Расел Кроу откри зошто одбил улога што можела да му донесе 100 милиони долари (ВИДЕО)

Актерот Расел Кроу во Тв шоуто на Хауард Стерн откри зошто ја одбил улогата во првиот дел на филмнот ,,Господар на прстените”.

На австралиската ѕвезда му биле понудени 10 проценти од профитот на филмот , наместо однапред платен износ , само доколку ја прифати улогата на Арагорн во првиот дел на сагата од 2001 година. ,,Не мислев дека Питер Џексон навистина ме сакаше во филмот. . Мислам дека беше принуден да разговара со мене , зашто во тоа време сите ме сакаа во своите филмови.” , вели Кроу.

Тој вели дека со Џексон разговарале по телефон , но можел по гласот да насети дека не сака тој да настапуи во неговиот филм. Филмот заработи над 870 милиони долари во светот , а Кроу веројатно би добил околу 100 милиони.

На прашањето на Стерн дали секој ден размислува за оваа пропуштена шанса , холивудската ѕвезда рече дека никогаш не размислувал за тоа.

Во ова интервју тој раскажа и дека ја пропуштил улогата на Вулверин во Икс мен и го предложил Џекман , кој многупати до сега јавно му се заблагодарти на Кроу за улогата.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер