Раскинаа Лејди Гага и Тејлор Кини - по 5 годишна врска!

Минатата недела, Лејди Гага е фотографирана во Малибу без вереничкиот прстен, на истиот ден кога Тејлор Кини славеше роденден. Според ТМЗ, врската ја раскинале на почетокот на месецов.

Извор на „People“ магазинот тврди дека пејачката и актерот с еоддалечиле поради нивните кариери, кои им го преокупирале времето и се помалку време поминувале заедно.

- Тејлор ја снима својата хит серија „Chicago Fire“, а Лејди Гага многу патува по светот. Работата ги оддалечи - вели изворот за магазинот.

Тие се запознаа во 20111 година на снимањето на спотот за хитот на Лејди Гага „You And I“. Тој тогаш сеуште не беше многу познат, и живееше со пријатели во Сан Диего, а Лејди Гага веќе имаше успешна кариера. На Денот на вљубените во 2015, Кини ја запроси, и се верија, но никогаш не објавија датум за венчавка.

Лејди Гага не криеше колку е вљубена во згодниот актер. Во 2014 за „The Times“ изјави:

- Тој ме поддржува во се, ме сака комплетно, ме знае како американско - италијанската девојка која ја родиле моите родители.Го сакам толку многу!




ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

притисни ентер