ЕвропаРашида Дати доби клучна поддршка за вториот круг од изборите за градоначалник на ПаризПо првиот круг од локалните избори во Париз, во трката остануваат четири изборни листи предводени од четири кандидати за градоначалник на францускиот главен град, јавија локалните медиуми.До вечерва, изборните листи за вториот круг од локалните избори мора да бидат регистрирани низ целата земја. Кандидатот од таборот на Макрон за градоначалник на Париз, Пјер-Ив Бурназел, синоќа објави дека се повлекува од трката во корист на кандидатката на конзервативната десница, Рашида Дати. Листите на двајцата кандидати ќе се спојат за вториот круг. Во првиот круг, социјалистот Емануел Грегоар освои најмногу гласови – 37,98 проценти. Рашида Дати остана на второто место со 25,46 отсто и покрај очекувањата за повисок резултат. Бурназел доби 11,34 проценти. Во трката остануваат уште двајца кандидати од левицата и десницата – Софија Шикиру од „Франција Непокорна“ со 11,72 отсто и Сара Кнафо од крајнодесничарската партија „Реконквиста“ со 10,40 проценти. Со интерес се следи и ситуацијата во јужната метропола Марсеј, каде што крајните десничари сметаат на незадоволството на жителите од владата во нивната борба против трговијата со дрога и војната меѓу наркобандите. Таму, актуелниот градоначалник Беноа Пајан се најде на првото место во вториот круг, поддржан од левичарскиот сојуз, кој, сепак, не ја вклучи „Франција Непокорна“. Пајан доби 36,70 отсто и веднаш побрза да ја регистрира својата листа за вториот круг, и покрај тоа што „Франција Непокорна“ му понуди поддршка. На второто место во Марсеј е кандидатот на крајнодесничарската „Национален собир“, Франк Алицио, со 35,02 отсто. Кандидатот на „Непокорна Франција“ Себастијан Делогу, исто така се квалификуваше и ја опиша одлуката на Пајан да се кандидира сам против крајниот десничар Алисио како „неодговорна“, повикувајќи на „антифашистички фронт“ против крајните десничари. Тагови: Париз Рашида Дати Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново СелоВчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави. Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВо изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и ВиницаДадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: На ден 23.06.2026 г. сообраќајот на патниот правец Прилеп- Битола близу железничката пруга Лознани е спроведен времен режим на сообраќај, сообраќајот ќе се одвива со пренасочување од магистралниот кон регионалниот пат заради изведување на градежни работи на терен. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook