СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
1СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
1Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
ЖивотРаперот кој се фалеше со милионите , е убиен , откако го измачувале разбојниците (ФОТО)Раперот кој споделуваше фотографии од својот раскошен животен стил со фановите на Инстаграм, е пронајден мртов откако бил измачуван од разбојниците, пренесува The Sun.Дејвид Мота, попознат како Мота Џуниор, е пронајден мртов откако неговото исчезнување беше пријавено пред повеќе од два месеци. Имаше 28 години. Португалскиот музичар исчезна на 15 март, а се верува дека во тоа време бил киднапиран пред семејниот дом. View this post on Instagram 🙏🏻 Boas entradas 🙏🏻 A post shared by 🔥 Mota Jr 🔥 Pai Da Baixada 🤡 (@officialmotajr) on Dec 31, 2017 at 10:47am PST Мајката на раперот, Филомена Мота, вели дека добила телефонски повик среде ноќ да се спушти на влезот. Се верува дека во тоа време бил киднапиран од страна на двајца вооружени лица со качулки. Говорејќи на ТВИ во април, Филомена рече дека добила повик од сосед во 2 часот наутро, прашувајќи ја дали нејзиниот син е во ред - и тогаш сфатила дека тој не е во неговата соба. Таа исто така рече дека нашла капа и влечки на нејзиниот син на влезот во зградата, како и дамки од крв во лифтот. View this post on Instagram 😎 Respeitem a GANG o CRIME e evitem falar de borla 😎 o que desejas para mim eu desejo te em dobro!! A post shared by 🔥 Mota Jr 🔥 Pai Da Baixada 🤡 (@officialmotajr) on Oct 5, 2019 at 6:52am PDT Филомена откри и дека ноќта на киднапирањето, таа одговорила на повикот од телефонот на нејзиниот син, од една девојка која тврдела дека влегувала во зградата со него кога двајца мажи впериле пиштол кон младичот и ја оддалечиле. Раперот беше познат и по објавувањето фотографии од накит, луксузни автомобили и банкноти од евра на социјалните медиуми. И покрај фалењето за неговиот „животен стил на милијардер“ на социјалните медиуми и во музичките видеа, се откри дека раперот воопшто не бил милијардер. View this post on Instagram 2019 já era .. 2020 é meu!! 🇵🇹🇦🇴🇨🇻🇧🇷🇪🇸🇫🇷🇬🇼🏴🇳🇱🇮🇹🇲🇦🏴🇬🇧 A fila anda ⁉️ e tu tas onde ⁉️ #novo #clip #brevemente #2020 #festa #quebrada #porto #dinheiro #pettybitches #qualitytime #lifestyle #mota #jr A post shared by 🔥 Mota Jr 🔥 Pai Da Baixada 🤡 (@officialmotajr) on Jan 8, 2020 at 4:00am PST Полицијата верува дека тој бил малтретиран од киднаперите бидејќи барале информации за тоа каде се наоѓа неговото скриено богатство и луксузни предмети. Тој, наводно, бил убиен од киднаперите - кои се вратиле следниот ден кога куќата била празна и ги искористиле неговите клучеви за да влезат и да го ограбат семејниот дом. View this post on Instagram Liga pa mim se o assunto for GUITA!! #porto #chelsea #Nike #hotel A post shared by 🔥 Mota Jr 🔥 Pai Da Baixada 🤡 (@officialmotajr) on Mar 11, 2018 at 3:46pm PDT Повеќе од два месеци откако бил пријавен за исчезнат, телото на 28-годишникот било пронајдено во пошумено подрачје, на околу 50 километри од неговиот дом. Полицијата започна истрага и го третира случајот како можно киднапирање и убиство. Раперот ја освои славата откако настапи со хитот Ca Bu Fla Ma Nau, со неговиот колега, хип-хоп уметник Пирук, кој е прегледан повеќе од 21 милион пати на YouTube. Мота Џуниор наводно тврдел дека Пирука му должел пари од песната, но Пирука тоа негира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со вакцина БСЖВо однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки на Министерството за здравство. Имајќи предвид дека станува збор за ист производител, веднаш е контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и се побарани информации за сериите на вакцини што се користат во нашата држава. Потенцираме дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза. Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, а во 2026 се евидентирани 12 нови случаи. Врз основа на наведеното, Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции. Воедно, потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината,стои во соопштението од Министерсвото за здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се соблече „српската Шакира“ „Српската Шакира“ се соблече во супер минијатурни бикини.Раперката Диа Костиќ важи за една од дамите со најатрактивна фигура насрпската јавна сцена, а сега се појавија и жешки фотографии од нејзиниот одмор. Атрактивната русокоса на фотките позира на тераса во минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата извајана фигура во прв план. Посебно внимание кај фановите предизвикал нејзиниот раскошен задникот, како и тесниот струк и долгите нозе. Диа позира пред луксузниот хотелски комплекс и базенот, а нејзиниот изглед дефинитивно не помина незабележано. Во опуштено издание, со брановидна руса коса и минимален накит, Костиќ уште еднаш покажа зошто привлекува големо внимание каде и да се појави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од ЕвропаАрамијата денеска седнува на извештај што сам не би го нарачал. „Македонија: излез од стапицата на среден доход“. Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија. БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот. Новите работни места се во ниска продуктивност и ниска плата. Дијаспората е над половина милион. Што ќе црта сега? Бајката „трети во Европа“, пропадна. Најбрз раст, падна. Пензии 16 пати повеке, падна. Фон дер Лајен му ја зеде лагата за идентитетот. Македонскиот јазик и културата се заштитени. Преспанскиот договор го нарече самиот ремек-дело. Сиљановска потврди дека идентитетот е заштитен. Тоа го зачува претходната влада. Не тој. Нема сега каде да бега. Веќе призна дека во буџетот фали милијарда евра. Потпиша нови 1,3 милијарди евра за нови долгови. За две години ги задолжи граѓаните за 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. Сега му треба алиби за избори. Не реформи. Излез. Затоа дефокус. Руска партија на далечински. Платформа за 1,6 милиони. Гета замина со 5,53 милиони народни. Нема друга бина. Мора да се обвини претходната влада. Народот не вели за џабе: лагите имаат кратки нозе. И кој лаже, тој и краде. Затоа бега од ЕУ. Затоа што бега од европско обвинителство и од Лаура Ковеши. Затоа се кара со Бугарија пред да се седне на разговор. Арамијата разговара. Не преговара. Изолацијата му одговара. Таа му носи слобода и луксуз. А авионот? Останаа ли пари во буџетот, или и тој ќе се црта на табла, да ни објасни како го болат колената од клечење. Нема бегање. Таблата е празна. Касата е празна. Време е арамијата да им положи сметка на граѓаните - за нивните пари и нивните интереси. Скопје, 06.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter