ФормулаРасел: Антонели е неверојатен возач со огромен талент Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, искажа пофални зборови за резултатите на Големата награда на Кина, каде што победи неговиот клупски колега Андреа Кими Антонели. - Антонели ќе го памети овој ден засекогаш. Но, знаете, во неговиот случај, беше само прашање на време. Тој е неверојатен возач со огромен талент и сигурен сум дека го очекува напорна сезона, изјави Расел за прес-службата на Формула 1. Расел заврши втор, со заостанување од 5,515 секунди. Деветнаесетгодишниот Италијанец Антонели ја освои својата прва трка во Формула 1. Следната трка ќе се одржи во Јапонија на 29 март.Тагови: мерцедес Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче со критики за владините економски политики за две години од мандатот на актуелната ВладаНа две години од мандатот на актуелната влада лидерот на СДСМ Венко Филипче ги критикува владините економски политики.. Од сите предизборни ветувања, владата на ВМРО-ДПМНЕ во две години реализираше само 10 проценти и потфрли во клучните области, оценува лидерот на СДСМ Венко Филипче. Со анализа на платформата „1198“ на ВМРО-ДПМНЕ, според него излажале за повисоки плати, инвестиции, функционални институции, евроинтеграции, мерки за младите, земјоделците.. Филипче вели дека стагнацијата во сите сегменти ја чувствувале граѓаните на животниот стандард, но сепак предвремени парламентарни избори од власта тој нема да бара. „Се изгубија две години во економски неуспех, во стагнација, во лажни ветувања, во национални понижувања, во влошени меѓуетнички односи, во влошување на односите со соседите, во време во кое младите само планираат како да се иселат од земјата. / Ние нема да му дадеме алиби на премиерот за избори предвремени. И кажавме, избори ќе има кога ќе им снема пари, затоа што тоа е концептот на нивното владеење. Кога ќе ги дотрошат сите пари за партиски тендери, тогаш ќе одат на избори. И како што гледат контрадикторен е, сакаме редовни па сакаме предвремени, спремни сме.. Да не бара алиби, ниту ќе му дадеме ние како опозиција за избори. “ Ништо нема да се подобри ниту со реконструкцијата на Владата, вели опозицискиот лидер. Кадровските промени во тимот на Мицкоски за Филипче се само козметички и нема да влијаат врз важните политики за граѓаните. „Што може граѓаните да очекуваат – ништо. Ќе се заменат некои луѓе, ќе си ги заменат фотељите и се ќе биде исто. Нема напредок, нема мерки за граѓаните, нема ништо да се почувствува подобро. Тоа ќе бидат само некои козметички промени. Тендер коалицијата ќе продолжи да си функционира кои имиња и да бидат на кои места.“ Од Владата засега не откриваат детали што се е на маса на преговорите кои во петокот ги започна премиерот со раководството на Вреди, а потоа и со ЗНАМ. Мицкоски само најави дека првата фаза со кадровски промени ќе биде до крајот на следната недела кога ќе го достави целосниот список за реконструкција до Собранието. Следен чекор тој рече дека се пониските ешалони на власта, директорите на јавните претпријатија кои не биле на висина на задачата во првата половина од мандатот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата По завршувањето на првата фаза од разговорите со коалициските партнери во текот на викендот, можеме да констатираме дека средбите поминаа во конструктивна атмосфера, брифираат од Владата. По завршувањето на првата фаза од разговорите со коалициските партнери во текот на викендот, можеме да констатираме дека средбите поминаа во конструктивна атмосфера, во духот на меѓусебна почит, партнерство и заедничка определба за понатамошно унапредување на работата на Владата. Во разговорите беа потврдени принципите кои претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, јасно ги истакна во своето обраќање во Струмица а кои се однесуваат на одговорност, резултати, достапност до граѓаните, ефикасност во работењето и бескомпромисна посветеност на интересите на народот. Сите коалициски партнери ја споделуваат определбата Владата да продолжи со засилено темпо во реализацијата на програмските приоритети и реформите кои се очекуваат од граѓаните. Во текот на разговорите беше нагласено дека реконструкцијата не се води од партиски или персонални интереси, туку од потребата за дополнително јакнење на институционалниот капацитет и уште поефикасна реализација на владината програма. Во првата половина од наредната недела ќе следуваат финални консултации и разговори на кои ќе бидат разгледани и потврдени конечните решенија и позиции. По завршувањето на процесот, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за сите донесени одлуки. Она што останува непроменето е принципот дека секој носител на јавна функција мора да биде достапен за граѓаните, отчетен за својата работа и целосно посветен на исполнување на обврските што произлегуваат од довербата добиена од народот. Целта на процесот е Владата да биде уште поефикасна, уште поблиска до граѓаните и уште посилно фокусирана на резултатите кои значат подобар животен стандард, економски развој и исполнување на стратешките цели на државата, се наведува во брифингот од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТаткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата неуморно работи, над 2000 проекти се реализирани во неполни две годиниЗа неполни две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализираше бројни проекти и политики што придонесуваат за економски раст, инфраструктурен развој и подобар животен стандард. Економските показатели покажуваат раст на БДП од над 3% во 7 последователни квартали. Отворени се 17.000 нови работни места, стапката на невработеност е намалена од 12,5% на 11,3%, а стапката на вработеност е зголемена од 45,6% на 46,5%. Оперативниот план за 2026 година, тежи 40 милиони евра, а 32 милиони од нив се насочени токму за вработување, што ја изразува посветеноста на Владата за намалување на невработеноста. Македонија денес е меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа според растот на БДП, а странските директни инвестиции достигнаа рекордни 1,255 милијарди евра. Зголемени се платите во здравството, образованието, полицијата и одбраната, како и пензиите. Воедно, просечната нето-плата за две години е зголемена за 19,6%. Во инфраструктурата се реализира инвестициски циклус вреден 10 милијарди евра во следните 10 години. Активно се работи на шест нови автопатски решенија, со цел нивно завршување до крајот на 2027 година. По 12 години изградба, автопатот Кичево–Охрид напредува со забрзана динамика, при што делницата Извор–Врбјани ќе биде пуштена во употреба до есенва, а ќе следува и делницата Врбјани–Ботун. Се подготвува и проектот Букојчани–Кичево вреден 220 милиони евра, а следната година започнува изградбата на делницата Блаце–Скопје вредна над 215 милиони евра. Во тек се и проекти за експресните патишта Радовиш–Струмица, Кочани–Виница–Делчево и Романовце–Страцин, додека автопатот Прилеп–Битола треба да биде завршен до септември 2027 година. Неделава, по четири децении чекање, беше пуштена во употреба новата болница во Струмица инвестиција во вредност од 280 милиони денари. Во образованието, за првпат по подолг период учебниците се обезбедуваат навреме за секое дете, за разлика од времето кога СДС беше власт. Буџетот за високото образование е зголемен од помалку од 3 милијарди денари во 2022 година, за време на СДС, за сега да биде на 8 милијарди денари во 2026 година. Буџетот за наука е зголемен од 380 милиони денари во 2024 година на 773 милиони денари во 2026 година. За студентите беа доделени 55.000 ваучери од по 250 евра за електронски уреди и секој еден студент имаше право на апликација за електронски уред, обезбедени се грантови од 10.000 евра за започнување сопствен бизнис и за млади земјоделци, проширен е опфатот на субвенционираниот студентски оброк и се реконструираат студентските домови. Со Оперативниот план од 2025 година, и мерката за самовработување се отворија над 2200 правни субјекти, што покажува дека мерката е успешно реализирана, а истото ќе продолжи и во 2026 година. Во земјоделството, за 2 години се исплатени околу 15 милијарди денари субвенции, што е за една милијарда денари повеќе отколку што претходната влада исплатила за 3 години. Владата активно работи и на дигиталната трансформација на државата. Со усвојувањето на Стратегијата СМАРТ МК 2030 се поставија темелите за модерна, дигитална и иновативна Македонија преку развој на ИКТ инфраструктурата, дигиталните вештини, електронските услуги и поддршката за иновации и вештачка интелигенција. Дополнително, со усогласувањето на домашното законодавство со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации, Македонија е подготвена за следната фаза од приклучувањето кон европскиот роаминг простор, што ќе овозможи услугата „Роаминг како дома“, да биде достапна и за македонските граѓани во земјите од Европската Унија, по цени исти како домашните. За речиси две години се реализирани над 2.000 проекти, мерки, инвестиции и програми, со јасна цел, економски развој, модерна инфраструктура и подобар животен стандард за граѓаните. се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter