Распродаден е парфемот што предизвикува гадење- цената му е 275 евра (ВИДЕО) - Канал 5

Распродаден е парфемот што предизвикува гадење- цената му е 275 евра (ВИДЕО)

За разлика од повеќето парфеми кои се слават по тоа што мирисаат гурмански, деликатно или мистично, еден парфем стана познат по тоа што мириса - ужасно.

Распродаден е парфемот што предизвикува гадење- цената му е 275 евра (ВИДЕО)

Станува збор за парфем наречен Inexcusable Evil од романскиот бренд Toskovat. Брендот е основан од Давид-Лев Џипа-Сливински и е познат по мириси кои повеќе личат на концептуални приказни отколку на класични парфеми.

Парфемите Toskovat не се наменети само како прекрасни мириси, туку како интензивни искуства кои можат да бидат непријатни, поетски, провокативни или екстремно лични. Токму затоа овој бренд се издвои на социјалните мрежи, а Inexcusable Evil стана познат како мирис кој смрди толку многу што предизвикува гадење.

@smellypt Toskovat - inexcusable evil Clips by @Thomas Hartanto @Shelly Has Notes @Amy Nose Scent @Barba Perfumes @Shady Fragrance Lady 🕶️ @NotJeanGrey @Toskovat’ #toskovat #toskovatinexcusableevil #fragrancetok #perfumes ♬ original sound - Toskovat’

„Навистина сакам да го пробам“

Горните ноти на парфемот се барут и озон, средните ноти се крв, завои, јод, изгорени цвеќиња, гваијачко дрво, масло од копаиба, нагармота, а основните ноти се бетон, дожд, темјан и сандалово дрво.

Од видео до видео, луѓето прават гримаси и испуштаат звуци што личат на повраќање.

„Треба да знам зошто мириса така“, „Навистина сакам да го пробам“, „Моето его мисли дека можам да го поднесам“, „Не е парфем за носење, туку уметност е“, „Го носам во кревет кога сакам да мирисам на влажен цемент“, пишуваа коментарите под видеото.

„Престани да претеруваш“

Но, некои веруваат дека реакциите се претерани. Еден тиктокер покажа како го нанесува во многу слоеви, а не мириса на парче хартија. „Престани да претеруваш како бебиња“, напиша тој во описот на видеото. Друг тиктокер го опиша мирисот како пријатен.

@king_unicdailyfra Stop overreacting like little babies!!!! #darkfragrances #fyp #toskovatinexcusableevil #toskovatperfumes #kingunicfragrances ♬ original sound - king_unicdailyfragrance

„Мислам дека луѓето претеруваат со критиките“, „Се носи и дефинитивно е претеран“, „И мене ми се допаѓа, сакам необични ноти“, „Го помирисав еднаш и беше премногу добар“, напишаа истомисленици.

@smellslikekat Inexcusable Evil is one of my faves by@Toskovat’ 🖤 such a masterpiece of a perfume! Mentioned: @Scent Split #fragrancetiktok #ultraniche #niche #fragrance #perfume ♬ original sound - smellslikekat

Без оглед на тоа дали мирисот е навистина толку неподнослив или е претерување, овој парфем предизвика голем интерес. И покрај високата цена од 275 евра, овој мирис е распродаден, како и другите мириси од асортиманот. Имено, Toskovat ги лансира своите парфеми во помали колекции и ги обновува на секои неколку месеци. Според информациите на Instagram, следното обновување на колекцијата ќе биде во јуни.

Inexcusable Evil не е единствениот необичен мирис што се нуди. Мирисот на Born Screaming се издвојува со ноти на енергетски пијалок, DVD кутија, латекс, танцов клуб и бисерна огрлица, Pornstar со ноти на мраз, мастика за џвакање, амарилис и лотос, и Anarchist A_ со ноти на кредитни картички, виски, мастило, света вода и пластична кеса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да го „реши прашањето за Куба“ пред да ја напушти функцијата и додаде дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. 

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Американскиот претседател го кажа ова во разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит.

Трамп ја опиша Куба како пропадната држава.

„Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место, нација – како и да сакате да го наречете“, изјави тој.

Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида.

„Би сакал да можам да направам нешто за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио, чии родители се од Куба, „со задоволство би го направил тоа“. „Би ја разгледал воената опција“

На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“.

Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можна интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“.

„Куба се распаѓа. Тоа е земја што не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат Демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – всушност, сè од тоа во едно“, рече тој на брифинг за новинари во понеделникот.

Трамп го изјави ова одговарајќи на прашањето дали сè уште планира да ја преземе Куба, додавајќи дека САД ќе ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“.

За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој наведе дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба. „Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тој тогаш на новинарите.

На почетокот на овој месец, администрацијата на Трамп најави нов пакет санкции против Куба. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Франција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0.

Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот.

Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути.

Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот.

Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“.

Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1.

На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер