ФудбалРашфорд го напушта Јунајтед: Се сели во ШпанијаАнглискиот напаѓач Маркус Рашфорд е на прагот да го напушти англискиот гигант Манчестер Јунајтед откако не успеа да го импресионира новиот менаџер на тимот од Олд Трафорд, Рубен Аморим. Рашфорд е посакуван од голем број клубови, а каталонски „Спорт“ открива дека репрезенативецот на Англија одлучил Барселона да биде клубот што ќе го позајми до крајот на сезоната. За тоа да се случи Барселона ќе мора да продаде еден од играчите, а „Спорт“ наведува дека тоа би можел да биде стоперот Ерик Гарсија. Гарсија би можел да се врати во Џирона, за која одигра брилијантно во историската сезона, а Барса покрај трите милиони потенцијални бонуси за трансферот би добила седум милиони евра. Исто така, Барселона би се ослободила од неговиот договор вреден 6 милиони евра, па тоа би требало да направи доволно простор за Рашфорд. Сезонава во дресот на Јунајтед, Рашфорд постигна седум гола и имаше три асистенции на 24 средби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
МакедонијаСДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!ВМРО-ОКГ повторно ја крои касата. Приходите и расходите се намалуваат за по околу 86 милиони евра. Дефицитот останува 4,1 процент од БДП. Капиталните инвестиции се кратат за околу 93 милиони, затоа што проектите доцнат. Ова е втор ребаланс за четири месеци. Дури е можен и трет. Министерката вели криза и намалени давачки за горива. Блискиот Исток гори и пред првиот ребаланс. Кризата не се појави вчера и овој ребаланс не е поради горвата затоа што тие чинат едвај 60 милиони евра додека ефектот од намалување на ДДВ е нула. Парите за пат, училиште и болница се сечат. Парите за кредит не се сечат. До крајот на годината се најавува нова граѓанска обврзница. Финансирањето се затвора на домашен пазар. Следната година еврообврзница, со камата над 6 проценти. Кредит за да се плати кредит. Тоа не е развој. Тоа е должничко ропство. За две години арамијата го зголеми долгот за околу 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. До крајот на годината уште 250 милиони. Дупка во ПИОМ околу милијарда. Секоја недела нова хартија. Каматата расте. Сметката ја плаќа граѓанинот. А за тој граѓанин му пресметаа кошничка ама по нивни терк, не според реалноста. Велат 60.000 денари за четиричлено семејство било договолно во август. Синдикалната кошничка е за над 10.000 денари повисока а со кирија стига и до околу 90.000 денари. Затоа исмислија нова. Владата вели 95 проценти живеат во свој дом. Студентот што плаќа кирија и семејството што отплаќа стан не влегуваат во таа реченица. Две минимални плати не ја покриваат ниту нивната исмислена, пониска кошничка. Недостигаат над 10.000 денари. Министерот вели само 2 проценти земаат минималец. А над 70% од луѓето се со плати помали од просечната. Потрошувачката кошничка не ја полни процентот на раст на „третата економија“, туку цените што граѓаните секојдневно ги плаќаат. Нема мерки за граѓаните. Има проекти за туѓ интерес. Дата-центар, хардвер за туѓа дигитализација, струја на грб на народот. Антимон, руда за муниција, пет милиони за дупка, Гета чинеше 5,53. Цените отидоа до плафон затоа што на почетокот на кризата не се реагира. Граѓанинот плаќа двапати: еднаш на пумпа, вторпат на рата за кредит. Светска банка потврди дека не сме трета економија туку на нво на една третина од европскиот стандард и 17 години во стапица. Статистиката не го полни фрижидерот. Буџетот што се крои секој месец не е економија. Тоа е каса на организирана криминална група што државата ја води како штанд, а народот како гарант. Кредитот не е приход. Кошничката без кирија не е живот. Власта ќе се врати во рацете на народот. Сметката ќе ја плати бандата. Скопје 10.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војнатаРускиот претседател Владимир Путин ја отфрли можноста за мировни преговори со Украина во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој рече дека Русија ќе продолжи да се бори додека не ги постигне „сите свои цели“, изјави помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, а пренесува Правда. Ушаков за руските пропагандни медиуми изјави дека Трамп „топло му го честитал роденденот на Путин, неофицијално му посакал успех и благосостојба и му ги пренел честитките на првата дама“. Путин му се заблагодари на Трамп за вниманието што го посветува на дијалогот со Москва и нагласи дека руската позиција за агресија врз Украина останува непроменета. Путин категорично ја отфрли можноста за обновување на мировните преговори. Тој ја обвини Украина дека се обидува да ги наруши руските избори и се обиде да го убеди Трамп дека украинскиот отпор „нема перспектива“. Тој додаде дека руските сили „целосно ја држат иницијативата во свои раце и напредуваат“. Ушаков тврди дека Трамп по разговорот дал инструкции „сигналите“ што ги добил од Русија да се пренесат на украинската страна. Тој исто така изјави дека двајцата лидери го изразиле своето задоволство од начинот на кој функционираат каналите за комуникација, особено оние во кои се вклучени разузнавачките служби. Тие, исто така, разговараа за потенцијален состанок на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), „ако и двајцата присуствуваат“. Според Ушаков, разговорот траел час и половина и дека „никој не сакал прв да го прекине повикот“. Трамп во четвртокот вечерта рече дека разговарал со Путин по телефон и се согласил да испорача милиони тони руски дизел на американскиот и светскиот пазар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно, претпладне со сончеви периодиСпоред Управата за хидрометеролошки работи времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 7 Берово, 9 Маврови Анови, 10 Попова Шапка, Битола, Охрид, Демир Капија, 11 Крива Паланка, Претор, 12 Скопје-Петровец, Струмица, Тетово, Крушево, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, 13 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Гевгелија, 14 Виница. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20