ноќта, па и следниот ден, пренесува „Дејли мејл“.,,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модел на „Антропик“ испрати лажна дојава за убиство до полицијата

Оделот на вештачка интелигенција Клод на „Антропик“ испратил лажна дојава за нерасчистено убиство преку јавен полициски формулар во Филаделфија. 

Модел на „Антропик“ испрати лажна дојава за убиство до полицијата

Инцидентот се случил на 18 јули 2026 година, а беше јавно обелоденет на 9 октомври. Пораката била означена како спам и не стигнала до истражителите, соопшти полицијата.

Според извештајот на „Антропик“, моделот Клод Хаику 4.5 добил задача да изведува примерни активности на случајно избрани веб-страници. На една од нив наишол на страница за нерасчистено убиство со формулар за доставување информации.

Моделот составил порака во која тврдел дека можеби има информации за случајот и дека видел лице што одговара на описот во близина на наведената улица. Сепак, страницата воопшто не содржела опис на сторителот. Полињата за име и контакт останале празни, а формуларот дозволувал испраќање и без тие податоци.

Според полициското соопштение што го објави телевизијата „6 АБЦ“, компанијата го открила инцидентот на 28 септември, а ја известила полицијата на 7 октомври. Следниот ден се одржала средба со претставници на „антропик“.

Полицијата го оцени доцнењето како неприфатливо и побара компанијата да ги зајакне заштитните механизми. Истовремено, нагласи дека нема показатели за неовластен пристап до полициските системи или за компромитирање на податоците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер