3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
МакедонијаРашковска: Четиригодишниот мандат на СДСМ во Берово е неуспешна приказнаМојата визија за Општина Берово е да имаме просперитетна, транспарентна и економски стабилна општина во која на граѓаните ќе им се решаваат проблемите со инфраструктурата, проблемите поврзани со комуналната дејност.Општина во која институциите постојат за доброто на граѓаните, а не обратно. Општина со која добро ќе работиме, бидејќи ако добро работиме и соработуваме, нашите деца и нашите внуци ќе остануваат во Берово и на семејните места, затоа што во локалната самоуправа ќе гледаат добар партнер за соработка, за остварување и решавање на сите проблеми кои произлегуваат до секојдневието. Пред неполн месец Берово се соочи со шумски пожари на неколку локации, а гореше во близина на самите села Будинарци и Мачево. Изгореа илјадници хектари шума, изгореа белите дробови на Малешевијата, а градоначалникот беше само нем сведок на сите случувања затоа што немаше никаква институционална ниту пак организациона моќ за да ги спречи пламените јазици. Моја визија како градоначалник е да можеме поуспешно да ги решаваме проблемите со елементарните непогоди и пожарите. Затоа што видовме со што се соочи општината пред само 20 дена. Да ја модернизираме противпожарната служба, и да ги зајакнеме човечките капацитети во неа, со цел успешно справување со елементарните непогоди. И секако во најкраток рок се што е изгорено да го пошумиме. Сегашниот градоначалник на Општина Берово во својата програма многу ни раскажуваше, дека има визија да ги задржи младите со обезбедување на нивна егзистенција, исполнети содржини за користење на нивното слободно време, но ништо од тоа не исполни. На сопственикот на фабриката која ќе овозможеше вработување на околу 200 млади не му дозволи да го приватизира земјиштето со што плати и судски трошоци и камати. Наместо да им овозможи егзистенција на младите, тој не дозволи да се рестартира фабриката да се вработат младите и да формираат семејства тука во нашата општина. Потоа својата неуспешна приказна ја продолжи со реконструкцијата на старата кино сала во центарот на градот во мултимедијален центар за млади кој ќе понуди нови содржини за младите, но и од тоа ништо. И по 4 години мандат салата е уште поруинирана, младите не добија мултимедијален центар и повторно неуспешна приказна. Стратешки проект на градоначалникот за неговиот мандат му беше реконструкција на одморалиштето на Беровско езеро, збогатено со спортски содржини, со обнова на кајакарскиот клуб и со пуштање на граничниот премин Клепало, но повторно само приказна и тоа неуспешна. Детското одморалиште за овие 4 години е поруинирано, не е збогатено со никакви содржини, од кајакарскиот клуб нема ништо, а граничниот премин е повторно статус кво. .И не треба градоначалник да се чудите зошто цели фамилии се селат од нашата општина, зошто поголем број од младите не ја гледаат својата иднина во нашата општина, зошто се помалку деца се запишуваат во нашите училишта и зошто од запишаните на крајот од првото полугодие повторно има отпишување на децата заради заминување од општината. Берово е мал град, куќите стојат и се на број но секој божји ден има се помалку луѓе во нив, се помалку има ученици, се помалку има млади луѓе. Белата чума за жал е веќе присутна кај нас, но градоначалникот ниту со прст не мрда да се надмине сето тоа. Берово е мал град, но граѓаните во него се боеми со вистински градски навики и отсекогаш биле градски луѓе во правата смисла на зборот и тоа го знаеше целиот исток во Македонија. Берово отсекогаш бил град на занаетчиите, град на еснафите, град на земјоделците и на сточарите, град на културата со свое културно лето, познато и препознаено туристичко место. И затоа ве повикувам како иден градоначалник на општината да го вратиме стариот сјај на Берово, да ја вратиме автентичноста и препознатливоста на нашите села, да ги задржиме младите да бидат среќни и постарите зошто има една стара дума кај нас дека каменот е тежок на своето место. Затоа како иден градоначалник еден од приоритетите ќе ми биде покривање со квалитетна канализациона и комунална инфраструктура во целата општина која подразбира решавање на проблемите со канализацијата и водоснабдувањето со крајна цел чиста и здрава вода за пиење до секоја куќа, до секој дом. Ревитализација на култното излетничко место за беровчани, па и нашите од Малешевијата на месноста Јуовец, место од кое имаат само убаво спомени сите генерации од Малешевијата. Да адаптираме и пренамениме дел од паркот на кејот реката Брегалница во отворена младинска летна сцена за одржување на концерти, гостување на театарски групи и стенд ап настапи, организирање на локални културни манифестации на отворена летна сцена со цела квалитетно исполнување на слободното време на младите од општината. Имаме многу проекти за работа и многу е добро да ги сработиме, и така куќите ќе ни бидат полни и по тоа ќе знаеме дека сме успеале, зошто денес нашето најголемо богатство се граѓаните и таму каде што има луѓе, таму каде што има граѓани, има се. Да се почитуваме и соработуваме, да се слушаме и разбираме, и најважното од се, да ги решаваме проблемите а не да ги создаваме и акумулираме. Само така ќе имаме успешна општина, само така ќе имаме општина за сите граѓани, рече Елеонора Рашковска, кандидат за градоначалник од ВМРО - ДПМНЕ за Берово. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook