Расправија на Арсовска со советниците од ВМРО-ДПМНЕ:Пропадна обидот за расправа за дивоградбите - Канал 5

Расправија на Арсовска со советниците од ВМРО-ДПМНЕ:Пропадна обидот за расправа за дивоградбите

Јавното обвинителство отвори истрага за дивоградбата во Чаир за која алармираше градоначалничката Данела Арсовска... Станува збор за 6-катница која почнала да се гради во 2024 година на државно земјиште, без никакво одобрение... 

Расправија на Арсовска со советниците од ВМРО-ДПМНЕ:Пропадна обидот за расправа за дивоградбите

Уште едно тензично попладне во Град Скопје, овој пат во салата на Советот ечеа препукувања откако советниците не изгласаа да се одржи вонредната седница во која тема на дискусија требаше да бидат дивоградбите во О. Чаир... Состојбата кулминираше кога градоначалничката Арсовска излезе на говорница да презентира документи кои вели дека се фалсификати и доказ за незаконското легализирање на дивоградби во Чаир, по што започна и кавгата со советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Вреди.. Набргу седницата мораше да биде прекината, па не се разговараше ниту за дивоградбите во Сарај.

„Госпоѓо дали може да не урлате? Многу сте невоспитани. На увид на целокупната македонска јавност, Вакво флагрантно бранење на Висар Ганиу не сум видела, луѓе дали се срамите, образ имате ли?“

Во меѓувреме, обвинителството отвори истрага за шест катница во Чаир, а за осомничениот кој се товари за безправно градење, определи мерки на претпазливост. Од ОЈО Скопје посочија дека објектот почнал да се гради во 2024 година без одобрение и на државно земјиште на улицата „Кемал Сејфула“, а осомничениот инвеститор изградил станбена зграда со деловни простории, со катност од подруми + приземје + шест ката + поткровје..

Состојбата со дивоградбите и заканите кон градоначалничката ги следи и полицијата, кажа денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Сепак, она што се случува изминатиов период на релација Арсовска – Ганиу, го нарече предизборен циркус.

Од МВР пак посочија дека е извршен разговор со возачот на Мерцедесот кој и се заканувал на Арсовска во неделата на „Словенечка“, каде таа, како што кажа, фатила диво приклучување на атмосферската канализација. Станува збор за 39 годишник, кој негирал дека се заканувал, а за кој Арсовска вели дека приведено е друго лице, а не вистинскиот заканувач.

YouTube video

Европскиот шампион со најголема зароботка на Светското клупско првенство

Финалистите на Светското клупско првенство ПСЖ и Челзи се екипите кои најмногу заработија од ова натпреварување. Приближно нивната заработка е 100 милиони евра, а победникот ќе има и повеќе сметајќи го и бонусот за постигнатите резултати. 

Европскиот шампион со најголема зароботка на Светското клупско првенство

Европскиот првак ПСЖ има загарантирани 97,4 милиони евра, а финалистот Челзи 95,4. Во случај на триумф на лондонскиот клуб ќе има уште 10 милиони евра.

Реал Мадрид кој беше полуфиналист има заработка од 74,6 милиони евра, додека вториот полуфиналист дека доаѓа од зона со понизок рејтинг (јужноамериканската) и освои 54,5 милиони евра.

На листата на заработки потоа следуваат: Баерн - 52,3; Манчестер Сити 46,3; Борусија Дортмунд 46,2; Палмеирас 36,1; Интер 32,9 и Ал Хилал 31,1 милиони евра. /МИА

Откриена комета - три милијарди години постара од Сончевиот Систем

Мистериозно меѓуѕвездено летечко тело е откриено од научниците од Универзитетот Оксфорд минатата недела, и веројатно се работи за комета што е три милијарди години постара од нашиот Сончев Систем.

Откриена комета - три милијарди години постара од Сончевиот Систем

Ова би можело да биде најстарата комета некогаш забележана, проценуваат астрономите.

Кометата, научно именувана „3-И / Атлас“ (3I/Atlas), првпат е забележана на 1 јули од телескопот „Атлас“ во Чиле, кога беше оддалечена околу 670 милиони километри од Сонцето. Во мигов, телото може да се види само со помош на многу моќни телескопи и е речиси исто толку далеку од Земјата колку и Јупитер, според првичните наоди претставени денеска на националниот состанок на Кралското астрономско друштво на Велика Британија во Дархам. Ова е само трет вакв откриен објект со потекло вон нашиот планетарен систем.

YouTube video

- Сите сме многу возбудени за „3-И / Атлас“... Брзината на кометата посочува дека е стара повеќе од седум милијарди години и дека можеби е најзначајниот „меѓуѕвезден посетител“ досега, изјави астрономот Метју Хопкинс.

Научниците веруваат дека, бидејќи „3-И / Атлас“ веројатно се обликувал околу постара ѕвезда, таа комета е составена од голема количина воден мраз. Ова значи дека како што се приближува кон Сонцето подоцна оваа година, топлината од нашата ѕвезда ќе ја загрее површината на телото, па така би можело да се создаде и карактеристичната светлечка опашка зад него.

Прво финале за Синер на Вимблдон

Ова беше петта последователна победа на Синер во мечевите со Ѓоковиќ.

Прво финале за Синер на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија успеа да се избори за своето прво финале на Вимблдон откако во второто годинашно полуфинале го совлада седумкратниот победник на Вимблдон, Србинот Новак Ѓоковиќ. Синер мечот го доби со 3:0 во сетови (6:3; 6:3 и 6:4) за 1 час и 55 минути игра.

Во првите два сета Синер беше доминантен. Во првиот сет имаше два брејка, а во вториот еден и двата сета ги доби идентично со 6:3. Нешто повеќе неизвесност имаше во третиот сет. Ѓоковиќ поведе со 3:0 во гемови и пропушти брејк топка за 4:0. На тоа возврати Синер, кој ја поврати играта од првите два сета и поведе со 5:3 во гемови, а потоа ја искористи четвртата меч топка за 6:4 во гемови и конечни 3:0 во сетови.

Ова беше петта последователна победа на Синер во мечевите со Ѓоковиќ.

Во неделното финале Синер ќе игра против Карлос Алкараз, кој со 3:1 во сетови го совлада Тејлор Фриц. /МИА

притисни ентер