Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите - Канал 5

Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите

Во мај годинава, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно намалување од 0,05 п.п. и 0,43 п.п., соодветно и изнесува 5,06%. 

Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,21% што претставува месечен и годишен раст од 0,01 п.п. и 0,35 п.п., соодветно.

– Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2, во мај, е зголемена за 0,85 п.п. при годишен пад од 0,47 п.п. и изнесува 4,72%. Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележан месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,32%.

1. Каматни стапки на корпоративниот сектор3 – Во мај, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,66% и е пониска за 0,07 п.п. во споредба со претходниот месец. Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,08 п.п. и 0,07 п.п., соодветно), при забележан пад и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Во споредба со мај минатата година, оваа каматна стапка бележи намалување од 0,65 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во мај, оствари месечно зголемување од 1,25 п.п. и изнесува 4,67%. Месечната промена се должи на растот на каматните стапки на сите компоненти и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 1,35 п.п. и 0,46 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,17 п.п.). Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,49 п.п.

Овој месец, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е непроменета на месечна основа и изнесува 2,62%. На годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,41 п.п. ‒ Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор изнесува 2,30% и забележа месечен раст од 0,07 п.п. Нагорната промена во целост е резултат на зголемувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,22 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во странска валута остварија пад од 0,21 п.п. Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,08 п.п. на годишно ниво.

Во мај, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво и изнесува 5,45%. Анализирано по валута, промената произлегува од падот на каматните стапки кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), како и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка оствари пад од 0,20 п.п.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во мај, забележа месечен раст од 0,12 п.п. и изнесува 4,79%. Притоа, растот во целост се должи на зголемените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,09 п.п.), при пад на каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,04 п.п., соодветно). Годишниот пад на просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 0,47 п.п.

Во мај, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 2,15% и бележи месечно зголемување од 0,01 п.п. Месечната промена произлегува од растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно), во услови на пад на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка е повисока за 0,34 п.п. – Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата6 овој месец е пониска за 0,08 п.п. и изнесува 2,34%. Притоа, падот е резултат на намалените каматни стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,24 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). Во мај, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,02 п.п.

Народна банка на Република Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.

Тероростички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи.

Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци.

Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Француската влада разгледува можност за формирање стратешки резерви на жито поради растечката меѓународна нестабилност и потребата од поголема сигурност во снабдувањето со храна. 

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито

Министерката за земјоделство Ани Женвард побарала до крајот на месецот да ѝ бидат доставени конкретни предлози.

Франција имала стратешки резерви на храна по Втората светска војна, но системот бил укинат во 1950-тите години. Сега властите повторно ја разгледуваат оваа можност.

Според РТЛ, во земјата има околу 4.500 силоси за жито, чии капацитети би биле доволни за покривање на основната потрошувачка во период од еден месец во случај на воен судир. Сепак, нивните сопственици немаат ограничувања за извоз на житото, објектите не се оградени ниту обезбедени, а нивните адреси се јавно достапни.

„Денес стратешки резерви се создаваат низ цела Европа, во секоја европска држава освен Франција. Тоа е чисто лудило“, изјави за РТЛ Ерик Тироен, претседател на Здружението на производители на жито АГПБ. Тој оцени дека безбедноста на снабдувањето со храна е исклучително важна и дека резервите се неопходни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер